Култура
Од Википедија, слободна енциклопедија
Култу́ра (лат. colere, „одгледува“) — општо земено, се однесува на човековата активност; различните објаснувања на поимот „култура“ се одраз на различните теории и критериуми на разбирање и оценување на човековата активност. Културата се зема традиционално како најстар човечка одлика, она што го одделува човекот од животните, иако најновите откритија ни кажуваат дека оваа линија на поделба и не е така остра. Културата го обезбедува опстанокот на цивилизацијата. Таа настанала кога настанал и човекот.