Стив Џобс
Од Википедија, слободна енциклопедија
Роден: | 24 Февруари, 1955[1] Сан Франциско |
---|---|
Занимање: | Директор на Епл[2] |
Плата: | $1 американски долар [3] |
Имот во вредност: | $5,7 милијарди американски долари (2007)[4] |
Стив Пол Џобс (роден на 24 Февруари, 1955) е соосновач и директор на Епл. Помеѓу 1986 и 2006 година, Стив Џобс бил директор на студиото за анимирани филмови, Пиксар. Откако Дизни го купи Пиксар во 2006 година, Стив Џобс е сега најголемиот акционер [5] и е еден од членовите на акционерскиот одбор на Дизни.[6]
Ликот и однесувањето на Џобс има допринесено кон создавањето на митот на невообичаени ексцентрици и бизнисмени од Силициумската долина. Тој се залага за промовирање на значењето на дизајнот и естетиката кога станува збор за креирање на продукти. Неговиот елан за развивање на продукти кои се функционални, но, истворемено и елегантни има допринесено за создавањето на култни следбеници на Стив Џобс.[7]
Стив Џобс и соосновачот на Епл, Стив Вознијак помогнале да се популаризира личниот компјутер во крајот на 1970–тите. Во раните 1980–ти, Џобс бил меѓу првите кои го сфатиле потенцијалот на графичките оперативни системи кои биле контролирани со помош на компјутерско глувче.[8] Откако Џобс бил протеран од акционерскиот одбор на Епл во 1985 година, тој го основал Некст, компанија која развивала компјутерски системи намените за образовните и бизнис пазари. Во 1997 година, Епл го купил Некст и Стив Џобс повторно бил назначен за директор на Епл во која функција се наоѓа и ден–денес.
Содржина |
[уреди] Биографија
[уреди] Рани Години
Стив Џобс е роден во Сан Франциско[1]. Неговите биолошки родители се Американката Џоен Керол Шајбл и Сиријанецот Абдулфата Џон Џандали кој за време на раѓањето на Стив Џобс бил постдипломски студент а подоцна станал професор по политички науки.[9] Една недела по неговото раѓање, мајката на Џобс која во тој момент била немажена и (постдипломски) студент, го дала за посвојување. Џобс бил посвоен од Пол Џобс и Клара Џобс (моминско: Хагопиан) кои живееле во Маунтин Вју, во Општината Санта Клара, Калифорнија.[10] Тие му го дале името Стив Пол Џобс. Неговите биолошки родители подоцна се земале и имале ќерка (Мона Симпсон) која подоцна станала познат писател. Стив Џобс ја сретнал за прв пат сопствената биолошка сестра кога и двајцата биле возрасни. Неговите биолошки родители се развeле подоцна. Џобс ги смета Пол и Клара Џобс за неговите вистински родители и не сака никој да ги споменува како „посвоени родители“.
Стив Џобс завршил во средното училиште Хоумстед во Купертино, Калифорнија[7] а често посетувал предавања после часови во познатата тешнолошка компанија Хјулет-Пакард во Пало Алто, Калифорнија. По некое време успеал да се вработи таму и да работи преку лето заедно со Стив Вознијак.[11] Во 1972, Џобс го завршил средното образование и се запишал на Рид Колеџ во Портланд, Орегон. И покрај тоа што Џобс официјално ги прекинал студиите уште после првиот семестар, тој продолжил да посетува часови [12], како на пример час по калиграфија. „Ако никогаш не го посетев часот по калиграфија, првиот Мек немаше да има повеќе од еден фонт и големината на буквите немаше да биде пропорционална“ има кажано Џобс.[13]
Во есента 1974 година, Џобс се вратил во Калифорнија и заедно со Стив Вознијак започнал да посетува состаноци на клубот за домашно–направени компјутери. [14] Џобс се вработил како технички помошник во Атари, произведувачот на популарни видео игри. Неговиот главен интерес бил да заштеди пари за да може да отиде на духовен (религиозен) одмор во Индија. Во 1960–тите било пронајдено дека свирката која била вметната во секоја кутија на познатата житарица за доручек Кептн Кранч произведува звук со фрекфенција од 2600 Hz. Овој тон се користел во дигиталните телефонски централи за контролирање на меѓуградски телефонски повици во САД. Отккако прочитал за ова и го сретнал еден од првите корисници на оваа свирка (Џон Дрејпр), Џобс и Вознијак започнале фирма со намена да произведуваат и продаваат „плави кутии“ со кои можело да се прават илегално бесплатни меѓуградски телефонски повици.
Џобс, заедно со неговиот пријател Дениел Котки од Рид Колеџ (кој подоцна бил првиот вработен на Епл) пропатувале низ Индија. Од неговото патување, Џобс се вратил со избричена глава и традиционална индиска облека. Тој продолжил да работи во Атари каде му било дадена задача да создаде матична плоча за играта Брејкаут. Според основачот на Атари, Нолан Бушнел, компанијата нудела 100 долари за секој компјутерски чип што ќе бил елиминиран од првобитниот дизајн. Џобс не бил заинтересиран ниту пак знаел многу за дизајн на матични плочи па направил договор со кој на Вознијак му понудил да ја поделат награда на половина ако Вознијак го направи дизајнот. За големо изненадување во Атари, Вознијак успеал да елиминира 50 чипови. Џобс му кажал на Вознијак дека Атари му дале само 700 долари (наместо 5.000) и поделил само 350 долари со него. Останатите ги задржал.[15][16][17][18][19]
[уреди] Почетоци на Епл
Кога имал дваесет и една година, Џобс видол компјутер кој што Вознијак го дизајнирал за лична употреба. Тој веднаш го убедил Вознијак да започнат компанија и да го рекламираат и продаваат неговиот компјутер. Компанијата „Епл Компјутер“ била основана на 1 Април, 1976. Првобитниот план бил тие да продаваат само матични плочи, но, подоцна почнале да продаваат комплетни компјутери и со тоа влегле во бизнисот на лични (персонални) компјутери. Првиот вистински личен компјутер се викал Епл I и се продавал эа $666,66 долари. Цената била идеја на Вознијак кој сакал бројки со повторени цифри.[16] Наследникот на овој компјутер, Епл II, почнал да се продава следната година со огромен успех со што компанијата Епл станала битен играч во индустријата на лични компјутери. Во декември 1980 година, Епл станала јавна компанија со акции на Вол Стрит и Џобс како последица постанал милионер.
Епл продолжил да се развива во поголема компанија и имала потреба од искусен менаџер кој ќе помогне со растот. Во 1983 година, Џобс го привлекол Џон Скали да си даде оставка од Пепси–Кола и да стане директор на Епл при што му рекол: „Дали сакаш да го поминеш твојот преостанат живот продавајќи зашеќерена вода или сакаш да добиеш шанса да го промениш светот?“[20][21] Следната година, Епл започнал да работи токму на тоа со објавувањето на телевизката реклама за време на финалето во американски фудбал. Рекламата била наречена 1984 според истоимената книга на Џорџ Орвел.
Два дена подоцна (24 Јануари, 1984), на годишниот состанок на акционери на Епл, емотивниот Џобс го претставил најновиот компјутер Епл Мекинтош. Реакцијата на акционериоте била ненормално ентузијастичка.[22] Мекинтош бил првиот комерцијално успешен компјутер со графички кориснички интерфејс. Развојот на Мекинтош бил инспириран од проекти во истражувачкиот центар на Зирокс и бил воден од Џеф Раскин и подоцна, Стив Џобс.
И покрај тоа што Џобс бил сметан за харизматичен и убедлив евангелист за Епл, некои од неговите вработени од тоа време го сметале за неструктуиран и бурен менаџер. Кон крајот на 1984 година, продажбата на компјутери опаднала во целокупната индустрија и тоа допринело кон нарушување на односите помеѓу Џобс и Скали. Во мај 1985 година откако биле најавени голем број на отпуштања, Скали го заменил Џобс од позицијата на која што го водел развојот на Мекинтош продуктите. [23]
[уреди] Белешки
- ↑ 1,0 1,1 „Smithsonian Oral and Video Histories: Steve Jobs“. Smithsonian Institution. [Страницата е посетена на 2006-09-20].
- ↑ (2006). „Apple - Press Info - Bios - Steve Jobs“. Apple Inc.. [Страницата е посетена на 2006-09-20].
- ↑ "Putting Pay for Performance to the Test", New York Times, 2007-04-08.
- ↑ "Forbes 400 Richest Americans", Forbes, 2007-03-30. Пристапено на 2007-03-30.
- ↑ "Магичното Кралство на Стив Џобс", BusinessWeek, 2006-01-06. Пристапено на 2006-09-20.
- ↑ Burrows, Peter. "Стив Џобс: Размислува Поинаку", BusinessWeek, 2004-11-04. Пристапено на 2006-09-20.
- ↑ 7,0 7,1 Cringely, Robert X.. "Steve Jobs – Apple Computer, Pixar", Inc. Magazine, 2004-04-01. Пристапено на 2006-09-20.
- ↑ Kahney, Leander. "Wired News: Сите Ние Сме Сега Корисници на Мек", Wired News, 2004-01-06. Пристапено на 2006-09-20.
- ↑ Бехренд, Енди. "Корените на магнатот од Епл се поврзани со Грин Беј", Green Bay Press-Gazette, 2005-12-05. Пристапено на 2006-04-19.
- ↑ Смит, Дејвид. "Постојаниот револуционер", Гардијан Анлимитед, 2006-01-29. Пристапено на 2006-03-31.
- ↑ „Биографија: Стив Џобс“. Музејот на Епл. [Страницата е посетена на 2006-05-18].
- ↑ Кембел, Дункан. "Профил: Стив Џобс", Гардијан Анлимитед, 2004-06-08. Пристапено на 2006-03-31.
- ↑ "„Мора да најдеш што сакаш“, вели Џобс", Стенфорд Рипорт, 2005-06-14. Пристапено на 2006-03-31.
- ↑ Сајферr, Џеси. "Нов клуб сака да направи подобар мобилен телефон", The Mercury News, 2006-05-10. Пристапено на 2006-05-18.
- ↑ Писма - Одговори на генерални прашања, Woz.org
- ↑ 16,0 16,1 Стив Вознијак: "iWoz", a: pages 147-148, b: page 180. Norton, 2006. ISBN 13:978-0-393-06143-7
- ↑ Кент, Стивен: „Историја на Видео Игри“, страни 71-73. Three Rivers, 2001. ISBN 0-7615-3643-4}}
- ↑ http://www.thedoteaters.com/p2_stage1.php
- ↑ http://www.arcade-history.com/index.php?page=detail&id=3397
- ↑ Леонард, Ендру. „Дали пингвините јадат јаболка?“. Salon.com. [Страницата е посетена на [[2007-02-10]]].
- ↑ „Неговата Шанса да го Промени Светот“.
- ↑ Хрцфелд, Енди. „Времињата се менуваат“. folklore.org.
- ↑ Хрцфелд, Енди. „Крај на една ера“. folklore.org.
[уреди] Извори
- Caddes, Carolyn (1986). Portraits of Success: Impressions of Silicon Valley Pioneers. Tioga Publishing Co.. ISBN 0-935382-56-9.
- Cringely, Robert X (1996). Accidental Empires. HarperBusiness. ISBN 0-88730-855-4.
- Denning, Peter J. & Frenkel, Karen A. (1989). A Conversation with Steve Jobs. Comm. ACM. Vol. 32, No. 4, pp. 437-443.
- Deutschman, Alan (2001). The Second Coming of Steve Jobs. Broadway. ISBN 0-7679-0433-8.
- Freiberger, Paul & Swaine, Michael (1999). Fire in the Valley: The Making of The Personal Computer. McGraw-Hill Trade. ISBN 0-07-135892-7.
- Hertzfeld, Andy (2004). Revolution in the Valley. O'Reilly Books. ISBN 0-596-00719-1.
- Kahney, Leander (2004). The Cult of Mac. No Starch Press. ISBN 1-886411-83-2.
- Levy, Steven (1984). Hackers: Heroes of the Computer Revolution. Anchor Press, Doubleday. ISBN 0-385-19195-2.
- Levy, Steven (1994). Insanely Great: The Life and Times of Macintosh, the Computer that Changed Everything. Penguin Books. ISBN 0-670-85244-9.
- Malone, Michael S. (1999). Infinite Loop. Aurum Press. ISBN 1-85410-638-4. Bantam Doubleday Dell. ISBN 0-385-48684-7.
- Markoff, John (2005). What the Dormouse Said: How the 60s Counterculture Shaped the Personal Computer Industry. ISBN 0-670-03382-0.
- Simon, William L. & Young, Jeffrey S. (2005). iCon: Steve Jobs, The Greatest Second Act in the History of Business. John Wiley & Sons. ISBN 0-471-72083-6.
- Stross, Randall E. (1993). Steve Jobs and The NeXT Big Thing. Atheneum Books. ISBN 0-689-12135-0.
- Slater, Robert (1987). Portraits in Silicon. MIT Press. ISBN 0-262-19262-4. Chapter 28
- Young, Jeffrey S. (1988). Steve Jobs: The Journey is the Reward. Scott, Foresman & Co.. ISBN 0-673-18864-7.
- Wozniak, Steve (2006). iWoz Computer Geek to Cult Icon: How I invented the personal computer, co-founded Apple and had fun doing it. W. W. Norton & Co.. ISBN 0-393-06143-4.
[уреди] Надворешни Врски
- Профил на Стив Џобс на сајтот на Епл
- Се за Стив Џобс кратки и долги биографии, слики, филмови и интервјуа за или поврзани со Стив Џобс.
- Анегдоти за Стив Џобс од почетокот на Епл.
- Основачот на Епл се враќа дома Њујорк Тајмс, Недела 12 Јануари, 1997.
- Стив Пол Џобс
- Видео од првото отварање на Мекворлд на Стив Џобс по неговото враќање во Епл во 1997, каде го објави договорот со Мајкрософт.
- Видео од излагањето на Џобс на дипломските свечености на Стенфорд, 12 Јуни, 2005.
- Текстот од излагањето на Стив Џобс на дипломските свечености на Стенфорд, 12 Јуни, 2005.
- Стив Џобс на ННДБ
- Стив Џобс на ИМДБ
- Заработувачката на Стив Џобс
- "Размислувања за музиката" од Стив Џобс, 6 Февруари, 2007
[уреди] Интервјуа
- Усмена Историја – Интервју во Смитсоновата Институцијата — 20 Април, 1995
- Интервју во Ролинг Стоунз - 3 Декември, 2003
- Бизнис Вик: Семињата на Иновациите на Епл — 12 Октомври, 2004
- Форчн: Колку Голем Може Епл да Стане? — 21 Февруари, 2005
- Њузик: Добро за Душата — 15 Октомври, 2006