Web - Amazon

We provide Linux to the World

ON AMAZON:


We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Евро - Википедија

Евро

Од Википедија, слободна енциклопедија

Животот во ЕУ
Flag of the European Union

  • Војска
  • Географија
  • Демографија
  • Државјанство
  • Евро
  • Економија
  • Историја
  • Јазици
  • Култура
  • Надворешни
    односи
  • Образование
  • Политика
  • Проширување
  • Спорт
  • Статистики

Содржина

[уреди] Официјална валута

Европските банкноти
Европските банкноти

Еврото (банкарски код EUR, симбол ) е официјална валута на 13 од 25 земји членки на Европската Унија: Австрија, Белгија, Германија, Грција, Ирска, Италија, Луксембург, Португалија, Финска, Франција, Холандија, Словенија(од 2001 година) и Шпанија, заеднички познати како Еврозона. Еврото исто така, со еднострана одлука е валута во Андора, Косово и Црна Гора, кои извршија еднострана евризација.

Данска и Велика Британија го искористиле правото за останување надвор од еврозоната, а Грција(порано) и Шведска формално не ги задоволувале критериумите од мастричката конференција. Подоцна Грција ги задоволила споменатите критериуми и во еврозоната влегла 2001 година а додека Шведска и понатаму е надвор од Еврозоната, во прв план затоа што нејзините граѓани два пати на референдумот се изјасниле против воведувањето на еврото како национална валута на Шведска.

[уреди] Историја

За воведување на европската валута се биле потребни неколку десетилетија подготовка, но почетокот може да се каже дека е потпишувањето на Римскиот договор во 1957 година, со кој се создава Европска економска општественост. Основите пак, на економскиот, валутниот и политичкиот сојуз се поставуваат со потпишувањето на Мастритскиот договор од 1992 година, а заедно со тоа се создава и единична европска валута. Во текот на 1995 година, на Европскиот совет кој се одржал во Мадрид, државите членки го назначиле еднодушно еврото како идна европска валута.

Европските монети
Европските монети

Еврото беше воведено на финансиските пазари на 1 јануари 1999 година, а беше пуштено во оптек на 1 јануари 2002. Негов претходник беше екито.

[уреди] Мастрчки критериуми

Сите членови на Европската Унија множат да го прифатат еврото како своја национална валута доколку ги исполнуваат следните критериуми:

стабилност на цената

финансиската положба во јавните сектори (финансискиот дефицит мора да биде помал од 3% БДП-а)

висока стабилност на домашната валута

конвергенција на просечната домашна камата во однос на просек три земји членки со најмали камати

правни прописи со финансиските институции кој ја гарантираат независноста на националната централна банка и нејзината прилагоденост со условите на работа со Европските централни банки.

реална конвергенција на националната економија

[уреди] Употреба и регулирање

Еврото е парична единица која е раководена од страна на Европската Централна банка(ECB) која се наоѓа во Франкфурт и европскиот систем од централни банки (ESCB) во која спаѓаат народните банки на сите членови на Европската Унија. Како независна банка, ECB ја има власта да ја определи паричната политика на унијата. Таа учествува во печатењето на парите, нивното распространување во сите држави-членки, како и во работата на системот за плаќање во еврозоната.

Европската кула во Франкфурт
Европската кула во Франкфурт

Еврото е официјална валута на 13 од 25 земји. Еврото се користи како официална валута и во Монако, Сан Марино и Ватикан, и покрај тоа што овие држави не се членови на Европската Унија. Пред воведувањето на европската валута, овие држави го користеле францускиот франк или италијанската лира, но по нивното уништување тие го примиле еврото како национална валута.

Овие држави се лицензирани од Европската банка да издаваат сопствени монети и покрај тоа што тие не се членови на Европската Унија. Друѓи држави кои не се дел од сојузот, а го користат еврото како платржно средство се Андора, Црна Гора и покраината Косово.


[уреди] Банкноти и монети

Еврото е разделено на 100 центи(понекогаш се нарекува евроценти). Сите распространети евро-монети на својата позадина имаат своја општа големина со определена ознака, а на другата е покажана некоја слика кое обично се избира од државата која монетата ја пушта во промет. Една евромонета произвдена во една држава може да се користи во која и да е друга држава која како национална валута го користи еврото. Евро монетитекои се користат во земјите кои го користат еврото се: €2(две евра), €1(едно евро), 50c(педесет центи), 20c(дваесет центи), 10c(десет центи), 5c(пет центи). Монетите од 1 и 2 цента не се користат во Финска и Холандија .

Знакот на еврото
Знакот на еврото

Сите евро банкноти имаат на своите страни некоја ценетост за секоја држава во зависност од тоа кој ја пушта во оптек. Обично украсот на банкнотата има нормална тема за европската архитектура во различни уметнички периоди. Истотака постојат банкноти и од 500€, 200€, 100€, 50€, 20€, 10€, 5€. Во некои држави банкноти од €500 не се издаваат, но остануваат официално платежно средство.

