Екватор
Од Википедија, слободна енциклопедија
Екваторот е замислена линија која ја дели планетата на северна и јужна полутопка. Географската ширина на екваторот по дефиниција е 0°. Должината на земјиниот екватор изнесува 40075 km. Земјината топка не претставува идеална сфера и е всушност најиспупчена кај екваторот каде што нејзиниот просечен радиус од 6375 km е зголемен за приближно 22 km.
[уреди] Екваторска клима
Температурата околу екваторот е секогаш висока бидејќи ова место е најблизу до Сонцето. Не постојат четири годишни времиња во околината на оваа географска ширина. Климата е тропска, што значи постојат само две годишни времиња, обично разликувајќи се по големи врнежи или суши. Зависно од надморска висина или близина до океанот, овие два фактори може да варираат.
[уреди] Екваторски држави
Екваторот поминува низ територијата на 13 држави. Мора да се спомени дека иако е така именета, Екваторијална Гвинеја не спаѓа во оваа група на држави:
- Сао Томе и Принсипе
- Габон
- Република Конго
- Демократска Република Конго
- Уганда
- Кенија
- Сомалија
- Малдиви
- Индонезија
- Кирибати
- Еквадор
- Колумбија
- Бразил