Web - Amazon

We provide Linux to the World

ON AMAZON:


We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Марсел Пруст - Википедија

Марсел Пруст

Од Википедија, слободна енциклопедија

Марсел Пруст
Марсел Пруст

Марсел Пруст (Marcel Proust) (10 Јули 1871, Отеј - 18 Ноември 1922, Париз, Франција). Автор на A la recherche du temps perdu, или „Во потрага по загубеното време“, монументално прозно дело, кое го одбележува дваесеттиот век.


[уреди] Биографија

Стефан Цвајг: Трагичниот живот на Марсел Пруст, во превод на Ѓ. Марјановиќ:

„Роден е кон крајот на војната, на 10 Јули 1871 во Париз, како син на прочуен лекар, на богато, пребогато семејство. Само, ниту знаењето на татко му, ниту милионите на мајка му не беа во состојба да му го спасат детството: на деветгодишна возраст малиот Марсел еднаш засекогаш го загубува здравјето. На враќање од една прошетка по Булоњската шума го фаќа астматичен грч, а тие ужасни напади цел живот, до последниот здив, му ги сотираат градите. Од неговата деветта година му е забрането безмалку сè: патувањата, веселите игри, живоста, лудувањето, сè што се нарекува детство. Така, уште од рано стнува набљудувач со истанчени чувства, со нежни нерви, лесно ранлив, суштество со неверојатна раздразливост на нервите и сетилата.

Страсно ја сака природата, но само ретко смее да ја гледа и тоа никогаш в пролет: тогаш финиот поленски прав, запурничавоста, цутежот на природата и премногу болно му ги боде воспалените органи. Страсно ги сака цвеќињата, но не смее да им се приближи. Дури и кога некој пријател ќе влезе во собата со каранфил во иликата тој мора да го замоли да го тргне, а посетата на некој салон во кој врз масите стојат букети, со денови го врзува за постела. Затоа, понекогаш излегува во затворена кола в природа, за да ги гледа, зад застаклените прозорци, саканите бои, миризливите цветови. И се снабдува со книги, книги, книги, за да чита за патувања, за предели до кои никогаш нема да втаса. Еднаш доаѓа до Венеција, неколку пати оди до морето, но секое од тие патувања го чини и премногу сила. Затоа речиси наполно се затвора во Париз.

Дотолку поделикатно станува неговото забележување на сè што е човечко. Тонот на некаков разговор, шнолата во косата на некоја жена, начинот на кој некој седнува на масата или станува од неа, сите најфини украси на општествениот живот се задржуваат со неспоредлива цврстина во неговото сеќавање. Неговото секогаш будно око помеѓу две трепкања ги фаќа и најситните подробности, сите врски, пресврти, серпентини и застои во некој разговор му се ѕунат во ушите природно, со сите трепети. Затоа и може подоцна, во својот роман, разговорот со грофот Норпоа да го предаде на сто и педесет страници, а во него да не пропушти ниту еден здив, ниту едно случајно движење, колебање и ниеден премин: окото му е будно и живо за сметка на сите истоштени органи.

Отпрвин родителите го ориентираат кон студии и дипломатија, но поради неговото слабо здравје пропаѓаат сите нивни планови. Конечно, нему и не му се брза, родителите му се богати, мајка му го обожава, а тој залудо си ги троши годините во друштва и салони; до триесет и седмата година го живее, всушност, најсмешниот, најглупавиот, најбесмислениот, безделничарски живот што кога и да е го живеел некој голем уметник, се влечка како сноб по сите приредби на богатите бадијалџии, кои се нарекуваат „општество“, насекаде е присутен, насекаде го примаат. Цели петнаесет години, ноќ низ ноќ, речиси во ској салон, па дури и во најнедостапните, може да се сретне тој нежен млад човек, секогаш полн со стравопочит спрема сè што е монденско, везден расприкажан, придворен, забавувајќи се или досадувајќи се. Насекаде виси во некое ќоше, се приклучува во некаков разговор, а за чудо и високата аристократија од предградието Сен-Жермен го трпи непознатиот натрапник; всушност, ова му е и најголемиот успех. Зашто, надворешно, младиот Марсел Пруст нема никакви квалитети. Не е особено убав, ниту особено елегантен, не е од благородна лоза, дури е син на Еврејка. Не го легитимираат ни неговите литерарни заслуги, зашто неговото неголемо делце „Les plaisirs et les jeux“, и покрај услужливиот предговор на Анатол Франс, нема ни тежина ниту пак успех. Она што го прави омилен е само неговата дарежливост: ги опсипува сите жени со скапоцени цвеќиња, а сите познати со неочекувани подароци, кани секого, си ја бие главата како да му услужи и да му биде смпатичен и на последниот дудук од високот општество. Во хотел Риц е прочуен со своите приеми и фантастчните бакшиши. Дава десет пати повеќе од американските милијардери, а само што ќе влезе во салата сите понизно си ги симнуваат шапките. Неговите приеми се фантастично расипнички кулинарски чуда: од најразлични градски дуќани му ги носат сите моќни специјалитети - грозјето му го праќаат од еден дуќан на Рив Гош, пилињата од Карлтон, раното овошје од Ница. На тој налин, со учтивост и услужливост, тој непрекинато го обврзува и задолжува „tout Paris“, без самиот кога и да е да побара нешто за себе.

Но, она што него во тоа општество го легитимира повеќе одошто неговите пари, кои со задоволство, расипнички ги расфрла, е неговата речиси болна стравопочит пред ритуалите на тој свет, неговото ропско обожување на етикетата, нечуеното значење што му го придава на сето она монденско, на сите лудории на модата. Како свето писмо го почитува непишаниот „Кортеџано“ на аристократските обичаи: со денови го мачи проблемот на распоредот на масата, зошто принцезата Џ. го ставила грофот Л. на долниот крај од масата, а баронот Р. на горниот. Секој и најмал трач, и најбезначаен скандал го возбудува како катастода што го потресува светот, и по петнаесетина луѓе распрашува за да дознае што претставува тајниот поредок во редоследот на приемите кај кнегињата М., или зошто една друга аристократка го примила господин Ф. во својата ложа. А преку таа страст, преку тоа сериозно сфаќање на дребулии, што подоцна ќе завладее и со неговите книги, и самиот се здобива со ранг на церемониалмајстор среде тој смешен, несериозен свет. Така, еден голем дух, една од најсилните фигури на нашата епоха, цели петнаесет години води толку бесмислен живот среде безделничари и новаци, дење лежејќи в постела исцрпен и трескав, навечер итајќи во фрак од едно до друго друштво, безумно трошејќи си го времето на приеми, писма и забави, како најизлишен човек во тој дневен танц на суетата; насекаде радо виден, никаде вистински забележан, всушност, само еден фрак и една бела врска помеѓу другите фракови и белите врски.

Само една единствена црта го разликува од другите. Секоја вечер, кога си оди дома и си легнува в постела, неспособен да спие, тој пишува, лист по лист полни со забелешки за она што го набљудувал, видел и чул. Тоа постепено се претвора во цели купишта, што тој ги чува во големи папки. И како што Сен Симон, навидум површен дворјанин на кралскиот двор, кришум станува сликар и судија на цела една епоха, така и Марсел Пруст секоја вечер прави попис на сето она што е ништожно и површно во „tout Paris“ во записи, белешки и обмислени скици, за можеби еднаш ефемерното да го вообличи како трајно.

А сега едно прашање за психолозите: што е првичното? Дали неспособниот за живот и болен Марсел Пруст петнаесет години го води овој глупав, бесмислен снобовски живот од чисто внатрешно задоволство, и дали се тие прибелешки само нешто споредно, нешто како дополнително задоволство од општествената игра што бргу ветрее? Или тој оди во салоните единствено како хемичар во лагораторијата, како ботаничар на ливадата, за незабележително да собира материјал за едно големо, единствено дело? Се преправа ли или не, соборец ли е во армијата на безделничарите или просто шпион од другото, повисокото царство? Талка ли од задоволството или од сметка, дали му е живот и потреба таа безмалку наумничава страст кон посихологијата на етикецијата или само грандиозно преправање на пасиониран аналитичар? Веројатно обете беа во него толку генијално, толку волшебно измешани, што вистинската природа на уметникот во него никогаш немаше да избие на површината, да не го оттргна судбината со својата груба рака од безначајното високо општество на разговори, за да го стави во затскриената, мрачна сфра на сопствениот свет, што само понекогаш ја осветлуваше внатрешната светлина. Зашто одненадеж сцената се менува. 1903 година умира мајка му, а набргу потоа лекарите ја констатираат неизлечивоста на неговата болест, што сè повеќе и повеќе се влошува. Сега Марсел Пруст со еден замав си го преобразува животот. Херметички се затвора во својата ќелија на булевар Осман, а безделничарскиот талкач и мрзливец преку ноќ се преобразува во еден од најогорчените, најнеуморните работници, комушто му се восхитува литературата на овој век; преку ноќ се префрла од највесела друштвеност во најдлабока осаменост. Трагична слика на овој голем писател: везден по цел ден, в постела, постојано му се мрзне мршавото, истоштено тело што го тресат грчеви. В постела облекува по три кошули едноврздруго, ватирани пластрони врз градите, дебели ракавици на рацете, а тој сепак - мрзне ли мрзне. Во каминот гори оган, прозорецот никогаш не се отвора, зашто веќе и од слабата миризба на неколку бедни костени среде асфалтот нему му се слушува (зашто ниедни гради во Париз не чувствуваат како неговите). Згрчен како труп тој везден лежи в постела, мачно дишејќи го тешкиот, презаситен воздух, отруен од лекови. Дури подоцна навечер со мака ќе собере сили да види малку светлина, малку блесок, малку од својата сакана средина на отменоста, пар аристократски лица. Слугата со сила ќе му го навлече фракот, ќе го завитка со шалови, а неговото трикатно облечено тело згора ќе го завитка со крзна. Така оди во Риц, за да разговара со неколкумина луѓе, за да си ја види обожуваната средина, раскошот. Пред вратата го чека неговиот фијакер, го чека по цела ноќ, за потем одново да го одвезе смртно уморниот човек в постела. Марсел Пруст веќе никогаш не излегува в општество, или сепак не, еден единствен пат: за својот роман му е потребна некаква подробност од држењето на некој отмен аристократ. И така, на општо чудење, еднаш одвај ќе се одвлече во некаков салон за да набљудува како војводата де Саган го носи моноклот. А еднаш ноќе посетува некаква прочуена кокота за да ја праша дали сè уште ја има шапката, што ја носела пред дваесет години во Булоњската шума; му била потребна за да ја опише Одет. Потем е длабоко разочаран кога слуша како таа го исмева велејќи дека одамна и ја подарила на својата прислужничка.

Од Риц колата го носи смртно уморниот човек дома. Над постојано запалената печка виси неговата вечерна облека и неговите пластрони: тој веќе одамна не може да носи студен веш на телото. Слугата го загрнува, го води кон постелата. А таму, држејќи ја рамно пред себе подлошката, го пишува својот широко замислен роман „A la recherche du temps perdu“. Дваесет папки се веќе целосно исполнети со нацрти, фотелјите и масите пред неговата постела, па и самата псотела се белеат претрупани со пусулчиња и листови. И така пишува ли пишува, ден и ноќ, секој буден час, со треска во крвта, со рацете во ракавици тресејќи се од студ, сè натаму и натаму и натаму. Понекогаш ќе го пости некој пријател, а тој љубопитно го распрашува за сите подробности од високото општество, гаснејќи се сè уште ги протега сите свои пипала на љубопитност кон загубениот, монденски свет. Како ловечки кучиња го саска наоколу пријателите да го известуваат за овој или оној скандал, за да биде информиран во најситни подробности за оваа или онаа личност, а сè што ќе му донесат, го бележи со нервозна алчност. А треската сè посилно го разјадува. Сè повеќе пропаѓа и исчезнува оваа кутро трескава урнатина од човек, Марсел Пруст, а сè повеќе ќе се шири и расте величенствено замисленото дело, романот или поточно низата од романи „A la recherche du temps perdu“.

Прустовите корекции и дополнувања врз напечатените табаци
Прустовите корекции и дополнувања врз напечатените табаци

Делото е започнато 1905, тој 1912 го смета за довршено. Според обемот изгледа дека се состои од три дебели тома (за потем, благорарение на проширувањето за време на печатењето, да нарасне на не помалку од десет). Сега пак го мачи прашањето за објавување. Четириесетгодишниот Марсел Пруст е наполно непознат, не, уште полошо од непознат, то ест, во литерарна смисла го бие лош глас: Марсел Пруст, па тоа е оној салонски сноб, монденско писателче, што во „Фигаро“ понекојпат објавува салонски анегдоти (при што недоветната публика речиси постојано она Марсел Пруст го чита Марсел Прево). Од него не може да се очекува ништо добро. На правиот пат, значи, тој не може да очекува ништо. Затоа, неговите пријатели се обидуваат објавувањето да го овозможат преку општествени врски. Еден висок аристократ го кани кај себе Андре Жид, уредникот на „Nouvelle Revue Francaise“ и му го предава ракописот. Но, „Nouvelle Revue Francaise“, она исто списание, што подоцна ќе заработи стотици илјади франка на ова дело, без колебање го одбива, исто како и „Mercure de France“ и Олендорф. Конечно се наоѓа еден нов, храбар издавач, кој сака да се осмели, но и нему му се потребни уште две години, до 1913, пред да се појави првиот том од големото дело. И токму кога успехот се готви да се раскрили, доаѓа војната и му ги потсекува крилјата.

Гробот на Марсел Пруст во Париските гробишта Пер Лашез
Гробот на Марсел Пруст во Париските гробишта Пер Лашез

По војната, откако веќе се објавени пет тома, Франција, а потем и Европа, почнува да го забележува ова единствено епско дело на нашето време. Но она што славата тогаш го нарекува Марсел Пруст, тоа е веќе одамна само еден исушен, трескав, неспокоен остаток од човек, сенка што трепери, беден болен човек, кој ги напрега сите свои сили само за да ја доживее уште појавата на своето дело. Навечер сè уште се влечка до Риц. Таму, врз посланата маса, или во портирницата, ги исправа коректурите на последниот отпечатен табак, зашто дома, во собата, в постела, веќе го чувствува гробот. Само тука, каде што пред очите одново му блештука саканата монденска средина, чувствува уште малку од последните сили, додека дома паѓа како со скршени кријла, де истоштувајќи се со наркотици, де стимулирајќи се со кофеин за кус разговор со пријателите или за нова работа. Сè побргу и побргу му се влошува состојбата, а човекот што и премногу долго безделничеше сега работи сè потрескаво, сè поалчно, за да ја превтаса смртта. Доктори веќе не сака да види, тие и премногу долго го измачуваа, а никогаш не му помогнаа. Така се брани самиот себеси и конечно умира на 18 Ноември 1922 година. И во последните денови, речиси целосно опфатен од уништувањето, тој се бори против неизбежното со единственото оружје на уметникот: со набљудувањето. Буден до последниот час, тој ја анализира сопствената состојба, а тие белешки треба да послужат за во коректурните табаци уште попластично, уште поверодостојно да ја прикаже смртта на својот јунак Бергот, треба да се обидат да разјаснат некои од најинтимните подробности, оние последните, што посателот не може да ги знае, а ги знае само човек на умирање. Последното движење му е набљудувањето. А врз ноќната масичка на умрениот, извалкани од разлеаните лекови, врз одвај читливото пусулче, се наоѓаат последните зборови, испишани со веќе наполу остинатата рака. Белешки за нов том, за кој би му биле потребни неколку години, додека тој има на располагање само уште неколку минути. Така тој и удира шлаканица на смртта: последен прекрасен гест на уметникот, кој го победува стравот од умирањето со тоа што го прислушкува.“

Static Wikipedia 2008 (March - no images)

aa - ab - als - am - an - ang - ar - arc - as - bar - bat_smg - bi - bug - bxr - cho - co - cr - csb - cv - cy - eo - es - et - eu - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - frp - fur - fy - ga - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - jbo - jv - ka - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - ms - mt - mus - my - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nn - -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -
https://www.classicistranieri.it - https://www.ebooksgratis.com - https://www.gutenbergaustralia.com - https://www.englishwikipedia.com - https://www.wikipediazim.com - https://www.wikisourcezim.com - https://www.projectgutenberg.net - https://www.projectgutenberg.es - https://www.radioascolto.com - https://www.debitoformativo.it - https://www.wikipediaforschools.org - https://www.projectgutenbergzim.com