7 февруари
Од Википедија, слободна енциклопедија
Јан - Февруари - Мар | ||||||
п | в | с | ч | п | с | н |
1 | 2 | 3 | ||||
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | |
календар за 2008 г. Сите дати |
7 февруари е 38-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 327 денови до крајот на годината (328 во престапна).
Настани:
1947 | Велика Британија предложи план за поделба на Палестина на еврејски и арапски дел кои ќе бидат економски поврзани, а во Ерусалим да биде воведен меѓународен режим. Евреите го прифатија тој план, според кој добија своја национална држава, додека Арапите го отфрлија. Во 1948 година британските трупи се повлекоа од Палестина. Истиот ден, во Палестина беше прогласена еврејска независна држава Израел, која опфаќаше 77 отсто од подрачјето на историска Палестина. Еден ден потоа, арапските држави влегоа на поранешното британско подрачје, а судирите што избувнаа, Израел ги искористи за проширување на своите територии. Тоа беше почеток на низа вооружени израелско-арапски конфликти кои се претворија во војна. |
1965 | Силите на САД почнаа да го бомбардираат северниот дел на Виетнам. |
1991 | Свештеникот Жан Бертран Аристид е прогласен за претседател на Хаити, како прв демократски избран шеф на карипската држава. |
1992 | Министрите за надворешни работи на „европските дванаесетмина“ во Мастрихт, Холандија, потпишаа Спогодба (која стапи во сила на 1.11.1993 година) по која започна етапа на развојот на Европа и преобразба на дотогашната Европска заедница во Европска унија. |
1992 | Потпишан договорот од Мастрихт, со кој ЕЕЗ се реименува во Европска Унија. |
Родени:
1478 | Томас Мор, англиски хуманист, државник, писател на социјални, историски и на теолошки списи, родоначалник на утопискиот социјализам. |
1812 | Чарлс Дикенс, англиски писател, типичен претставник на реализмот во литературата. |
Починале:
1864 | Вук Стефановиќ Караџиќ, голем српски културен деец - лингвист, етнограф, историчар, собирач на народни умотворби и реформатор на српскиот литературен јазик. |
1876 | Партенија Зографски, прв македонски учебникар, филолог, фолклорист, еден од најистакнатите културни и црковни работници од 19 век во Македонија и прв македонски митрополит. |
1878 | Папата Пио Деветти чиј потификат траеше 31 година и 236 денови. |
1944 | Христијан Тодоровски - Карпош, народен херој на Македонија. |
1973 | Никола Мартиноски, македонски ликовен уметник, педагог и академик. |
1995 | Шишман Ангеловски, македонски драмски и телевизиски артист. |
1999 | Јорданскиот крал Хусеин кој владееше со Јордан од 1952 година. На престолот на блискоисточната земја го наследи неговиот син Абдула. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |