25 декември
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ное - Декември - Јан | ||||||
п | в | с | ч | п | с | н |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
29 | 30 | 31 | ||||
календар за 2008 г. Сите дати |
25 декември е 359-иот ден во годината според григоријанскиот календар (360-и во престапна година). Остануваат 6 денови до крајот на годината.
Настани:
1903 | Во Софија излезе од печат книгата „За македонцките работи“ од македонскиот револуционер, публицист и лингвист Крсте Петков Мисирков. Во неа Мисирков ја истакнува и ја заштитува националната индивидуалност на македонскиот народ и неговото право на самостоен културен и национален развој. На едно место во книгата пишува: „Македонците, како посебен словенски народ, што низ вековите ја делел судбината заедно со соседните словенски и несловенски народи, си имаат сопствена национална историја и култура“. |
1971 | Шведскиот физичар Андерс Целзиус ја објавува 100-степената скала за мерење на температурата. |
1991 | Михаил Горбачов поднесува оставка на местото претседател на СССР, и должноста му ја предава на Борис Елцин. |
1995 | На парламентарните избори во Турција, победија исламистите од РЕФАХ (конзервативно - исламистичката партија за просперитет), на чело со лидерот на партијата Неџмедин Ербакан. |
1997 | На Куба за прв пат после три децении јавно е прославен Божиќ, а претседателот Фидел Кастро го прогласил тој ден за празник во чест на папата кој во јануари 1998 ја посетил Куба. |
Родени:
1642 | Исак Њутн, англиски физичар, астроном и математичар. |
1920 | Јован Бошковски, македонски писател, книжевен и филмски критичар, преведувач и сценарист. |
1954 | Ени Ленокс, шкотска рок пеачка на групата Јуритмикс. |
1971 | Дајдо, светски позната пејачка. |
Починале:
1938 | Карел Чапек, чешки писател. |
1977 | Чарли Чаплин, најголем артист на немиот филм. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |