2 февруари
Од Википедија, слободна енциклопедија
Јан - Февруари - Мар | ||||||
п | в | с | ч | п | с | н |
1 | 2 | 3 | ||||
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | |
календар за 2008 г. Сите дати |
2 февруари е 33-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 332 денови до крајот на годината (333 во престапна).
Настани:
1535 | Основан е главниот град на Аргентина, Буенос Аирес. |
1848 | По двегодишна војна во градот Гваделупе Идалго е склучен мир меѓу Мексико и САД. Мексико беше поразен и на САД мораше да им ги предаде Тексас, Ново Мексико, Аризона и Калифорнија, како и надомест од 14 милиони долари. |
1932 | Во Женева почна Првата светска конференција за разоружување во чија работа учествуваа претставници на 61 земја. Користејќи ги несогласувањата меѓу поранешните победници, Германија на тој собир се залагаше за општо разоружување, но истовремено бараше право на еднаквост во вооружувањето. Неуспехот на Конференцијата беше и успех на империјалистичка Германија, бидејќи велесилите и ја признаа бараната еднаквост, што значеше дека има право повторно да се вооружува. |
1994 | Република Чешка дипломатски ја призна Република Македонија. |
1996 | Во Скопје е потпишан меморандум за отворање британски информативен центар. |
2007 | Марти Ахтисари го претставува својот предлог план за финалниот статус на Косово, со кој се предвидува независност на јужната српска покраина под меѓународен надзор. |
Родени:
1829 | Алфред Едмонд Брем, германски природонаучник и зоолог. |
1901 | Јаша Хајфец, руско-американски виолинист. |
Починале:
1826 | Жан Антелм Брија-Саварен, француски гастроном и писател. |
1907 | Дмитриј Иванович Менделеев, руски хемичар, еден од најпознатите научници од оваа област, татко на Периодниот систем на хемиските елементи. |
1950 | Џорџ Бернард Шо, еден од најголемите англиски писатели и драматичари од ирско потекло. |
1970 | Бертранд Расел, англиски филозоф. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |