13 август
Од Википедија, слободна енциклопедија
13 август е 225-иот ден во годината според григоријанскиот календар (226-и во престапна година). Остануваат 140 денови до крајот на годината.
Јул - Август - Сеп | ||||||
п | в | с | ч | п | с | н |
1 | 2 | 3 | ||||
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
календар за 2008 г. Сите дати |
Содржина |
[уреди] Настани
- 1624 - Францускиот крал Луј XIII го поставил кардиналот Ришеље за премиер.
- 1792 - 1792 - Француските револуционери ги уапсиле членовите на кралската фамилија три дена по укинувањето на монархијата и отфрлањето на кралот Луј XVI.
- 1814 - Холандија го отстапила 'Ртот Добра надеж на Велика Британија.
- 1905 - Норвешка одржува референдум за одделување од унијата со Шведска
- 1914 - Франција во Првата Светска Војна и објавила војна на Австро-Унгарија.
- 1923 - Мустафа Кемал Ататурк станал прв претседател на Турција.
- 1961 - Властите на Источна Германија ја затвориле границата меѓу Источен и Западен Берлин кај Бранденбуршката капија и почнале со изградба на 155 километарски ѕид по границата со Западна Германија. Ѕидот бил срушен во ноември 1989, а потоа Германија се реобединила.
- 1964 - Во Велика Британија се извршени последните смртни казни со бесење на два затвореника во Ливерпул и Манчестер, осудени на смрт заради убиства.
- 1998 - Швајцарските банки и еврејските групи постигнале договор со кој е предвидена сума од милијарда и 250 милиони долари за компензација на жртвите од холокаустот во Втората Светска Војна.
- 2001 - Потпишан е Охридскиот рамковен договор.
[уреди] Родени
- 1814 - Андерс Јонас Ангстром, шведски физичар (†1874.)
- 1871 - Карл Либкнехт, германски револуционер.
- 1888 - Џон Берд, шкотски инжењер. (†1946).
- 1899 - Алфред Џозеф Хичкок, англиски филмски режисер.
- 1902 - Феликс Ванкл, германски инжењер, пронаоѓач на ротациониот мотор.
- 1926 - Фидел Кастро Алехандро Руз, кубански револуционер и претседател.
- 1936 - Живко Чинго, македонски писател.
[уреди] Починати
- 1826 - Рене Теофил Јасинт Ленак, француски лекар, пронаоѓач на стетоскопот.
- 1863 - Ежен Делакроа, француски сликар, представник на романтизмот во француското сликарство.
- 1910 - Флоренс Најтингел, англиска медицинска сестра, основач на првото училиште за болничарки.
- 1912 - Жил Масне, француски композитор.
- 1917 - Едуард Бухнер, германски хемичар, добитник на Нобелова награда.
- 1946 - Херберт Џорџ Велс, англиски писател.
- 1984 - Тигран Петросјан, ерменски шахист и светски шампион во шах.
[уреди] Празници
- Меѓународен ден на левучарите
- Лаос - Ден на слободен Лаос
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |