Димитрија Чуповски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Димитрија Чуповски | |
македонски национален деец и борец | |
Роден | 8 ноември, 1878 Папрадиште (Велешко), Република Македонија |
---|---|
Починал | 29 октомври, 1940 Ленинград (дн. Санкт Петербург), СССР (дн. Русија) |
Димитрија Чуповски (познат и како Димитрија Димов Чуповски и Димитрија Павле Чуповски) еден од најистакнатите и најдоследни организатори и афирматори на македонската национална мисла, општественик, револуционер, политичар, дипломат, публицист, научник, издавач, историчар, картограф и филолог.
Димитрија Чуповски е македонски национален деец и борец, силен заштитник и бранител на македонската национална самобитност и посебност, а по поделбата на Македонија во 1913 година, силно се залагал за нејзино обединување и конституирање како национална држава на македонскиот народ.
Содржина |
[уреди] Рани години
Димитрија Чуповски е роден на 8 ноември 1878 година во велешкото село Папрадиште. Роден е како посмртче, откако неговиот татко бил убиен од страна на албански платеници. Кога имал десет години неговото родно село било изгорено од албански качаци и семејството му се сели во Крушево, родното место на неговата мајка. Откако го научил молерскиот занает, тој и неговите браќа заминуваат на печалба во Софија.
Во престолнината на штотуку создадената бугарска држава, Димитрија дење работел, а ноќе го посетувал училиштето што било организирано за Македоците од страна на Даме Груев, Петар Поп Арсов и други будни македонски студенти. Така, покрај образованието, Димитрија имал можност да навлезе подлабоко и во македонското ослободително движење, со што бил зацртан неговиот иден животен пат.
Подоцна Чуповски своето образование го продолжил во Србија и Русија.
Чуповски беше иницијатор и прв претседател на Славјанско-македонското научно литературно друштво, основано во Петроград во 1902 година. Го основа и Национално-просветното (1912) и Руско-македонското друштво (1914) во Петроград, а во периодот од 1912 до 1915 година на руски јазик го издаваше списанието „Македонски голос“ (Македонскiи голосъ).
[уреди] Научно-литературна дејност
Во Русија тој го формира “Македонското научно - литературно другарство во Петербург“, предвесникот на денешната Македонска академија на науките и уметностите. Другарство развива широка мрежа од активности, пред се за запознавање на руската и пошироката европска јавност со вистинските состојби во кои се наоѓале Македонија и Македонците во тоа време.
Димитрија Чуповски почина во Ленинград (Санкт Петербург), на 29 октомври 1940 година. По половина век, во 1990 г., неговите посмртни остатоци беа пренесени во Скопје.
[уреди] Делото на Чуповски
Димитрија Чуповски ќе остане забележен во историјата како еден од најголемите борци за самобитноста на македонскиот народ како и за обединувањето на Македонија и нејзино конституирање во национална држава на македонскиот народ, за што со неговите соработници испратиле повеќе меморандуми до европските дипломати на Париската мировна конференција, а учествувале и на сесловенските конгреси во одбрана на правото на самоопределба Македонците и нивната татковина.