Web - Amazon

We provide Linux to the World

ON AMAZON:


We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Главна страница / избрана статија / 2008 - Википедија

Главна страница / избрана статија / 2008

Од Википедија, слободна енциклопедија

Види исто така избрани статии за: 2008, 2007, 2006, 2005 година.

Избрани статии се оние статии кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни и најсодржајни. Пред да се постави овде некоја статија истата мора да биде изгласана за уредност, точност, неутралност и стил на пишување.

Предлагачот на избрана статија потребно е на страницата за разговор да предложи и текст (извадок или сиже од статијата) кој ќе оди на главната страница и истиот да биде ставен на увид при гласањето.

Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните шаблони: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува во недела во 24 часот по македонско време, и потоа сликата која добила најмногу гласови се поставува на главната страница.

Забелешка: На секоја од избраните статии, најдолу, под категориите, се поставува шаблонот {{Избрана}}.


Седмица 25, 16. - 22.6.2008
Плакатот од „Евтини приказни“

Евтини приказни (англиски: Pulp Fiction) е американски филм од 1994 на режисерот Квентин Тарантино кој го напиша заедно со Роџер Ејвери. Познат е по нелинеарната приказна, еклектичкиот дијалог, ироничната мешавина на хумор и насилство и референци од филмови и од популарната култура. Номиниран е за седум Оскари, вклучувајќи за најдобар филм; Тарантино и Ејвери ја освоија наградата Оскар за најдобро оригинално сценарио. На Канскиот филмски фестивал е награден со Златна палма. Големиот комерцијален успех ја ревитализираше кариерата на главниот глумец, Џон Траволта, кој беше номиниран за Оскар, како и Семјуел Л. Џексон и Ума Турман.

Насловот на филмот се однесува на шунд списанијата и „тврдо варените“ криминалистички романи од средината на 20 век, познати по сликовитите прикази на насилство и испразнети дијалози. Приказната е, како и во другите дела на Тарантино, нелинеарна. Критичарите го нарекуваат филмот прв пример за постмодерен филм заради неговата саморефлективност и неконвенционална структура. Евтини приказни послужи како инспирација за многу подоцнежни филмови кои примија многу елементи од неговиот стил. Природата на неговата продукција, маркетингот и дистрибуцијата и дополнителната профитабилност имаа силно влијание на подрачјето на независната кинематографија.

Седмица 24, 9. - 15.6.2008
Мозаик со ликот на Јустинијан I.

Јустинијан I (Лат.: Flavius Petrus Sabbatius Iustinianus), 11 мај, 48313/14 ноември, 565, византиски цар, император на Источното Римско Царство (од 527565 год.), христијанин и православен теолог. Најстојувал да ја обнови моќта и големината на Римската Империја која била ослабена со упадите на варварските племиња. Познат е по проширувањето на Империјата, првенствено со воените кампањи на Велизариј, како и по неговиот брак со контраверзната царица Теодора. Историјата го памети и како најголем кодификатор на класичното римско право. Јустинијан бил една од најзначајните личности во доцната антика, и со него завршува периодот на благосостојба во Византија, се' до 9 век кога таа повторно ќе се издигне.

Големината на овој цар е неразделно поврзана со неговата длабока православна вера. Верувал и живеел според верата. За време на Пост не јадел леб и не пиел вино, а се хранел со зелје и пиел вода секој втор ден. Завојувал со дунавските варвари само затоа што ги кастрирале заробениците. Ова е еден од знаците на неговото човекољубие. Бил среќен и успешен во војните и во работата. Изградил голем број прекрасни храмови, од кои најубав е Света Софија во Цариград. Ги собрал и ги спроведувал римските закони. Самиот издавал многу строги закони против неморал и распусност. Ја составил црковната песна „Јединородни Сине и Слове Божји“, којашто од 536 година почнала да се пее на литургија. Го свикал Петтиот Вселенски Собор во 553 година.

Поради неговите заслуги за развојот на црквата и ширењето на верата, Светиот Цар Јустинијан се смета за светец во православното христијанство.

Седмица 23, 2. - 8.6.2008
Амблем на Федерацијата на здруженијата на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина.

Меѓународниот Црвен Крст и Црвена Полумесечина е меѓународно хуманитарно движење со околу 97 милиони доброволци ширум светот, чија мисија е да го штитат човечкиот живот и здравје, да обезбедат почитување на човекот, и да го оневозможат или олеснат човечкото страдање, без било каква дискриминација заснована на националност, раса, религија, класна припадност и политичко мислење.

Често слушаниот израз „Меѓународен Црвен Крст“ всушност е погрешен, бидејќи не постои таква организација. Во стварност, Движењето се состои од неколку одделни организации кои се правно независни, но се обединети во Движењето преку заеднички основни принципи, цели, симболи, статути и органи на управување. Деловите на Движењето се:

  • Меѓународниот Комитет на Црвениот Крст (МКЦК), приватна хуманитарна установа основана во 1863 во Женева, Швајцарија. 25-члениот Комитет, според меѓународните хуманитарни закони, има уникатно право да го штити животот и достоинството на жртвите од меѓународни и граѓански вооружени конфликти.
  • Меѓународната Федерација на здруженијата на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина, основана во 1919 и која денес ги координира активностите меѓу 186 национални здруженија. Секретаријатот на Федерацијата е со седиште во Женева, Швајцарија. Федерацијата ги предводи и огранизира, во тесна соработка со националните здруженија, мисиите за помош во случаи на големи непогоди.

Национални здруженија на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина постојат во речиси сите земји во светот. Во моментов, 186 национални здруженија се признаени од МКЦК и се примени како полноправни членови на Федерацијата. Секоја членка работи во својата земја според принципите на меѓународното хуманитарно право и статутите на меѓународното движење. Зависно од нивните конкретни околности и можности, националните здруженија можат да преземат дополнителни хуманитарни активности кои не се директно дефинирани со меѓународното хуманитарно право или со одредбите на меѓународното движење.

Седмица 22, 26.5.2008 - 1.6.2008
Амблемот на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед (англ. Manchester United) е светски познат англиски фудбалски клуб, чиј стадион е Олд Трафорд кој се наоѓа во Трафорд, пошироката околина на Манчестер. Тој е еден од најпопуларните спортски клубови во светот со повеќе од 50 милиони обожаватели. Манчестер Јунајтед е исто така и еден од најуспешните клубови во светот, а во англиската лига се наоѓа на второто место по бројот на освоени титули, веднаш зад Ливерпул. Ја има освоено англиската лига 17 пати, ФА Купот - 11 пати (рекорд во Англија), два пати Лига Купот, Купот на Победниците на Куповите на УЕФА еднаш, Интерконтиненталниот Куп еднаш и Европскиот Супер Куп еднаш.

На 21. мај 2008. со победата над Челзи Манчестер Јунајтед по трет пат победи во Лигата на шампионите.

Клубот има највисок просек на посетеност на натпреварите во англиската лига континуирано во последните 34 сезони, со исклучок на периодот од 1987-1989 за време на реновирањето на Олд Трафорд. Меѓу европските клубови, Манчестер е предводник во однос на годишните финансиски добивки во текот на деценијата меѓу 1990 и 2000, во наредниот период го губи приматот но во 2008 година повторно е најбогат клуб во светот со вредност од 1 милијарда и 330 милиони долари.

Од 1991 година клубот се водеше како Друштво со ограничена одговорност и требаше да биде преземено од Руперт Мердок во 1998 преку зделка што беше блокирана од британската влада. Кон крајот на 1990тите, вредноста на клубот достигна повеќе од £1 милијарда, правејќи го процесот на откупување безмалку невозможен. Сепак, во мај 2005, Малколм Глејзер го комплетираше превземањето на компанијата против волја на клубот и го повлече името Манчестер од лондонската берза.

Моментално, капитен на Манчестер Јунајтед е Гери Невил, кој капитенската улога ја презеде од Рој Кин на 16 ноември 2005 година.

Седмица 21, 19.5.2008 - 25.5.2008

Наполеон Бонапарт (1769-1821), француски император, основоположник на многу реформи на Француската Револуција. Тој е еден од најголемите воени гении во 19 век; ја освоил цела Западна Европа и Египет, додека воведувал реформи во овие нови територии, цело време им гарантирал слобода на народот и дека ќе го подобри начинот на живеење. Тој самиот се крунисал за император на Франција во 1804 и вовел реформи очекувајќи да го обедини незадоволниот народ. Неколку од Наполеоновите реформи се во употреба и денес.

Наполеон e роден на 15 август 1769 во Ајачио, на островот Корзика и e крстен како Наполеон (во Франција неговото име станало Наполеон Бонапарта). Тој е второто дете (од осумте деца) на Карло (Чарлс) Бонапарта и Летиција Рамолино Бонапарта, и двајцата од повисоката Корзиско-Италијанска класа. Но, Наполеон никогаш не бил професионален војник. Карло бил адвокат кој се борел за Корзијската независност, но откако Французите го освоиле островот во 1768, тој служел како обвинител и судија, и влегол во Француската аристократија како гроф. За време на влијанието на татко му, Наполеон се изучувал на трошок на кралот Луј XVI, во Брине и Военото Училиште, во Париз. Наполеон матурирал во 1785, на возраст од 16 години, и се приклучил на артилеријата како втор наредник...

Седмица 20, 12.5.2008 - 18.5.2008
Арсенал амблем

Арсенал ФК е професионален фудбалски клуб од Холовеј, Северен Лондон. Тимот игра во Англиската Премиер Лига и е еден од најуспешните во англискиот фудбал, со освоени 10 трофеи во Англиска Прва Дивизија, 3 во Англиската Премиер Лига и 10 ФА купови.

Основан е во 1886 година во Вулвич, југо-источен Лондон од страна на работници во Кралскиот Арсенал. Својот прв голем трофеј го освоиле во 30те, а тој трофеј го проследиле со освојување уште 5 прволигашки титули и 2 ФА Купови. Во повоениот период Арсенал стана втор клуб во Англија кој освоил Двојна Круна. Тоа го направил во сезоната 1970-71. Оттогаш Арсенал стана еден од најуспешните клубови во Англија, освојувајќи уште две Двојни Круни, Премиер Лигата 2003-04 без пораз (втор клуб кој успеал да направи вакво нешто, прв во Премиер Лигата) а во 2005-06 стана првиот лондонски клуб кој стигнал до финалето на Лигата на Шампиони.

Клубот од своето основање игра со црвено-бели дресови, кои со текот на годините го имаат променето единствено дизајнот. Арсенал се има преселено, од Вулвич каде што бил основан, на стадионот Арсенал во Хајбери Северен Лондон во 1913. Во 2006 клубот повторно се пресели, овојпат 500 метри на запад на новиот Стадион Емирати во Холовеј.

Арсенал имаат голем број навивачи, во Лондон но и во остатокот од Велика Британија и светот. Клубот има и долги ривалства со неколку клубови од Англија. Меѓу најдолгите е она со локалниот ривал Тотенхем Хотспур. Меѓу двата клуба редовно се одигрува познатото Северно Лондонското Дерби. Арсенал е еден од најбогатите клубови во Англија, со проценета вредност од околу 600 милиони фунти во 2007.

Арсенал е основан под името Дајл Сквер во 1886 од работници во Кралскиот Арсенал во Вулвич, но набрзо бил преименуван во Кралски Арсенал. Тимот повторно го променил името во Вулвич Арсенал, кога се здобил со професионален статус во 1891. Клубот влегол во Фудбалската Лига во 1893, почнувајќи во Втората Дивизија, а се изборил и за влез во Првата Дивизија во 1904. Сепак географската изолација резултирала со помала посетеност на натпреварите споредено со другите клубови што довело до сериозни финансиски проблеми и прогласување на банкрот во 1910, кога клубот бил купен од

Седмица 19, 5.5.2008 - 11.5.2008
Киро Глигоров

Киро Глигоров бил првиот претседател на самостојна Република Македонија од 1991 до 1999 година. Функцијата ја извршувал во два мандати: прв пат за претседател бил избран на 27 јануари 1991 година од страна на Собранието на Република Македонија, а втор пат на 19 ноември 1994 на општи претседателски избори. Функцијата претседател на Републиката ја вршел до 19 ноември 1999 година.

Глигоров е роден на 3 мај 1917 година во Штип. Завршил правен факултет во Белград во 1939 година. Соработувал со Кузман Јосифовски - Питу и активно се вклучил во комунистичкото и антифашистичкото движење. На Првото заседание на АСНОМ, одржано на 2 август 1944 во манастирот Свети Прохор Пчињски, тој го водел записникот од заседанието, но исто така бил избран и за член на АВНОЈ.

Од 1945 до 1987 вршел бројни високи функции во федералната власт и во комунистичката партија на СФРЈ во Белград. Во 1987 се пензионирал, а потоа продолжил да соработува со Анте Марковиќ, а подоцна и со Петар Гошев на реформирањето на политичкиот и економскиот систем на СФРЈ. Во 1989 се вратил во Македонија.

На 3 октомври 1995 година врз Глигоров бил извршен неуспешен обид за атентат, кој го преживеал со тешки повреди на главата. Нарачателите и извршителите на атентатот до денес се непознати.

Кон крајот на својата кариера, Киро Глигоров бил најстариот македонски политичар, со околу 70 години активност во современата историја на Македонија. Во 1999 година, кога завршил неговиот втор претседателски мандат, тој имал 82 години, а во 2000 Гинисовата книга на рекорди го забележалa како најстар претседател на држава во светот.

Седмица 18, 28.4.2008 - 4.5.2008
Гоце Делчев.

Оваа недела се навршуваат 105 години од загинувањето на Гоце Делчев (18721903), еден од најголемите револуционери во историјата на македонскиот народ, лидер на Тајната Македонско - Одринска Револуционерна Организација (ТМОРО), подоцна преименувана во ВМРО.

Делчев станал учител во бугарското машко трикласно училиште во Штип (Ново Село), каде што се запознал со Даме Груев, еден од основачите на ТМОРО. Делчев ѝ се придружил на Организацијата во 1895 набрзо станувајќи нејзин водач. За време на честите обиколки низ Македонија работи на создавање организациона мрежа со здрави и цврсти бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Цел е автономиjа или целосно ослободување на Македонија и Одринско од османлиското ропство и создавање на независна македонска држава.

На редовното советување во декември 1902 година, Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и други водачи на ТМОРО решиле да не се крева фронтално востание во Македонија, туку да се води партизанска војна. Целта како што изјавил Гоце требала да биде: „не ние да ја победиме Турција туку таа да не нè победи нас.“ Тие сметале дека меѓународната и внатрешната ситуација на Македонија не е поволна за кревање востание.

На 2 мај Гоце Делчев пристигнал во село Баница, близу до Сер, за што од страна на непознат(и) дознала турската управа. Во зорите на 4 мај 1903, Гоце Делчев и неговата придружба биле известени од јатаците дека биле под опсада од турската војска (аскер). Во текот на денот, на 4 мај 1903 во борбите при излегување од село Баница, Гоце Делчев бил убиен.

Неговите посмртни останки од 11 октомври 1946 година се погребани во Скопје, во црквата Свети Спас.

Седмица 17, 21.04.2008 - 27.04.2008
Грбот на Канада.

Канада зафаќа поголем дел од Северна Америка, на југ се граничи со САД, на северозапад со сојузната држава на САД - Аљаска. Се протега од Атлантскиот океан на исток до Пацификот на запад, на север се наоѓа Арктичкиот океан.

Првите Европски доселеници се Викинзите, кои околу 1000-та година се населуваат на брегот на Атлантикот. Следната посета на Европјаните е во 1497, кога истражувачката експедиција на Џон Кебот од Кралството Англија пловела покрај Атлантскиот брег на Канада и Жак Картие во 1534 од Франција. По нив, повремено до истиот брег допловувале рибари и китоловци од Баскија во текот на целиот 16-ти век.

Канада има околу 31,5 милиони жители. Прирастот на населението се должи главно на доселеништвото. Околу 3/4 од населението живее во појасот од 150 km од границата со САД, веројатно поради климатските прилики. Огромното мнозинство од населението живее во појасот Квебек сити - Виндзор, кој ги опфаќа и градовите Монтреал, Отава и Торонто, потоа во појасот Едмонтон - Калгари во Алберта и Ванкувер, Британска Колумбија. Според пописот од 2001, Канада има 34 етнички групи со по најмалку 100.000 припадници, a 83% од населението се сметаат за белци.

Официјални јазици во Канада се англискиот и франускиот. Англискиот е мајчин јазик на 59,7%, а францускиот на 23,2% од населението. 98,5% од канаѓаните зборуваат англиски или француски. 85% од франкофоните живеат во Квебек. Неколку индијански јазици исто така имаат официјален статус во Северозападните територии. Инуктитут е мнозински јазик во Нунавут и еден од трите официјални јазици во територијата.

Според многу показатели, како што се Степенот на човеков развој на ОН, Индексот на глобализација, Квалитетот на живот, Одржливоста на животната средина, Економските слободи и др., Канада е меѓу водечките земји во светот. Во Канада живеат голем број македонски иселеници и нивни потомци.

Седмица 16, 14.04.2008 - 21.04.2008
Георг Фридрих Хендл

Георг Фридрих Хендл (герм. Georg Friedrich Händel, англ. George Frideric Handel) (23 февруари 168514 април 1759) е германски британски барокен композитор, водач во музичките форми кончерто гросо, опера и ораториум. Роден е во Хале, а го провел речиси сиот полнолетен живот во Англија, британски државјанин на 22 јануари 1727. Неговите најпознати дела се Месија, ораториум според текст од Крал Џејмсовата Библија, Музика на вода и Музика за кралскиот огномет. За поука и инспирација ги користел техниките на големите композитори на италијанскиот барок, како и музиката на Хенри Персел, а самиот пак извршил големо влијание врз многу композитори по него како Хајдн, Моцарт и Бетовен, а неговите дела биле од значење за преодот од Барокот кон Класицизмот.

Хендл бил високо почитуван од другите композитори, како за време на неговиот живот, така и по него. Бах има кажано: „[Хендл] е единствениот човек кој би сакал да го видам пред да умрам, и единствениот човек кој би сакал да бидам, да не бев Бах“. Моцарт пак, се вели дека се изјаснил: „Хендл го разбира ефектот подобро од сите нас. Кога ќе посака, удира како молња“, а пак за Бетовен тој бил „учителот на сите нас“. Подоцна тој над сѐ ја истакнал едноставноста и популарната допадливост на Хендловата музика со исказот: „одете кај него за да научите како да постигнете големи ефекти на така едноставен начин“.

Седмица 15, 06.04.2008 - 13.04.2008
Шарл Бодлер

Шарл Пјер Бодлер (9 април 1821 - 31 август 1867), еден од најголемите и највлијателните француски поети на деветнаесеттиот век. Исто така останува запаметен и на полињата на преведувачката и критичарската дејност.

