Од Википедија, слободна енциклопедија
27 јули е 208-иот ден во годината според григоријанскиот календар (209-и во престапна година). Остануваат 157 денови до крајот на годината. Шаблон:Јули 2008
1830 |
Во Франција избива „Јулската револуција“ предизвикана од одлуката на кралот Шарл X Бурбонски да ги укине весниците, да го распушти штотуку избраното собрание и да го промени изборниот закон. Кралот абдицира и емигрира во Шкотска. |
1839 |
Почнува Опиумската војна меѓу Кина и Велика Британија откако кинеските власти во едно пристаниште во Кантона запленуваат и уништуваат 20.000 сандаци со опиум. |
1981 |
Почна со работа новата Железничка станица во состав на Транспортниот центар во Скопје. Последниот воз од Старата железничка станица замина во 11 часот и 30 минути, а првиот воз на новата железничка станица стигна во 12 часот и 35 минути. |
1989 |
Кристер Петерсон прогласен е за виновен и е осуден на доживотна казна затвор заради убиството на шведскиот премиер Олоф Палме во 1986 година. Подоцна тој е ослободен, а убиството останува неразјаснето. |
2001 |
САД ги продолжуваат санкциите врз Иран и Либија на уште пет години. |
[уреди] Починале
916 |
Климент Охридски, словенски просветител. |
1841 |
Михаил Јурјевич Лермонтов, руски поет, еден од најголемите светски романтичари, автор на познатиот роман во стихови Демонот. |
1844 |
Џон Далтон, англиски хемичар и физичар, еден од основачите на анатомската теорија на материјата, што прв ја постави врз експериментална основа. Своето сфаќање го изнесе во делото „Нов систем на филозофијата и на хемијата“, каде го објасни Прустовиот закон на постојани пропорции и го постави законот за зголемени пропорции. Прв ги одредуваше атомските тежини на хемиски елементи. Ги испитуваше основите на гасовите, го постави законот за парцијалните притисоци и се занимаваше со метеорологија. Бидејќи страдаше од слепило за боја, ја проучуваше и таа аномалија, која според него е наречена далтонизам. Роден е во Иглсфилд, во северниот дел на Англија, на 6 септември 1766 година. |
1880 |
Мохамед Реза Пахлави, ирански шах во прогонство, кој 37 години владееше со Иран. Роден е во 1819 година |
1981 |
Вилијам Вајлер, американски режисер-трократен оскаровец, роден во Франција. |
[уреди] Празници
27 јули (празници)