Мир
Од Википедија, слободна енциклопедија
Состојбата кога на некоја територија не се води војна се нарекува мир. Повеќето војни резултираат со некаков мир, најчесто неповолен за поразените (пр. Мировниот договор во Версај...). Сепак постојат и војни кои завршиле со тотално уништување на поразениот (пр. војната меѓу Рим и Картагина...)
Во седумдесеттите години од минатиот век, се појавила хипи културата, за која „Мир во светот“ претставува една од главните пароли, најчесто употребувана против американскиот режим во однос на војната во Виетнам.