3 ноември
Од Википедија, слободна енциклопедија
Шаблон:Ноември 2008 3 ноември е 307-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (308-и во престапна година). Остануваат 58 денови до крајот на годината.
Настани:
1918 | Во Падова, Италија, Австро-Унгарија војска потпиша капитулација, со што практично се распадна Аввстро-Унгарија монархија. |
1944 | На предлог на Поверенството за просвета, Президиумот на АСНОМ донесе решение за отворање на гимназии во градовите: Скопје, Битола, Штип, Куманово, Прилеп, Струмица, Тетово, Велес и Охрид. |
1951 | Со посебна уредба на владата на НР Македонија е формиран Отсекот за правни науки при Правно-економскиот факултет во Скопје. На 1.07.1956 година Отсекот за правни науки се одвои како посебна високообразовна институција. |
1992 | Генералниот конзул на Сојузна Република Германија во Скопје, господин Ханс Лотар Штепан, преку Министерството за односи со странство, ја извести Владата на Република Македонија, дека позитивно го решила нејзиното барање за отворање на Генерален конзулат на РМ во Бон. |
1993 | Република Македонија доби статус на набљудувач во ГАТТ - Меѓународен договор за трговија и царински тарифи. |
2004 | Републиканецот Џорџ Буш, по втор пат е избран за претседател на САД. Џорџ Буш, кој е 43-тиот американски претседател, на должноста стапи на 20 јануари 2001 година. Буш е син на Џорџ Буш постариот, кој беше претседател на САД од 1989 до 1993 година. |
- 1903 - Со поддршка на САД, Панама се прогласува себеси за независна од Колумбија.
- 1944 - ослободување на Прилеп од фашистичките окупатори.
- 1944 - Во селото Горно Врановци, е донесена одлука за основање на Школата за народни учители во Скопје.
Починале:
1954 | Анри Матис, француски сликар и вајар. |
1988 | Круме Кепески, македонски педагог, лингвист, преведувач, собирач на македонски народни умотворби, граматичар, автор на првата Македонска граматика. |
1989 | Никола Солдатов, познат македонски новинар. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |