Австрија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Химна: Land der Berge, Land am Strome | |
Главен град | Виена |
Најголем град | Виена |
Службен јазик | германски1 |
- Претседател | Хаинц Фишер |
- Премиер | Алфред Гусенбауер |
{{{независност тип}}} | 27 мај 1955 |
Површина | |
- Вкупно | 83,871,1 km² (112.) |
- Вода (%) | 1,3&% |
Население | |
- 2006 | 8,280,703 (90.) |
- Густина | 98,7/km2/km² |
БДП (ПКС) | 2005 приб. |
- Вкупно | $275 милијарди (34.) |
- По глава на жител | $33 615 (8.) |
Валута | Евро (ЕУР) (EUR ) |
Временска зона | UTC +1 до +2 (летно време) |
Интернет домен | .at |
Повикувачки број | +43 |
'Австрија'Република Австрија (германски: Republik Österreich) е земја во Централна Европа, без излез на море. Се состои од 9 сојузни држави. Се граничи со Германија и Чешка на север, Словачка и Унгарија на исток, Италија и Словенија на југ, и Швајцарија и Лихтенштајн на запад. Во овие граници зафаќа површина од 84000 км2 и на тој простор живеат над 8 милиони жители. Главниот град на Австрија е Виена.
Австрија е планинска земја. Најголем простор од нејзината територија зафаќаат Алпите. Тие се делат на Салцбуршки во северниот дел, во средишниот Таври, а на југ Карнишкорушки Алпи. Во западниот дел на Австрија Алпите се високи, а во источниот дел тие се пониски и со своите падини постепено се спуштаат до Панонската Низина. Алпите се богати со шуми и пространи пасишта. Во Австрија климата е умерено-континентална, континентална и планинска. Најголемо сообраќајно значење за Австрија има реката Дунав. Преку неа Австрија се поврзува со сите подунавски земји. Други поголеми реки се Драва и Мура. Австрија е предимено населена со Австријци. Тоа е народ од германската група народи. Освен нив, живеат Чеси и Унгарци, а во областа Корушка и Штаерска живеат голем број Словенци и Хрвати. По своето државно уредување Австрија е Република, а нејзин главен град е Виена. Австрија од рудното богатство има железна, олово-цинкова руда, камен јаглен, нафта и друго. Австрија е високоразвиена индустриска и земјоделска земја.
|
Австрија • Белгија • Бугарија • Германија • Грција • Данска • Естонија • Ирска • Италија • Кипар • Латвија • Литванија • Луксембург • Малта • Обединето Кралство • Полска • Португалија • Романија • Словачка • Словенија • Унгарија • Финска • Франција • Холандија • Чешка • Шпанија • Шведска
Земји кандидати во преговори: Турција • Хрватска Земја кандидат: Македонија Потенцијални земји кандидати: Албанија • Босна и Херцеговина • Србија • Црна Гора