Влијанието на Бодлер врз развитокот на англиската и француската литература е навистина големо. Најголемите француски писатели што доаѓаат по него не ги штедат епитетите; само четири години по неговата смрт, Артур Рембо во едно свое писмо го возвишува Бодлер како "Крал на Поетите, вистински Бог". Во 1895 година, Стефан Маларме издава еден сонет во чест и сеќавање на Бодлер Le Tombeau de Charles Baudelaire (Гробот на Шарл Бодлер). Марсел Пруст во еден свој есеј издаден во 1922 деклaративно изјавува дека заедно со Алфред де Вињи, Бодлер е "најголемиот поет на деветнаесеттиот век".

Во исто време додека Елиот го велича Бодлер од еден конзервативен и експлицитно христијански аспект, левичарските критичари како Вилсон и Волтер Бенџамин го прават тоа од една драматично различна точка. Бенџамин ги преведува Бодлеровите Tableaux Parisiens (Париски сцени) на германски и издава еден голем есеј во врска со преводот како предговор. Во доцните 1930ти, Бенџамин го искористува Бодлер како појдовна и фокусна точка во неговиот монументален обид да изврши материјалистичка проценка на културата во деветнаесеттиот век, Das Passagenwerk. За Бенџамин, значењето на Бодлер лежи во неговиот обид да изврши анатомија на толпата, на градот и на модернизмот.

Седмица 13, 24.03.2008 - 30.03.2008
Елизабета I - кралица на Англија, кралица на Франција (само титуларно) и кралица на Ирска.

Елизабета I (англ. Elizabeth I) (7 септември 1533 - 24 март 1603) била кралица на Англија, кралица на Франција (само титуларно) и кралица на Ирска од 17 ноември 1558г. па се до нејзината смрт. Понекогаш е попозната преку нејзините синоними како Девствената Кралица или Добрата Кралица Бес. Кралицата Елизабета претставувала петти и последен монарх од династијата Тјудори (претходните пет биле нејзиниот дедо Хенри VII, нејзиниот татко Хенри VIII, нејзиниот полубрат Едвард VI и нејзината полусестра Мери I). Владеела околу 45 години, период кој бил обележан со зголемување на Анлгиската моќ и влијание во меѓународните односи, како и големи религиозни нереди кои беснееле внатре во Англија.

Нејзиното владеење е одбележано како Елизабетино доба или Златното доба на кралицата Елизабета. Вилијам Шекспир, Кристофер Марло и Бен Џонсон сите живееле и твореле за време на оваа ера; Францис Дрејк станал првиот Англичанец кој го обиколил светот; Францис Бејкон ги изнел своите политички и филозофски гледишта; а Англиската колонизација на Северна Америка отпочнала благодарејќи на Сер Волтер Рајли и Сер Хамфри Гилберт. Елизабета била сигурна и силна владетелка. Нејзиното омилено мото било video et taceo („гледам и памтам“). Оваа последна нејзина карактеристика, честопати посматрана со нетрпение од нејзините советници, ја има спасено од недолични додворувања и брачни понуди. Баш како и нејзиниот татко Хенри VIII кој бил писател и поет, и Елизабета ги следела неговите стапки. Има врачено Кралски прогласи на неколку значајни организации меѓу кои вредни да се споменат се Колеџот на Тројството во Даблин во 1592. како и на Источноиндиската компанија во 1600.

Седмица 12, 17.03.2008 - 23.03.2008
Косовка девојка, мотив од српската народна епика

Косовска битка исто така и: Битка на Косово Поле или Косовски бој (срп. Косовска битка, Бој на Косову Пољу) е назив за најголемиот директен судир меѓу војските на српското благородништво и Турците-Османлии. Според историските извори, но и народните преданија, битката се одиграла на Видовден - 15 јуни според јулијанскиот, односно на 28 јуни 1389 година според григоријанскиот календар во месноста Газиместан на Косово Поле, северно од Приштина. Битката завршува со катастрофален пораз на српската војска. Последиците, како за Србија, така и за непосредното соседство биле лоши: самата косовска област била ставена под непосредна војничка управа на Османлиите и заедно со скопската околина станале база за понатамошни нивни воени дејствија против Босна, Зета и непокорениот дел од Србија.Српското благородништво кое ја преживеало битката било принудено своите територии да ги стави во вазален однос кон Османлиите и да им плаќа данок. По оваа битка Османлиите го зацврстиле своето господство над централниот Балкан кое ќе го имаат сѐ до Балканските војни т.е. до 1912.

