Алфред Хичкок
Од Википедија, слободна енциклопедија
Сер Алфред Џозеф Хичкок, КБЕ (Лентонстаун, 13 август 1899 - Лос Анџелес, 29 април 1980) е британски филмски режисер тесно врзан за трилер жанрот. Под влијание на експресионизмот од Германија, тој почнува да режира во Англија и работи во САД од 1939. Со повеќе од 50 филмови со неговиот потпис и кариера преку 6 децении, тој останува еден од најпознатите и најпопуларните режисери на сите времиња. Неговите иновации и визии влијаат врз голем број на филмски работници, продуценти и актери. Единствен оскар за најдобар филм од неговите остварувања има добиено Ребека, но за негови најпознати и најдобри филмови се сметаат Психо и Вртоглавица.