Еврото има еднаква форма во сите држави и не се одликуваат со различни национални симболи. На “лицевата“ страна на банкнотите има слика на врата или прозорец, кои го симболизираат духот на заедништвото и отворот на Европа кон светот. На обратната страна е насликан мост - симбол на врските помеѓу народот во унијата, како и останатиот свет. Заедно со тоа са изпишани името на еврото и на Европската банка на сите јазици на државите од Еврозоната. (EURO и EYPΩ со латински и грчки букви, како и BCE, ECB, EZB, EKT, EKP - кратеница на Европската банка на 11 јазика). Карактеристично за бакнотите е, дека архитектурниот стил на сликите кои се изобразени врз банкнотите се променува од класичната епоха(€5), во текот на средновековието (€10, €20), ренесансата и барокот (€50, €100) до современата архитектура (€500) со зголемување на номиналната вредност.

[уреди] Специјален знак за европска валута

Тој беше замислен со големо проучување и иследување на граѓаните на Европската унија, при што од оригиналните десет биле многу бргу елиминирани осум предлози. Тогаш, Европската комисија го избра финалниот крај. Победничкиот предлoг беше избран на белгиецот Алаин Билиет. Официалната историја на историјата за цртеж на европскиот знак не била прифатена од Артур Есенменг, понарешен шеф, и графичен дизајнер за европската заедница, кој тврди дека симболот го направил четврт век претходно, се со цел да биде општо прифатен за цела Европа.

[уреди] Корисници

На крајот на 2006 година, 11 нови членки на Европската унија кои користат свои сопствени валути, постигнаа договор за присоединување кон еврото. Ова се нивните договори за користење на европската валута:

• 1 Јануари 2008- Кипар и Малта

• 1 Јануари 2009 –Словачка

• 1 Јануари 2010 - Естонија, Литванија и Бугарија

• 1 Јануари 2012 или подоцна за Унгарија, Латвија, Полска, Чешка и Романија

Поради големата инфлација која ги зафати Литва и Естонија, тие го одложија присоединувањето кон еврото на 1 јануари 2007 година. Некои од нивните сопствени валути едноставно немале можност со урамнотежување со еврото.


[уреди] Еврото и доларот

Со воведувањето на еврото, курсот спрема доларот се промени многукратно. На 1 јануари 1999 година едно евро се разменувало за 1,18 USD, но уште со воведувањето на еврото цената му цената започнала да се намалува. Некои евро-скептици гледале во оваа намалување знак за големо провалување на општата европска валута и го примале како доказ за погрешната монетарна политика на Европската унија. На 26 октомври 2000 година, цената на еврото достигнала најниска вредност и се разменувала за 0,8252 USD. По оваа дата курсот на еврото започнува да се зголемува, кое било примано като знак за оптимизам на еврото.

Курсот на доларот спрема еврото
Курсот на доларот спрема еврото

Во почетокот на 2001 година достигнало до цена 0,96 USD. По неколку колебања курсот на еврото започнал многу да се зголемува во сооднос со долароти на јули 2002 година, едно евро се разменувало за еден долар. На 23 мај 2003 година, европската валута ја променила својата вредност од воведувањето и на 28 декември 2004 година достигнала најголема вредност во историјата си до ден денес од 1,3633 USD.

Трајното зголемување на цената на еврото започнува брзо по појавата на евро банкноти и монети на пазарот. Нискиот курс на еврото во периодот помеѓу 1999 и 2002 година се должи на недоверието на паричната единица, која не претставувала "реална" форма, и стравот дека проектот за една општа валута може да не е и колку добра идеја .

Друг фактор за намалувањето на курсот на еврото во тој период е фактот, дека многу народни банки продавале голем дел од резервите си во европска национална валута по нивните фиксирани курсеви помеѓу нив.



edit this box
Европски валути
Еврозона Евро
Нордиски земји Данска круна | Фарска круна | Исландска круна | Норвешка круна | Шведска круна
Балтик Естонски крун | Латвијски лац | Литвански литас
Западни Швајцарски франк | Фунта стерлинг | Гвернзиска фунта | Манска фунта | Џерсиска фунта
Централни Чешка коруна | Унгарски форинт | Полски злоти | Словачка коруна | Словенечки толар
Источни Белоруска рубља | Молдавски леу | Руска рубља | Придњестарска рубља | Украинска хривна
Југоисточни Албански лек | Бугарски лев | Босанска конвертибилна марка | Хрватска куна | Македонски денар | Романски леу | Српски динар
Медитеран Кипарска фунта | Гибралтарска фунта | Малтешка лира | Турска нова лира
Транскавказија Ерменски драм | Азербејџански манат | Грузиски лари

Static Wikipedia 2008 (March - no images)

aa - ab - als - am - an - ang - ar - arc - as - bar - bat_smg - bi - bug - bxr - cho - co - cr - csb - cv - cy - eo - es - et - eu - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - frp - fur - fy - ga - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - jbo - jv - ka - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - ms - mt - mus - my - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nn - -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -
https://www.classicistranieri.it - https://www.ebooksgratis.com - https://www.gutenbergaustralia.com - https://www.englishwikipedia.com - https://www.wikipediazim.com - https://www.wikisourcezim.com - https://www.projectgutenberg.net - https://www.projectgutenberg.es - https://www.radioascolto.com - https://www.debitoformativo.it - https://www.wikipediaforschools.org - https://www.projectgutenbergzim.com