Седмица 11, 10.03.2008 - 16.03.2008
Белата кула во Солун

Солун (грчки Θεσσαλονίκη, латински Thessaloníki) е вториот по големина град (веднаш по Атина) во Република Грција и главен град на Централна Македонија. Основач на Солун е кралот Касандар во 315 год. п.н.е., крал на Македонија (Μακεδών). Градот така бил наречен според неговата сопруга Тесалоника, сестра на Александар Македонски. За заштитник на градот се смета Свети Димитрија кој градот го добил во 306 година. Во Солун се родени и словенските браќа Свети Кирил и Методиј, кои земајќи го јужниот говор во Македонија го создале старословенскиот јазик. Нa 23 октомври 1893 година, во Солун била основана ВМРО, чија цел била добивање на автономија за Македонија преку револуционерна борба. Во Солун, од тој период се познати и големите напади од страна на ВМРО и нејзините членови наречени гемиџии. По Балканските војни, градот стапил во составот на Грција. Еврејската населба во Солун била една од најголемите населби во градот. Евреите во времето на Османлиската империја го сочинувале половина од вкупното население на градот.

Седмица 10, 03.03.2008 - 09.03.2008

Кинескиот јазик (汉语/漢語, Ханји; 中文, Чунгвен) може да се смета за јазик или за јазично семејство и првично се зборувал од Хан-Кинезите во Кина. Тој ја сочинува една од двете гранки на синотибетското јазично семејство.Околу една шестина од светското население, или над милијарда луѓе, зборуваат некаков кинески како мајчин јазик. Дали кинеските варијанти можат да се наречат „јазици“ или „дијалекти“ е прилично спорна тема. Како јазично семејство, кинескиот има околу 1.2 милијарди говорници; само мандаринскиот има околу 850 милиони говорници, бројно надминувајќи ги сите јазици на светот.

Говорниот кинески се одликува со голема внатрешна разнообразност, иако сите кинески варијанти се тонски и аналитички. Постојат помеѓу шест и дванаесет регионални групи на кинески (зависно од начинот на класификација), од кои (во огромна мера) предоминантен е мандаринскиот (~ 850 милиони), а по него следи Ву (~ 90 милиони), Мин (~ 70 милиони) и кантонскиот (~ 70 милиони). Највеќето од нив се меѓусебно разбирливи, иако некои, како Хсијанг и југозападните мандарински дијалекти се разбирливи во извесна помала мера. Кинескиот се класификува како макројазик со тринаесет подјазици ISO 639-3, иако прашањето дали овие се „јазици“ или „дијалекти“ е мошне спорно.

Седмица 09, 15.02.2008 - 02.03.2008

Џозеф Џон Кембел (26 март 190430 октомври 1987) е американски митолог, писател и оратор најпознат по неговата работа на полето на компаративната митологија и религија.

Кога како мал го посетува Американскиот музеј за национална историја, Кембел толку многу се восхитува од артефактите на американските староседелци што уште тогаш ја развива својата животна опсесија: митот и заедничките обележја на различните култури, особено на оние кои никогаш и не биле во контакт.

Со образование се здобива во САД (на Универзитетот Колумбија) и Европа (каде ги посетува Парискиот и Минхенскиот Универзитет). За неколку месеци научува и француски и германски, јазици кои течно ги зборува до крајот на својот живот. Поради несогласувања со раководството на својот матичен универзитет, Кембел се откажува од понатамошното школување и обидот да се здобие со докторат.

Големо влијание врз Кембеловата философија имаат Карл Јунг, Фридрих Ниче, Зигмунд Фројд, Џејмс Џојс, Томас Ман и Артур Шопенхауер. Улогата на херојот и структурата на мономитот се најпознати плодови на неговата работа, творби чие влијание ги надминува границите на компаративната митологија. Впрочем, по излегувањето на првиот филм од серијалот Војна на ѕвездите во 1977 година, режисерот Џорџ Лукас ќе рече дека приказната е обликувана преку идеите обработени во Херојот со илјада лица од страна на Кембел.

Седмица 08, 18.02.2008 - 24.02.2008

Струмица е град во југо-источниот дел на Република Македонија и со своите 35 311 жители претставува најголем културен, трговски и политички центар во овој регион.

Струмичкиот крај бил густо населен уште во античко време, а доказ за тоа е и постоењето на неолитската населба “Страната“ кај селото Ангелци. Под името Астраион, градот за првпат во пишаните извори се среќава кај римскиот историчар Тит Ливиј. Кога во 148 година п.н.е. Македонија станува римска провинција, градот го менува своето име во Тивериопол, за што ни сведочи мермерниот постамент, посветен на патронот Тибериј Клавдиј Менон, од крајот на 2 век и почетокот на 3 век.

Во првата половина на 6 век, по долините на реките Струма и Струмица се населиле Струмјаните, племе кое го добило своето име по реката Стримон, која тие ја преименувале во Струма. Склавинијата на Струмјаните егзистирала како независно словенско кнежество извесен период, додека не биде завладеана од Византија. Во османлискиот период во турската администрација била нарекувана Уструмџе. Таа била приклучена кон Ќустендилскиот санџак и во неа е воспоставен спахиско-тимарски систем.

Седмица 07, 11.02.2008 - 17.02.2008

Нобеловата награда за литература (шведски: Nobelpriset i litteratur) е награда која се доделува секоја година, почнувајќи од 1901 на автор од некоја земја кој, според зборовите на Алфред Нобел од неговиот тестамент, го има напишано "најзначајното дело со идеалистички тенденции" (во оригинал на шведски: den som inom litteraturen har producerat det utmärktaste i idealisk riktning). "Делото" во овој случај се однесува на авторовиот опус, иако понекогаш се цитираат и поединечни дела. Шведската Академија одлучува кој, доколку и воопшто има некој, ќе ја прими наградата во соодветната година, а неговото име го објавува во почетокот на октомври.

Изборот на Нобел да го вметне зборот "идеалистичко" или "идеално" (во македонски превод) како основен критериум при одбирањето на лауреатите е причина за многу контроверзии и несогласувања (шведскиот збор idealisk може да се преведе и како "идеалистички" и како "идеален".) Во почетокот на дваесеттиот век, Одборот за доделување на наградата се осврнува кон првото значење на зборот, и ова е единствената причина што автори од типот на Лав Толстој и Хенрик Ибзен не ја добиле Нобеловата награда. Сепак, во последно време, зборот е сфатен во многу послободното значење, па Нобеловата награда за литература се доделува и на писатели чии дела се од големо значење, но и на такви кои се залагаат за почитување на човековите права; вторава причина, за некои луѓе, е причина да се додаде и политичка конотација на наградите.

"Крунскиот момент во текот на церемонијата по повод доделувањето на наградата во Стокхолм е кога лауреатот истапува за да ја прими наградата од Неговото Височество - Кралот на Шведска. ... Пред очите на целиот свет, Нобеловиот лауреат прима три нешта: диплома, медал и документ кој го потврдува износот на наградата".

Седмица 06, 04.02.2008 - 10.02.2008
mini

Внатрешната Македонска Револуционерна Организација (ВМРО) позната и како ВМРО (Автономистичка) е формирана во 1919 година на територијата на Пиринска Македонија, од страна на Тодор Александров и Александар Протогеров, под претекст дека се возобновува старото ВМОРО. Врвна точка во дејноста на организацијата е атентатот на српскиот престолонаследник Александар Караѓорѓевиќ.

Во навечерјето на Балканските војни, ВМОРО е скоро неактивна. Поголемиот дел од бившите членови дејствуваат со мирни средства преку работата на Федералистичката партија и Конституционите клубови. Но еден дел од кадрите на ВМОРО прави обиди, преку исценирање провокации, да го реанимира Македонското Прашање.

На чело на оваа група е Тодор Александров, кој во 1912 ги организира “Магарешките атентати“. Опремените од него групи, товарат екслозив на магариња, и ги оставаат пред турски пазари. Бомбите го одземаат животот на десетици Турци, кои пак својот бес го исфрлаат врз недолжното христијанско население. На овој начин Александров ја постигнува својата цел.

За време на балканските војни, Александров мобилизира бивши кадри од ТМОРО (како Чаулев, Чакаларов и други), со кои формира големи чети и ги праќа во Македонија со цел да вршат диверзантски акции во тилот на Турската Армија.

Седмица 05, 28.01.2008 - 03.02.2008
mini

Јосиф Бродски (24 мај 194028 јануари 1996), роден како Јосиф Александрович Бродски (руски: Ио́сиф Александрович Бро́дский) е руски поет и есеист, добитник на Нобеловата награда за литература во 1987 година, венцоносец на Струшките вечери на поезијата четири години подоцна и Поет лауреат на САД во 1991 и 1992 година. Се смета за еден од најголемите поети на дваесеттиот век.

Бродски е роден во еврејско семејство во Ленинград, како син на професионален фотограф вработен во Советската морнарица. Уште додека е дете ја преживува опсадата на неговиот роден град. Кога полни петнаесет години, Бродски го напишта училиштето и се обидува да влезе во Школата на нуркачите (Школа Подводников), но безуспешно. Потоа оди да работи како машински оператор на една воденица (фрезеровщик) во фабрика. Откако одлучува да стане доктор, се префрла во затворот Крести, каде работи како помошник во мртовечницата. Никогаш не задоволен од работата, неколку пати ќе го менува своето работно место; се вработува во болница, на брод, а дел е и од една геолошка експедиција.

