Апостол Павле
Од Википедија, слободна енциклопедија
Апостол Павле, или претходно познат како Савле. Познат како тринаесетти Христов апостол. Тој бил роден во Тарс, во фарисејско семејство, но се здобил и со римско државјанство (Дела 23:6). Пораснал во Ерусалим. Се занимавал со изработка на шатори. Од рабинот Гамалиел бил учен на фарисејството, а станал и еден од главните членови на антихристијанскиот еврејски совет, во чии активности спаѓа и убиството на Стефан, кое го одобрувал и самиот Павле.
[уреди] Тој е познат и како човек на виденија. Во Нов Завет се запишани седум Павлови виденија:
- видението на Христос (Дела 9:3-6; 26:13-15)
- видението на Македонецот (Дела 16:9)
- видението за сведочење (Дела 18:9)
- видението на предупредување (Дела 22:18)
- видението за евангелизација на главниот град, Рим (Дела 23:11)
- видението на охрабрување пред бродолом (Дела 27:23)
- видението за рајот (2 Кор. 12:1-4)
Послушноста спрема овие виденија е клучот на успехот на Павловата христијанска мисија. Кога во видение се соочил со Христос, на патот за Дамаск, од корен се променил и станал Христов следбеник и еден од дванаесетмина апостоли (Дела 9:1-31; Гал. 1:1-24). Како апостол е најпознат по тоа што е писател на голем дел од Новиот Завет, како и по своите мисионерски патувања низ целата Римска Империја, од Антиохија, преку Коринт, Ефес и многу други места, па сè до главниот град, Рим.
Портал: Saints |
[уреди] Надворешни линкови
- Epistles of Apostle Paul Бискуп Александар (Православна перспектива)
- Апостол и поет: Павле и Аратус Dr. Riemer Faber
- Еврејска енциклопедија: Саул од Тарс
- Ватикански извештаи