Црна Гора
Од Википедија, слободна енциклопедија
Црна Гора Crna Gora |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Мото: Човештво и храброст Čojstvo i Junaštvo |
||||||
Химна: Ој, свијетла мајска зоро О, светла мајска зоро |
||||||
Црна Гора на картата на Европа
|
||||||
Главен град (и најголем град) |
Подгорица1 |
|||||
Официјални јазици | црногорски2 српски, босански, албански и хрватски |
|||||
Демоним | Црногорец, Црногорка | |||||
Облик на управување | Република | |||||
Независност | Распаѓање на сојузот со Србија на 21 мај 2006 година | |||||
- | Вода (%) | 1,5 | ||||
Население | ||||||
- | јули 2007 проценка | 684 736[1] (160.) | ||||
- | 2003 попис | 620 145 | ||||
БДП (ПКМ) | 2006 проценка | |||||
- | Вкупен | $3,443 милијарди | ||||
- | На жител | $5,028 | ||||
БДП (номинален) | 2006 проценка | |||||
- | Вкупен | $2,27 милијарди | ||||
- | На жител | $3,315 | ||||
ИЧР (2004) | 0,788[2] (средна) (72.) | |||||
Валута | Евро3 (EUR ) |
|||||
Часова зона | CET (UTC+1) | |||||
- | Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||||
Интернет домен | .me (.yu)4 | |||||
Повикувачки број | +382 | |||||
1 Престолнината и поранешниот главен град на Црна Гора е Слика:Grb-Cetinja.gifЦетиње. 2 Сметан за дијалект на српскиот јазик. 3 Прифатена само еднострано. Црна Гора не е формална членка на Еврозоната. 4 .me влезе во употреба од септември 2007. Суфиксот .yu |
Република Црна Гора е мала, планинска држава на Балканот, на Јадранско Море. Според нејзиниот устав таа е демократска, социјална и еколошка држава. Црна Гора, просторно и по бројот на жители најмала република од поранешна СФРЈ, географски припаѓа на среден Медитеран, односно Јужна Европа. Се простира на речиси 14.000 километри и според податоците од 1998 години во неа живеат повеќе од 650.000 жители.
Со Уставот на Црна Гора од 1992 година Цетиње е прогласено за престолнина, а Подгорица за главен град.
На југоисток Црна Гора се граничи со Албанија, на југ од Италија ја дели Јадранското Море, а на запад соседи и се поранешните југословенски републики Хрватска и Босна.
Повеќе векови Црна Гора била де факто независно кнежество владеена од повеќе династии. Републиката се здобива и со де јуре меѓународно признавање на нејзината независност, по Источната Криза (1875 - 1878), на Берлинскиот Конгрес. На 28 август 1910, црногорскиот кнез Никола Петровиќ Његош се прогласува за крал.
После Првата светска војна Црна гора станува дел од Кралството на сбри, хрвати и словенци (од 1928 - Југославија). Помеѓу 1945 и 2003 Црна Гора е република на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Сојузна Република Југославија, респективно, а од 2003 до 2006, составен дел од Србија и Црна Гора. По одржаниот референдум на 21 мај 2006 година и по мнозинското изјаснување за независност, Црна Гора на 3 јуни ја обнови својата независност. Според официјалните податоци вкупно 55,5% од граѓаните со право на глас, гласале за независнот од постоечката државна заедница.
Земјата граничи со Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина (Република Српска) и Албанија и српската покраина Косово.
Поголеми градови во Црна Гора се: главниот град Подгорица (139.100 жители), Никшиќ (61.700), Плевља (18.800) и Бијело Поле (17.100). Поранешниот кралски главен град е Цетиње.
[уреди] Етнички состав
- 40,64% Црногорци,
- 30% Срби,
- 9,41% Бошњаци,
- 7,09% Албанци,
- 4,27% муслимани,
- 1,05% Хрвати и
- 0,43% Роми.
[уреди] Вероисповед
- 69,1% православни,
- 19,1% се припадници на исламската вера,
- 4,4% се католици и
- останати - 7,4%.
[уреди] Надворешни врски
|