30 август
Од Википедија, слободна енциклопедија
Јул - Август - Сеп | ||||||
п | в | с | ч | п | с | н |
1 | 2 | 3 | ||||
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
календар за 2008 г. Сите дати |
30 август е 242-иот ден во годината според григоријанскиот календар (243-и во престапна година). Остануваат 123 денови до крајот на годината.
Настани:
1721 | Со склучувањето на Ништанскиот мир помеѓу Шведска и Русија по завршувањето на Северната војна (1700-1721 г.), Русија доби пространи територии на Балтикот од Финскиот до Ришкиот Залив со градовите Рига, Равела и Нарва. |
1918 | Во екот на офанзивата на здружените сили на внатрешната и на меѓународната контрареволуција против Советска Русија извршен е атентат врз Ленин за време на неговата посета на Михелсоновата фабрика. По атентатот советското водство донесе одлука за воведување на „црниот терор“ над контрареволуционерната буржоазија и на нејзините агенти. |
1922 | Силите на основачот на модерна Турција Кемал Ататурк однесоа решавачка победа над интернационалистичките западни сили. По тој повод овој датум се прославува како национален празник на Република Турција. |
1990 | Во селото Радишани, скопско, се поставени и осветени темелите на манастирот „Свети Наум Охридски“. |
1994 | Во Скопје е отворен Информативниот центар на Јапонија. |
Родени:
1489 | Антонио Алегри Кореџо, Италијански сликар, еден од творците на барокното сликарство. Сликал религиозни и митолошки теми, а важна особина на неговото сликарство е разнежената сензуалност, декоративноста и чувството за односот на светлото и темното. Умрел на 6.03.1543 година. |
1748 | Жан Луј Давид во Париз, француски сликар, основач и главен претставник на класицизмот. Беше член на Конвентот и дворски сликар на Наполеон. Сликаше историски композиции и портрети. Умрел во Брисел, на 29.12.1825 година. |
Починале:
1533 | Атахуалпа, последниот владател на големото царство на Инките на подрачјето на денешно Перу, бил обесен откако паднал во рацете на шпанските конквистадори. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |