9 февруари
Од Википедија, слободна енциклопедија
Јан - Февруари - Мар | ||||||
п | в | с | ч | п | с | н |
1 | 2 | 3 | ||||
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | |
календар за 2008 г. Сите дати |
9 февруари е 40-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 325 денови до крајот на годината (326 во престапна).
Настани:
1540 | Во местото Рудај Филдс, во близина на англискиот град Честер се одржа првата трка со коњи во светот. |
1849 | Италијанскиот револуционер Џузепе Мацини го прогласи Рим за Република. |
1861 | Џеферсон Дејвис е избран за претседател, а Александер Стивенс за потпретседател на Конфедералните американски држави (робовладетелски држави отцепени од САД). |
1922 | Признато му е авторското право на францускиот композитор [Пјер Дегејтер]] на музиката за пролетерската химна „Интернационала“. Дегејтер уште во 1888 година напиша музика за текст на пролетерскиот поет Ежен Потје и таа првпат беше изведена истата година спроти празникот на здруженијата на француските социјалистички новинари. При првото изведување случајно е изоставено името на композиторот, па Дегејтер подоцна со години залудно го докажуваше своето авторство. |
1923 | Формирана е советската државна воздухопловна компанија „Добролет“ која во 1932 година го промени името во „Аерофлот“. |
1943 | Втора Светска војна: Почна битката на Неретва, позната како Битка за ранетите, една од најзначајните битки во текот на НОВЈ против фашизмот. Битката траеше до 31 март истата година, а во неа беа спасени околу 3.500 ранети и префрлени на слободна територија. |
1945 | Научникот Селман Ваксман и неговиот студент Алберт Шац го открија антибиотикот стрептомицин наменет за болните од туберкулоза. Ваксман својот прв антибиотик го откри во 1940 година, но тој се покажал како токсичен по здравјето на луѓето. |
1962 | Јамајка стана независна држава во рамките на британскиот Комонвелт. |
1995 | Република Македонија и Република Индија воспоставија дипломатски односи. |
Родени:
1945 | Миа Фароу, американската актерка. |
Починале:
1881 | Фјодор Михајлович Достоевски, голем руски и светски писател. |
1993 | Мину Угриновска, актерка на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |