Опера
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Опера е музичко-сценско дело,музичка драма. Содржи драмски текст,музика,игра и ликовно сценскиот израз кои се здружени во една уметничка форма. Во операта зборот (арии) хорското пеење, симфонискиот оперен оркестар, балетот, костимите и декорите се обединети во целина која е едно сложено музичко сценско, вокално инструментално дело.
Операта се прави со помош на композитор и либретист. Композиторот ја компонира музиката за целиот муички настан и на таа музика се пишува текстот (либрето) кој го пишува либретист.
Соло пејачите ја збогатуваат операта со своите гласовни способности. Постојат главни ликови кои се пеачи, најчесто еден машки глас тенор и еден женски глас сопран зсаради нивната подвижност.
Хорот има големо значење кое најчесто е поврзано со масовни сцени во кои е претставен народот. Во повеже случаи хорот е мешан.
Балетот го изведуваат пеачите и некои други личности со цел да се зголеми воодушувањето на публиката. За една опера треба да се ангажира кореограф кој ке им ги покаже движењата на ликовите во операта.
Оркестарот во операта е симфониски и тој го придружува пеачкото исполнување и го потенцира оперското дело. Во почетокот оперскиот оркестар самостојно ја свитри увертирата која претставува вовед во кој се вметнати сит попознати мелодии од целото оперско дело. Оркестарот се наоѓа на едно пониско ниво и по број на членови е многу голем, но заради малиот развиток на нашата опера бројот на членови е многу помал.
Целата опера е водена од еден човек деригент кој се наоѓа на едно средно ниво за да може да го води и оркестарот и ликовите на сцената.
Освен тоа многу важен е и режисерот кој го смислува целиот тек на операта и ја организира. Сценографот се грижи за целиот визуелен дел во операта. Костимографот ги прави костимите кои секогаш треба да бидат прилагодени на местото и времето на настанот. Корепетиторот е пијанист кој вежба со пејачите и членовите на оркестарот свирејки им ја главната мелодија.
Операта е изградена од повеќе дејствија составени од помали делови:оперска слика, пролог (воведен став) и епилог (завршеток). Дејствијата во операта се делат на чинови, слики и појави.