9 август
Од Википедија, слободна енциклопедија
9 август е 221-иот ден во годината според григоријанскиот календар (222-и во престапна година). Остануваат 144 денови до крајот на годината.
Јул - Август - Сеп | ||||||
п | в | с | ч | п | с | н |
1 | 2 | 3 | ||||
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
календар за 2008 г. Сите дати |
[уреди] Настани
- 1930 - Бети Буп за првпат се појавува на малите екрани во цртаниот филм Dizzy Dishes.
- 1942 - Махатма Ганди е уапсен во Бомбај од страна на британските сили. Започнува движењето Напуштете ја Индија!.
- 1945 - Воздушните сили на САД ја фрлија и втората атомска бомба врз јапонскиот град Нагасаки, кој беше урнат до темел. Притоа, загинаа околу 36.000 жители, повеќе од 40.000 беа повредени, а во пожарот изгореа повеќе од 20.000 куќи. Шест денови по атомската експлозија, јапонскиот цар Хирохито ја објави безусловната капитулација на Јапонија.
- 1969 - Членовите на кланот на Чарлс Менсон, во Лос Анџелес, убиваат шест луѓе, меѓу кои и бремената актерка Шерон Тејт, сопруга на полскиот режисер Роман Полански.
- 1986 - Во Књуборт Парк, Стивенејџ, Велика Британија ја гледа последната жива изведба на рок групата Квин со нивниот пејач Фреди Меркјури.
[уреди] Родени
- 1631 - Џон Драјден, англиски поет.
- 1776 - Амадео Авогардо, италијански хемичар.
- 1938 - Род Лејвер, легендарен австралиски тенисер, единствениот двократен освојувач на календарски Гренд Слем.
- 1938 - Леонид Кучма, вториот украински претседател.
- 1939 - Романо Проди, италијански премиер, поранешен претседател на Европската Комисија.
- 1963 - Витни Хјустон, американска пејачка и актерка.
[уреди] Починати
- 916 - Свети Климент Охридски, родоначалник на словенската литература и на црковното беседништво, прв оргинален словенски и македонски поет, говорник, преведувач, прв епископ словенски и македонски на Балканот и заштитник на Охрид. Роден е во Охрид, околу 840 година.
- 1919 - Руџеро Леонкавало, италијански композитор.
- 1962 - Херман Хесе, германски писател и нобеловец.
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |