See also ebooksgratis.com: no banners, no cookies, totally FREE.

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Биологија - Википедија

Биологија

Од Википедија, слободна енциклопедија

Биологијата (од грчките зборови bios = живот и logos = наука) e наука за живите суштества и животот воопшто. Во потесна смисла, таа ги изучува карактеристиките и однесувањето на организмите, нивното потекло и меѓусебни односи, како и односи со животната средина (биотопот), нивната морфолошко - анатомска организација како и нивниот биохемиско - физиолошки строеж.

[уреди] Историски развој на биологијата

Сознанијата за живата природа постепено се стекнувале уште многу порано пред настанокот на биологијата како посебна научна област. Во далечното минато, уште првобитните луѓе при собирањето на сопствената храна (разни растителни плодови и животни) почнале да распознаваат разни живи суштества. Подоцна, користејќи ги своите пообемни познавања за живиот свет во природата, човекот почнува да култивира некои растенија и да припитомува животни. Во врска со тоа, познавањето на човекот за живите суштества се проширува, а се стекнуваат сознанија и за условите во кои живеат живите суштества. Пред се, било потребно не само тие корисни растенија и животни да се распознаваат, туку и да се знае начинот на нивното размножување, како и поволните услови во кои тие најбрзо се размножуваат, растат и воопшто живеат. Сето ова укажува на фактот дека биологијата е многу стара наука. Меѓутоа, за воведување на терминот биологија, кое се случило на почетокот од 19 век од францускиот природонаучник Ламарк и германскиот научник Тревиранус, како и до развитокот на една единствена биолошка наука, можело да се дојде откако се дознало дека сите живи суштества претставуваат единствена појава и поседуваат низа заеднички белези со што суштински се разликуваат од неживата природа. Денес биологијата е толку многу развиена, што претставува комплекс од субнаучни дисциплини.

Биологијата е природна наука која ги изучува живите организми-растенијата,животните,човекот и микроорганизмите.Во состав на биологијата се развиле посебни делови:ботаника,што ги проучува растенијата,зоологија што ги проучува животните и микробиологија,што ги проучува микроорганизмите.

[уреди] Поделба на биологијата

Биологијата ја делиме според неколку основни принципи:

  • според предметот на проучување и нивото на биолошка организација на организмиите
  • според различните животни појави и проблеми што ги проучува кај растенијата и животните

Предмет на биолошките истражувања се растенијата и животните. И покрај општите белези на сите живи суштества, во најголем број случаи растенијата и животните значително се разликуваат меѓусебно. Поради тоа, според предметот на проучувањето биологијата е поделена на микробиологија, ботаника и зоологија, односно микробиологијата ги проучува најмалите организми - микроорганизмите, ботаниката ги проучува растенијата, додека зоологијата - животните. Но, овие субдисциплини на биологијата можат и понатаму да се делат, конкретизирајќи го предметот на проучување. Така, во ботаниката има:

А во зоологијата се среќаваат:

Според многубројните животни појави и проблеми, пак, биологијата е поделена на:

  • Морфологија, ја проучува формата и градбата на организмите
  • Цитологија, наука за клетката
  • Хистологија, наука за ткивата
  • Анатомија, внатрешната градба на организмите и нивните органи
  • Ембриологија, онтогенезата на организмите
  • Физиологија, ги проучува животните процеси во организмите
  • Систематика, ги опишува живите суштества врз база на сличностите и разликите, а со тоа ги класифицира во природен систем
  • Екологија, ги проучува заемните односи меѓу организмите и надворешната средина
  • Биохемија, интердисциплинарна наука меѓу биологијата и хемијата, ги проучува биохемиските реакции
  • Биофизика, ги изучува физичките манифестации кај организмите, мост меѓу биологијата и физиката
  • Биогеографија, ги изучува законите и условите за распространување на живите суштества и биотопите на Земјата
  • Генетика, ги проучува општите закономерности во наследувањето и менливоста кај организмите
  • Етологија, го проучува групното однесување на организмите итн.

[уреди] Биолошки методи на проучување

Најважни методи во биолошките научно-истражувачки работи се:

  • Набљудување, општ метод за сите природни науки, кое се врши со голо око или со микроскоп
  • Мерење е метод со кој се одредуваат квантитативните белези што се испитуваат
  • Експериментирањето е осмислена постапка што овозможува да се проучуваат појави под контролирани услови преку обработени техники
  • Документацијата е претставена од скици, фотографии, графикони и други материјали што се добиваат преку претходните три методи.
Други јазици


aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -