27 март
Од Википедија, слободна енциклопедија
Фев - Март - Апр | ||||||
п | в | с | ч | п | с | н |
1 | 2 | |||||
3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | ||||||
календар за 2008 г. Сите дати |
27 март е 86-иот ден во годината според григоријанскиот календар (87-и во престапна година). Остануваат 279 денови до крајот на годината.
Настани:
1968 | При еден пробен лет со авион загина Јуриј Гагарин, првиот човек кој полета со космички брод во вселената, херој на Советскиот Сојуз. На 12.04.1961 година, со космичкиот брод „Восток“ ја обиколи Земјата за 108 минути, летајќи на височина помеѓу 181 и 327 километри. По поминатите 41.000 километри, успешно се спушти на Земјата. |
1977 | Во Санта Круз, на Канарските Острови, во Атлантскиот Океан, се случи најтешката авионска несреќа во историјата на цивилното воздухопловство. Во судирот на два авиони „џамбо џет“ на Американската авиокомпанија и на Холандското кралско воздухопловство загинаа околу 580 патници. |
1999 | Над територијата на СР Југославија е соборен американски стелт бомбардер од типот F-117. Ова е единствен случај бомбардер од овој тип да е соборен од непријателски оган откако претходно е детектиран со помош на нискофреквентен радар. |
Родени:
1845 | Вилхелм Конрад Рентген, германски физичар, професор на неколку универзитети во Германија. |
1963 | Квентин Тарантино, американски режисер. |
Починале:
2006 | Станислав Лем, полски писател на научна фантастика. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |