Концентрација
Од Википедија, слободна енциклопедија
Во хемијата, концентрацијата претставува мерка за тоа колку една супстанција е измешана со некоја друга. Ова се однесува за секој вид на хемиска мешавина, но највеќе се користи кај растворите, каде се однесува на количината на растворената супстанција во растворувачот.
За да се концентрира еден раствор, мора во него да се додаде растворлива супстанција или, пак, да се намали количината на растворувачот (на пример, со селективна евапорација). А за да се разреди еден раствор, пак, мора да се додаде растворувач или да се намали количината на растворената супстанција во растворот.
Постои одредена концентрација при која не може понатаму да се раствара растворливата супстанција во растворувачот. При оваа состојба се вели дека растворот е заситен. Ако се додаде растворлива супстанција во заситен раствор, таа нема да се раствори. Наместо тоа, ќе се смени агрегатната состојба во суспензија. Точката на заситување зависи од многу варијабли, како амбиенталната температура и прецизната хемиска природа на растворената супстанција и растворувачот.
Концентрацијата може да се изрази и квалитативно (неформално) и квантитативно (бројчано).
Концентрацијата кај растворите се определува со следните изрази:
- γ(B) = m(B) / V(раствор) [g/dm3]
- σ(B) = V(B) / V(раствор) [без единица]
- c(B) = n(B) / V(раствор) [mol/dm3]
каде: