Јаглерод диоксид
Од Википедија, слободна енциклопедија
Јаглерод диоксидот е атмосферски гас чијашто молекула се состои од еден јаглероден и два кислородни атоми. Добро позната е и неговата хемиска формула: CO2. Во цврста агрегатна состојба е познат и како сув мраз.
Јаглеродниот диоксид се создава од различни извори, меѓу кои и вулкански ерупции, разградувањето на органската материја и од процесот на дишење кај живите организми. Исто така, тој се произведува и од ферментацијата на некои микроорганизми и од клеточното дишење. Растенијата го користат јаглеродниот диоксид при фотосинтезата, користејќи го притоа и кислородот за да синтетизираат јаглехидрати. По ова, растенијата испуштаат кислород во атмосферата, кој е исклучително важен за респирацијата кај хетеротрофните организми, притоа формирајќи циклус. Јаглеродниот диоксид го има во мали концентрации во атмосферата. Тој е главна состојка на јаглеродниот циклус.
![]() |
Ова е недовршена статија за наука. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |