Нобелова награда
Од Википедија, слободна енциклопедија
Нобелова награда | |
![]() Оригинален дизајн на медалот. ®© Фондација Нобел. |
|
Се доделува за | За особени придонеси во областа на литературата, мирот, физиката, хемијата, медицината и економијата |
Се доделува од | Шведска академија, Кралска Шведска Академија на науки, Karolinska Institutet, Норвешки Нобелов Комитет |
Земја | ![]() |
Првпат доделена | 1901 |
Официјална веб-страна |
---|
Нобеловата награда е награда што ја основал пронаоѓачот на динамитот, шведскиот физичар Алфред Нобел (1833 - 1896) за најголеми достигања во областа на физиката, хемијата, медицината, книжевноста, мирот и економијата [1].
Нобеловите награди им се доделуваат генерално на луѓе (или во случајот на Нобеловата награда за мир, исто така и на организации) што постигнале извонредни истражувања, измислиле револуционерни техники или направи, или оствариле извонреден учинок во општеството. Во областите во кои наградата се доделува, таа се смета за највисок дострел во светот. До март 2005, доделени се вкупно 770 Нобелови награди. Неколку добитници ја имаат одбиено наградата.
По негова желба околу 31,5 милиони шведски круни се издвоени за основање на фондацијата „Нобел“, а таа сума денес изнесува околу 1,5 милијарди шведски круни (162 милиона евра).
Признанијата за медицина, физиологија, хемија, физика, економија и книжевност се доделуваат во Стокхолм, а во Осло се доделува наградата за мир.
[уреди] Категории
- Нобелова награда за физика
- Нобелова награда за хемија
- Нобелова награда за физиологија или медицина
- Нобелова награда за литература
- Нобелова награда за мир
- Нобелова награда за економија
[уреди] Белешки
- ↑ "Нобелови награди," Microsoft® Encarta® Online Encyclopedia 2007 © 1997-2007 Microsoft Corporation. Сите права се задржани.
[уреди] Надворешни врски
Нобелова награда |
Економија | Физика | Хемија | Физиологија или медицина | Мир | Литература |