16 октомври
Од Википедија, слободна енциклопедија
Шаблон:Октомври 2008
16 октомври е 289-иот ден во годината според григоријанскиот календар (290-и во престапна година). Остануваат 76 денови до крајот на годината.
Настани:
1813 | Кај Лајпциг почнала т.н. „Битка на народите“, во која Наполеоновите сили се нашле под ударите на здружените сојузници: Русија, Прусија и Австрија. Француската армија била победена, а на 19 октомври, сојузниците го зазеле Лајпциг. Наполеон се повлекол преку Рајна и неколку месеци подоцна бил принуден да абдицира. |
1925 | Во Локарно, Швајцарија, бил потпишан гарантен пакет меѓу Германија, Белгија и Франција за меѓусебно почитување на постојните граници. Договорот во Локарно создадал ера на мир и просперитет во Западна Европа, но покажал дека германските граници кон Полска и Чехословачка не се толку „свети“ како западните граници. |
1945 | Во Квебек, Канада, е основана Организацијата на обединетите нации за исхрана и земјоделство (ФАО), со задача да ги проучува проблемите на исхраната и на земјоделството во светот и да препорачува национални и меѓународни мерки за унапредување на исхраната на населението. Овој датум во 1979 година е установен како Светски ден на храната, а се прославува од 1982 година. |
1964 | Владата на НР Кина соопшти дека во оваа земја е извршена прва експериментална експлозија на нуклеарна бомба. Така Кина како петта земја во светот, стапи во редот на нуклеарните сили. |
1994 | Во Македонија се одржаа парламентарни, а по прв пат и претседателски избори. Киро Глигоров е повторно избран за Претседател на Република Македонија, со освоени 52,4% од гласовите. ВМРО ДПМНЕ не ги прифати резултатите од изборите. |
1997 | Папата Јован Павле Втори ја обележа 20-тата годишнина откако стана папа со најдолг стаж во Римокатоличката црква. |
Родени:
1781 | Џорџ Стивенсон, англиски пронаоѓач, „татко на железницата“. |
1921 | Славчо Стојменски, народен херој на Македонија. |
Починале:
1793 | Во Париз е погубена француската кралица Марија Антоанета, жена на францускиот крал Луј XVI, кој порано завршил на гилотина. Пресметката на револуцијата со кралската двојка долго време било едно од оправдувањата за интернационалистички војни на монархистичка Европа против Република Франција. |
2007 | Тоше Проески, македонската мега ѕвезда |
Празници:
Светски ден на храната |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |