8 август
Од Википедија, слободна енциклопедија
8 август е 220-иот ден во годината според григоријанскиот календар (221-и во престапна година). Остануваат 145 денови до крајот на годината.
Јул - Август - Сеп | ||||||
п | в | с | ч | п | с | н |
1 | 2 | 3 | ||||
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
календар за 2008 г. Сите дати |
[уреди] Настани
- 1945 - Со договорот во Лондон меѓу Велика Британија, СССР, САД и Франција, основан е Меѓународниот воен суд за судење на водачите на Третиот рајх на кој му се приклучија и други држави. Судењето на Хитлеровите главни соработници почна во Нирнберг, во ноември 1945 година и траеше една година.
- 1966 - Битлси го издаваат албумот Револвер, прогласен за трет најдобар на сите времиња според списанието Rolling Stone и за најдобар според веб-страната Rate Your Music.
- 1969 - Советскиот Сојуз ја лансира автоматската вселенска станица Зонд-7 со задача да ја проучува Месечината и пространствата околу неа.
- 1974 - Под притисок на јавното мислење на САД, претседателот Ричард Никсон и соопшти на јавноста дека на 9 август ќе поднесе оставка поради обвиненијата дека е замешан во Аферата Вотергејт, која силно го погоди американскиот претседателски систем. Наместо Никсон, американски претседател стана дотогашниот потпретседател на САД - Џералд Никсон.
- 1976 - Американскиот рок бенд Бостон го издава истоимениот албум, кој до денес е најпродаван дебитантски албум во историјата.
- 2001 - Во заседа кај месноста Карпалак на автопатот Скопје - Тетово, бил нападнат конвој на АРМ од страна на ОНА во кој животот го загубиле 10 војници на АРМ а повеќемина биле ранети. Нема податоци за жртви или повредени на страната на ОНА.
[уреди] Родени
- 1879 - Емилијано Запата, мексикански револуционер.
- 1901 - Ернест О. Лоренс, американски физичар и Нобелов лауреат.
- 1919 - Дино де Лаурентис, италијански филмски продуцент, познат по својата долгогодишна соработка со режисерот Дејвид Линч.
- 1925 - Алија Изетбеговиќ, претседател на Босна и Херцеговина.
- 1981 - Роже Федерер, швајцарски тенисер.
[уреди] Починати
- 117 - Марко Улпиј Трајан, римски император, по потекло од Шпанија. За време на неговото владеење (од 98 до 117 година), Римската империја имаше најголема територија и околу 70 милиони жители.
- 1879 - Имануел Херман Фихте, германски философ.
- 1944 - Хаим Сутин, руски експресионистички сликар.
- 1996 - Невил Мот, британски физичар и Нобелов лауреат.
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |