9 октомври
Од Википедија, слободна енциклопедија
9 октомври е 282-иот ден во годината според григоријанскиот календар (283-и во престапна година). Остануваат 83 денови до крајот на годината. Шаблон:Октомври 2008
Настани:
1000 | Леиф Ериксон го открива Винланд и станува првиот познат европјанец во Северна Америка. |
1595 | Шпанската армија го завзема Камбраи. |
1604 | Супернова 1604, најскорешната супернова набљудувана во Млечниот Пат. |
1876 | Британскиот физичар, пронаоѓач на телефонот и учител на говорот на глувите Грахам Бел (1847-1922), кој подолго време живееше во САД, ја воспостави првата меѓународна телефонска врска меѓу Бостон и Кембриџ. |
1967 | Во Собранието на СР Македонија, под претседателство на д-р Милан Бартош, е одржана седница на Матичната комисија за формирање на Македонската академија на науките и уметностите, на која е извршено конституирање на МАНУ. |
1975 | На советскиот физичар Андреј Сахаров му е доделена Нобеловата награда за мир поради неговите „бестрашни напори за мир во светот и правдата за сите во светот“, се вели во образложението на Норвешкиот комитет за Нобеловата награда. |
1995 | Собранието на Република Македонија ја ратификува Привремената согласност меѓу Македонија и Грција. |
Родени:
1547 | Мигуел де Сервантес, прочуен шпански писател, автор на првиот реалистички роман во шпанската литература, ненадминливиот „Дон Кихот“. |
1757 | Крал Чарлс X на Франција. |
1854 | Михајло Пупин, научник од светски глас. Со своите пронајдоци во областа на електрониката, жичната и безжичната телеграфија, стана познат во целиот свет. |
1894 | Владимир Мошин, еден од најголемите проучувачи и познавачи на македонската средновековна уметност и култура. |
1938 | Хеинц Фишер, австриски политичар. |
1973 | Тери Балсамо, американски гитарист |
- 1940 - Џон Ленон, британски музичар
- 1946 - Тансу Чилер, турски премиер
- 1966 - Дејвид Камерон, британски политичар
- 1975 - Марк Видука, австралиски фудбалер
Починале:
1047 | Папата Клемент II |
1569 | Владимир оф Старица, руски принц |
1934 | Крал Александар I на Југославија (убиен) |
1956 | Марие Доро, американска актерка |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |