Голи Оток
Од Википедија, слободна енциклопедија
Голи Оток е хрватски остров во Јадранско Море. Има површина од околу 4,7 km² и е лоциран источно од полуостровот Истра во Велебитскиот канал, помеѓу островите Раб, Св. Гргур и Првиќ. Островот не е погоден за живот и сè до најново време бил ненаселен.
Голи Оток е познат по затворот за политички затвореници и логорот за принудна работа што југословенските комунисти го изградиле во летото 1949 година по судирот со Сталин и Информбирото. Таму во прв ред биле затворани лица кои во судирот помеѓу Тито и Сталин застанале зад Сталин, но покрај нив на Голи Оток биле затворани и малцинства од различни националности и луѓе со демократски погледи. Заедничкото за нив било тоа што тогашните властодршци ги сметале за опасни за својот режим.
Последниот политички затвореник од Голи оток е отпуштен во 1956 година, а како затвор престанал да функционира во 1988 година.
Помеѓу Македонците што биле затворени на Голи оток, најпознати се: Панко Брашнаров, Венко Марковски, Петре Пирузе, Владимир Полежиноски и други.