14 март
Од Википедија, слободна енциклопедија
Фев - Март - Апр | ||||||
п | в | с | ч | п | с | н |
1 | 2 | |||||
3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | ||||||
календар за 2008 г. Сите дати |
14 март е 73-иот ден во годината според григоријанскиот календар (74-и во престапна година). Остануваат 292 денови до крајот на годината.
Настани:
1844 | Карлос Антонио Лопес е прогласен за прв уставен претседател на Парагвај. |
1891 | Подморницата „Монарх“ постави телефонски кабел под Ламанш, што овозможи телефонска врска меѓу Велика Британија и другите држави од Европа. |
1944 | Иницијативниот одбор на АСНОМ упати писмо до [[Народно Ослободителни Одбори во Македонија|НО одбори во Македонија\\ во кое ја изнесува одлуката на Второто заседание на АВНОЈ, со која Македонија е призната за рамноправна федерална единица. Потоа, ја објаснува постапката за избирање легални и нелегални, општински, околиски и окружни НО одбори и делегати за Првото заседание на АСНОМ. |
1945 | По многу тешки борби американските десантни единици го освоија малиот остров на Пацификот, Иво Џима, важна стратегиска точка за бомбардерските напади врз Јапонија. |
1965 | Владата на Израел го прифати барањето на Бон за воспоставување дипломатски односи со Западна Германија. |
1995 | Астронаутот Норман Тагард стана првиот Американец кој полета во вселената со руска ракета, лансирана од космодромот во Бајконур. |
1996 | Република Македонија и Република Литванија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори. |
Родени:
1820 | Виторио Емануел Втори, италијанскиот крал, прв монарх на обединета Италија. |
1879 | Алберт Ајнштајн, физичар, најистакнат теоретичар на новата епоха во физиката. |
Починале:
1883 | Карл Маркс, германски политички филозоф. |
1912 | Петар Лебедев, истакнат руски научник, физичар. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |