11 август
Од Википедија, слободна енциклопедија
11 август е 223-иот ден во годината според григоријанскиот календар (224-и во престапна година). Остануваат 142 денови до крајот на годината.
Јул - Август - Сеп | ||||||
п | в | с | ч | п | с | н |
1 | 2 | 3 | ||||
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
календар за 2008 г. Сите дати |
[уреди] Настани
- 480 п.н.е. - Персијците под водство на Ксеркс извојувале победа над Спартанците под водство на кралот Леонид во битката кај Термопилите. Спартанците се бореле до последниот војник.
- 1918 - Прва светска војна: Завршува битката кај Амиен.
- 1929 - Бејб Рут станува првиот бејзбол играч во историјата со претрчани повеќе од 500 хоум-рани.
- 1934 - Отворен е федералниот затвор на островот Алкатраз во Калифорнија.
- 1941 - Британскиот премиер Винстон Черчил и претседателот на САД Франклин Рузвелт ја формулираа прочуената „Атланска повелба“, чии начела ги прифатија и Обединетите нации во својата Декларација од 1945 година. Три дена подоцна, тие ја потпишаа повелбата.
- 1960 - Чад прогласува независност.
- 1966 - Џон Ленон одржува конференција за печат во Чикаго и се извинува за својата изјава од 4 март во која вели дека „Битлси се попопуларни од Исус“.
- 1972 - Последната американска воена копнена единица го напушта Јужен Виетнам.
- 1999 - Целосно затемнување на Сонцето во Европа и Азија.
- 2003 - НАТО презема команда над мировните сили во Авганистан. Тоа е прва интервенција надвор од Европа во 54 годишната историја на НАТО.
[уреди] Родени
- 1858 - Кристијан Ејкман, холандски доктор и Нобелов лауреат.
- 1926 - Арон Клуг, британски хемичар со литванско потекло; добитник на Нобелова награда за хемија во 1982 година.
- 1950 - Стив Вознијак, компјутерски пионер и ко-основач на компанијата Apple со Стив Џобс.
[уреди] Починати
- 1578 - Педро Нуњес, португалски математичар.
- 1919 - Ендрју Карнеги, шкотски индустријалист и филантропист.
- 1939 - Џаноберто Марија Карло Бугати, италијански дизајнер на автомобили.
- 1956 - Џексон Полок, американски уметник, највлијателниот претставник на апстрактниот експресионизам; неговата слика Бр. 5 е најскапо продаденото уметничко дело во историјата - 140 милиони долари.
- 1987 - Живко Чинго, истакнат македонски прозаист и драмски писател. Неговите зборки раскази „Пасквелија“, „Нова Пасквелија“, романите „Сребрените снегови“, „Големата вода“ и драмите „Кенгурски скок“, и „Макавејски празници“, му обезбедија едно од врвните места во современата македонска проза и драмска литература.
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |