6 мај
Од Википедија, слободна енциклопедија
Апр - Мај - Јун | ||||||
п | в | с | ч | п | с | н |
1 | 2 | 3 | 4 | |||
5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | |
календар за 2008 г. Сите дати |
6 мај е 126-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (127-и во престапна година). Остануваат 239 денови до крајот на годината.
Настани:
1682 | Луј XIV го преселил својот двор од Лувр во новиот замок Версај. |
1889 | Во Париз официјално е отворена Ајфеловата кула во рамките на Универзалната изложба од 1889. Конструктор на кулата е инженерот Густав Ајфел. Кулата е поставена во парискиот парк Шан де Марс и е висока 320 метри. |
1937 | Цепелинот Хинденберг се запалил и изгорел при слетувањето во близина на Њу Јорк при што загинале 36 луѓе. Оваа несреќа го означила крајот на цепелинот како редовно воздушно превозно средство. |
1991 | Во Сплит е убиен Сашко Гешовски, прва македонска жртва во конфликтот во поранешна СФРЈ. Тој ден Гешовски бил на должност стражар во командата на воено-поморската област во Сплит каде на протести излегле околу 30.000 демонстранти. |
1994 | Во Мексико на Генералното собрание на Светската организација за нумерирање на артиклите (ЕАН), како редовен член е примена и македонската организација ЕАН-МАК. |
1994 | Кралицата Елизабета II и претседателот Франсоа Митеран свечено го отвориле тунелот под Ла Манш, железничка врска помеѓу Обединетото Кралство и Франција. |
2007 | Претседателски избори во Франција: Николас Саркози е избран за претседател на Франција. |
Родени:
1848 | Васил Апостолов Икономов, македонски учител, фолклорист, етнограф, печатар, преведувач и калиограф. |
1856 | Сигмунд Фројд, австриски научник, основач на психоанализата. |
1868 | Николај II, руски цар (убиен 1918.). |
1953 | Тони Блер, британски политичар. |
1954 | Дора Бакојани, грчка јавна личност. |
Починале:
1949 | Морис Метрлинк, белгиски писател од фламанско потекло. |
1992 | Марлен Дитрих, прочуена американска филмска актерка од германско потекло. |
1993 | Велко Силјаноски, редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје, основоположник на дисциплината фонетика на англиски јазик. |
Празници:
* | Ѓурѓовден, денот кога во 303 година според традицијата е погубен Светиот великомаченик Георгиј. |
* | Ерделез, традиционален празник на Ромите. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |