2 октомври
Од Википедија, слободна енциклопедија
2 октомври е 275-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (276-и во престапна година). Остануваат 90 денови до крајот на годината. Шаблон:Октомври 2008
Настани:
1187 | Саладин го освојува Ерусалим по 88 годишно владеење на Крстоносците. |
1608 | Пред Државниот совет во Хаг, холандскиот оптичар Ханс Либертеј го демонстрира првиот употреблив дурбин. Познатиот Галилеј првиот дурбин го употреби кон ѕвезденото небо, а Коперник и Њутн го усовршија толку многу што тој стана незаменлив инструмент во науката. |
1935 | Расистичка Италија ја нападна Етиопија, една од ретките независни држави во Африка. |
1944 | Нацистите го загушуваат Варшавското Востание. |
1990 | Киднапираниот кинески Боинг 737, слетувајќи на кантонскиот аеродром, се урива во два други авиона, убивајќи 132 лица |
1991 | Сите странски средства за информирање оценуваат дека „Белград почна нова воена офанзива“ и Југославија повторно е на работ на општа граѓанска војна. |
1992 | Во Рим, пред италијанскиот Парламент познат под името Монтециторио се одржаа протестни манифестации во полза на признавањето на Република Македонија. |
Родени:
1847 | Паул фон Хинденбург, германски офицер и политичар |
1869 | Махатма Ганди, познат индиски национален водач, хуманист и политичар кој се бореше за помирување и соработка меѓу Индијците со индуистичка и муслиманска вера. |
1904 | Греам Грин, британски писател |
1913 | Карл Милер, германски фудбалер |
1935 | Омар Сивори, аргентински фудбалер |
1951 | Стинг, британски музичар и актер |
Починале:
1629 | Антонио Цифра, италијански композитор |
1850 | Сара Бифен, англиски уметник |
1962 | Борис Ј. Букреев, руски математичар |
1973 | Пааво Нурми, фински атлетичар |
1985 | Рок Хадсон, еден од најпознатите холивудски артисти. |
2001 | Франц Биебл, германски композитор |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |