7 мај
Од Википедија, слободна енциклопедија
Апр - Мај - Јун | ||||||
п | в | с | ч | п | с | н |
1 | 2 | 3 | 4 | |||
5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | |
календар за 2008 г. Сите дати |
7 мај е 127-иот ден во годината според григоријанскиот календар (128-и во престапна година). Остануваат 238 денови до крајот на годината.
Настани:
1755 | На иницијатива на големиот руски научник Михаил Василевич Ломоносов е отворен Московскиот универзитет, кој првобитно имаше само филозофски, правен и медицински факултет. Универзитетот набргу стана центар на руската наука. |
1838 | Луј Дагер, француски сликар го откри методот на механичко сликање, односно ја пронајде фотографијата. |
1929 | За првпат е доделена наградата „Оскар“, што секоја година ја доделува Академијата за филмска уметност и наука во Холивуд, САД, за најдобар американски филм, за најдобра машка и женска улога, за режија, сценарио и друго. |
1939 | Втора Светска војна: Германија и Италија склучија пакт, познат како „Оска Берлин - Рим“. |
1993 | Со одлука на Владата на Република Македонија од 20 април 1993 година, 7 мај е востановен како Ден на македонската полиција, а по повод истиот ден во 1903 година, кога на Смилевскиот конгрес на ТМОРО е извршена реорганизација на власта и безбедноста. |
1999 | Бомбардирана Кинеската амбасада во Белград, во текот на воздушната кампања на НАТО против СР Југославија. Во инцидентот загинаа тројца кинески дипломати, а настанот предизвика гнев кај раководството на НР Кина. Официјалниот став на НАТО алијансата беше дека се работи за грешка. |
Родени:
1833 | Јоханес Брамс, германски композитор, еден од најзначајните романтичари и мајстор на соло песната. |
1840 | Петар Илич Чајковски, најистакнат руски композитор и еден од најголемите симфоничари на 19-от век. |
1861 | Рабиндранат Тагоре, индиски поет и философ. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |