4 ноември
Од Википедија, слободна енциклопедија
Шаблон:Ноември 2008 4 ноември е 308-иот ден во годината според григоријанскиот календар (309-и во престапна година). Остануваат 57 денови до крајот на годината.
Настани:
1814 | Прогласен е норвешкиот Устав, со кој оваа земја стана независно кралство, поврзано со Шведска само преку персонална линија. |
1893 | Во Солун, со учество на истакнатите македонски револуционери Даме Груев, Петар Поп Арсов, д-р Христо Катарчев, Иван Хаџи Николов, Андон Димитров и Христо Батонџиев, формирана е Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО). Најголемо дело на Организацијата беше Илинденското востание во 1903 година. На Рилскиот конгрес организацијата го доби називот Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација (ВМРО). Покрај споменатите македонски револуцонери, носители на организацијата беа Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Димо Хаџи Димов, Јане Сандански, Никола Карев и многу други револуционери. |
1944 | Единиците на НОВ на Македонија по борбите што ги водеа на приодите кон Битола го ослободија градот. |
2004 | САД ја признаа Република Македонија под уставното име. |
Родени:
1575 | Гвидо Рени, Италијански сликар. |
1840 | Огист Роден, француски скулптор. |
1956 | Џордан Рудес, клавијатурист на американската прогресивна метал група Dream Theater. |
Починале:
1847 | Феликс Манделсон - Бартолди, германски композитор, пијанист и диригент. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |