16 септември
Од Википедија, слободна енциклопедија
Шаблон:Септември 2008
16 септември е 259-иот ден во годината според григоријанскиот календар (260-и во престапна година). Остануваат 106 денови до крајот на годината.
Настани:
1810 | Со масовно оружено востание на селаните, предводени од Мигуел Хидалго и Хосе Моралес, во Мексико почнала борбата за независност од шпанските колонизатори. Тој ден е прогласен за национален празник на државата Мексико која била шпанска колонија од 1519 година. |
1941 | Хитлер му наредил на заповедникот на германските вооружени сили за југоисток, да го задуши востаничкото движење на Балканот. Според Хитлеровата наредба со крајна суровост мора да се оневозможат партизаните и за смртта на секој германски војник со смрт да се казнат 50 до 100 заложници. |
1959 | Францускиот претседател Шарл де Гол преку радиото на Алжирскиот народ му го признал правото на самоопределување. |
Починале:
1977 | Марија Калас, американска оперска пејачка, сопран од грчко потекло. |
1980 | Драган Ташковски, истакнат македонски историчар и публицист. |
1989 | Роберт Пен Ворен, американски писател, трикратен добитник на Пулицеровата награда. |
Празници:
Мексико, ден на независност. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |