Јамајка
Од Википедија, слободна енциклопедија
Јамајка е остров во Карипското Море, лоциран јужно од Куба и западно од Хиспаниола. Главен град на државата е Кингстон.
Јамајка е татковина на реге музиката. По големина е трет остров на Антилите. Поголемиот дел од приходот го носат рудниците на боксит, рудите алуминиум, а и туризмот е мошне развиен.
- Површината на Јамајка изнесува 10. 990 км2.
- Бројот на жители е 2,400 000.
- Густина на населеност: 222 жители на км2
- Службен јазик: англиски
- Религии: христијани (60%); останати (40%);
[уреди] Државно уредување
Јамајка е парламентарна демократија, членка на Британскиот Комонвелт. Независност Јамајка стекнала на 6 август 1962 година од Велика Британија. Официјална валута која се користи е јамајканскиот долар.
[уреди] Историја
Првите луѓе, кои го населиле островот биле местните Индијанци Араваки. Кога Кристофер Колумбо ја посетил Јамајка во 1494 година, тој островот го објавил за шпанска територија и постепено местното население го претворил во робови. Во тоа време многу Африканци биле доведени како робови и сега повеќе од 90% од жителите имаат африканско потекло. Велика Британија ја зазела Јамајка во 1670 година и таа останала нејзина колонија се до 1962 година.