Огист Роден
Од Википедија, слободна енциклопедија
Огист Роден (4 ноември 1840 - 17 ноември 1917), француски скулптор. Се смета за основоположник на модерната европска скулптура.
Работеше во истиот период со сликарите импресионисти. Негова најзначајна заслуга е внесувањето на психолошкиот елемент и послободното третирање на скулптурската материја и на фигурата.
Најпознати му се делата „Мислител“, „Бакнеж“, „Граѓаните на Кале“ и „Балзак“.