Седмица 04, 21.01.2008 - 27.01.2008

Оваа седмица, пред 27 години е роден Тоше Проески (25 јануари 198116 октомври 2007), најпопуларниот пејач во Република Македонија и една од најголемите ѕвезди на Балканската музичка сцена, каде што е доживуван како заштитен знак на Македонија. Музичката кариера ја започнува со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што победува изведувајќи ја песната Yesterday од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998). Има блиска соработка со голем број на влијателни балкански и светски музичари и композитори. Се смета дека подемот во неговата кариера започнува по изведбата на песната Твоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година. Во меѓувреме Тоше станува дел од продуцентската куќа Авалон, каде што останува се до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 година е прогласен за Амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите.

Почина на 16 октомври после кобна сообраќајна несреќа на автопатот во Хрватска. Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб (17 октомври) е прогласен за Ден на Национална Жалост во Република Македонија.

Седмица 03, 07.01.2008 - 20.01.2008

Словените (стсл. - Словѣнє (Slověne), рус., бел. - Славяне, укр. - Слов'яни, буг. - Славяни, срп. - Словени (Sloveni), хрв., бос. - Slaveni, свн. - Slovani, пол. - Słowianie, чеш. - Slované, свк. - Slovania, каш. - Słowiónie) се индоевропска група на народи обединети преку сличноста на јазиците, културното наследство и заедничкото потекло.

За заеднички предок на сите словенски народи се сметаат Прасловените кои живееле во областа северно од Карпатите во Источна Европа (денешна северна Украина, јужна Белорусија и југозападна Русија).

Словенските народи кои во мнозинство имаат православна христијанска вероисповед се користат со кирилично писмо, а додека словенските народи кои во мнозинство се католици или муслимани се користат со латиница.

Словенските народи се населени во централна, источна и југоисточна Европа, како и во Азија. Бројноста на словенските народи денес во светот е околу 294,75 милиони луѓе, претежно населени во Европа. Словенските народи се воедно и најбројни во Европа и претставуваат околу 36% од вкупното европско население.

Слика:LinkFA-star.png
Архива на избрани статии
2008
Словени · Тоше Проески · Јосиф Бродски · ВМРО (Автономистичка) · Нобелова награда за литература · Струмица · Џозеф Џон Кембел · Кинески јазик · Солун · Косовска битка · Елизабета I · Шарл Бодлер  · Георг Фридрих Хендл · Канада · Гоце Делчев · Киро Глигоров · Арсенал ФК · Наполеон Бонапарт · Манчестер Јунајтед · Црвен Крст и Црвена Полумесечина · Јустинијан I
2007
Версајски дворец · Бонсаи · Понтифекс Максимус · Рекански регион · Столпчести габи · Ѓорѓи Сугарев · Едгар Алан По · Јсп СКОПЈЕ · Шаховска стратегија и тактика · Автентична музичка изведба · Кружница · Одри Хепберн · Диференцијално сметање · Бен Џонсон · Шерлок Холмс · Интегрално сметање · Методија Андонов - Ченто · Илинденско востание · Ковалентна врска · Вилијам Блејк · Вектор · Непрекинатост на функција · Џалалудин Руми · Станислав Лем · Леонард Норман Коен · Срби · НОФ · Македонци · Жан-Никола Артур Рембо · Национал-социјалистичка германска работничка партија · Ирвин Ален Гинсберг · Мојата борба · Марија Јурјевна Шарапова · Вилијам Хогарт · ВМРО · Спор за името помеѓу Македонија и Грција · Лазар Поп Трајков · Јане Сандански · Александар Василевич Суворов
2006
Леб и сол · Членконоги · Фахверк · Сергеј Михајлович Прокудин-Горски · Атина · Забранетиот град · Окленд · Пура · Dream Theater · Јадење и пиење во Стариот Рим · Старословенски јазик · Референдум 1991 · Пела · Романтизам · Кочо Рацин · Ајфелова Кула · Математика · Светско Првенство во Фудбал 2006 · Ласер · Суоветаурилии · Ермитаж · Архитектонски поредок · Бах · Историја на автомобилот · Велигден (православен) · Албрехт ДирерСан Франциско
2005
Глобализација · Филип Дик · Јужен пол · Џузепе Верди · Клетка · Ефтини приказни · експеримент
Static Wikipedia 2008 (March - no images)

aa - ab - als - am - an - ang - ar - arc - as - bar - bat_smg - bi - bug - bxr - cho - co - cr - csb - cv - cy - eo - es - et - eu - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - frp - fur - fy - ga - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - jbo - jv - ka - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - ms - mt - mus - my - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nn - -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -
https://www.classicistranieri.it - https://www.ebooksgratis.com - https://www.gutenbergaustralia.com - https://www.englishwikipedia.com - https://www.wikipediazim.com - https://www.wikisourcezim.com - https://www.projectgutenberg.net - https://www.projectgutenberg.es - https://www.radioascolto.com - https://www.debitoformativo.it - https://www.wikipediaforschools.org - https://www.projectgutenbergzim.com