Web Analytics

See also ebooksgratis.com: no banners, no cookies, totally FREE.

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Корисник:Македонија - Википедија

Корисник:Македонија

Од Википедија, слободна енциклопедија

Македонци
Етничко знаме на Македонскиот народ
Александар Велики  · Филип II Македонски
Клеопатра  · Св. Димитрија Солунски

Цар Самоил  · Св. Кирил и Методиј
Св. Климент Охридски  · Св. Наум Охридски


Гоце Делчев  · Јане Сандански
Крсте Петков Мисирков  · Ѓорѓија Пулевски
Вкупен број на населението

3.54 милиони

Региони каде што живее етничката група
Бројот на Македонците во етничка Македонија:

Знаме на Република Македонија Република Македонија
Знаме на Грција Егејска Македонија
Знаме на Бугарија Пиринска Македонија
Знаме на Албанија М. Преспа и Голо Брдо

Бројот на Македонците во странство:

1.300.000
202.000
203.000
35.000




[1]
[2]
[3]
[4]
Знаме на Бугарија Бугарија (без Пирин) 1.000.000
Знаме на Австралија Австралија 200.000
Знаме на Канада Канада 150.000
Знамето на САД САД 100.000
Знаме на Турција Турција 100.000
Знаме на Германија Германија 100.000
Знаме на Италија Италија 60.000
Знаме на Грција Грција (без Егеј) 50.000
Знаме на Бразил Бразил 41.000
Знаме на Србија Србија 40.000
Шаблон:Country data Швајцарија Швајцарија 15.000
Знаме на Полска Полска 8.000
Знаме на Австрија Австрија 6.000
Знаме на Croatia Хрватска 5.000
Знаме на Словенија Словенија 4.000
Црна Гора 3.100
Знаме на Франција Франција 3.000
Шаблон:Country data Bosnia and Herzegovina Босна и Херцеговина 3.000
Знаме на Романија Романија 1.000
Јазици
македонски
Религии
православни христијани, ислам
Поврзани етнички групи

• Словени
  • Јужни Словени
   • Источна група
     • Македонци

Македонците се европски народ кој ја населува историско-географската област Македонија. Поголемиот дел од Македонците живее во Република Македонија, и има значителни македонски малцинства во Бугарија, Грција, Албанија и Србија. Македонците го говорат македонскиот јазик и припаѓаат во групата на јужно-словенски народи[5].

[уреди] Антрополошки карактеристики

[уреди] Потекло

Официјалниот македонски став за генетскиот карактер на Македонскиот народ е дека современите Македонци се производ на мешањето на словенските племиња кои се се населуваат во Македонија во 7-ми век, со локалното население (Античките Македонци)[6]. Потврда за овој став се разните антрополошки и генетски истражувања, коишто констатираат само 20-25% словенски гени, додека останатите 75% ги оквалифилкуваат како генетски материјал од народите што ја населувале Македонија пред доаѓањето на Словените[7].

Официјалниот став за културолошкиот карактер на Македонците е дека македонското културно наследство е словенско, со силни византиски и отомански влијанија и примеси[8]. Македонците имаат богат средновековен културен фонд, чијшто индикатори се многубројните фрески, иконостаси и дрворези во црквите и манастирите, народните носии, книжевноста и друго. Македонскиот народ исто така има голема улога во создавањето на словенската писменост - имено солунскиот словенски дијалект се зема како основа за создавањето на старословенската азбука, и прави огромен придонес за општословенската и европската култура[9].

[уреди] Современи тенденции

Покрај официјалниот став, постојат неколку други теории за карактерот на македонскиот народ. Најпопуларната од нив е тезата за директна врска меѓу древните со денешните Македонци. Според оваа теорија, поддржувана особено од Александар Донски, Македонците се автохтоно население, кое и покрај транзицијата на други народи на овие подрачја, сепак ги има задржано цртите од своите антички предци[10]. Оваа теорија ја негира словенската врска во етногенезата.

Македонци во народна носија го играат “Тешкото“ оро.
Македонци во народна носија го играат “Тешкото“ оро.

Некои историчари сметаат дека сомнително е и самото тврдење дека Македонците се словенски народ, бидејќи, како што велат тие, за тоа нема археолошки докази[се бара извор].

[уреди] Култура

Културата на Македонецот е импресионистичко-традиционалистичка. Таа е силно поврзана со неговата родна земја и поднебјето во коешто живее. Богатото културно наследство на Македонците доаѓа до израз во народното творештво, раскошните народни носии, украсите и орнаментите во градските и селските куќи, самиот архитектурен стил, манастирите и црквите, иконостасите, иконите, дрвозерите, литературните дела итн.

Македонија се смета за лулката на словенската писменост и култура, а градот Охрид за Ерусалим на словенското православие. Имено во Македонија се создава првата словенска азбука, и се прави прва кодификација на старословенскиот јазик. Солунскиот македонски дијалект се зема како основа за црковно-словенскиот јазик на кој до ден денес се држи богослужба.

Типична македоснка градска куќа.
Типична македоснка градска куќа.
Традиционален македонски дрворез.
Традиционален македонски дрворез.

[уреди] Традиција

Македонецот се гордее со својата боречка традиција. Неговиот непокорен слободарски дух го манифестира со буни, востанија и отворена вооружена борба против поробителите.

[уреди] Религија

Македонците се претежно православно христијани. Втори по бројност се Македонците муслимани, а по нив се католиците и протестантите. Голем број на Македонци себе си се сметаат атеисти.

[уреди] Архитектура

Типичниот образец за македонската градска куќа е двокатна нискоградба со испакнат горен кат, варосана бела фасада, и црно-обоени дрвени носечки столбови и рамки за прозорци.

Селската куќа, пак, е изградена најчесто од камен, со здрава камена фасада, и чардак на вториот кат.

[уреди] Идентитет кај Македонците

Во минатото, Македонците не биле обединети и сплотени како што се денес. Македонците, иако посебен народ со своја посебна култура, заради денационализаторскиот милетски систем се делеле на Грци, Бугари и Срби[11]. Но во втората половина на XIX век и почетокот на XX век, започнува Македонската преродба, којашто трае до периодот меѓу двете светски војни, кога Македонскиот идентитет добива масовен карактер, а врвната точка ја достигнува пред, и за време на Втората Светска Војна, кога се создаваат Македонски воено-политички организации, се печати современа литература на изворен македонски јазик, и се отвораат училишта, коишто на младите Македонци им овозможуваат да го учат и негуваат мајчиниот јазик[12].

[уреди] Причини за проблемот со идентификацијата во минатото

Македонки во народни носии.
Македонки во народни носии.
Македонски фустанели.
Македонски фустанели.

Управниците на отоманската империја, преку создавањето на Рум-Милетот исклучителното право за раководење со духовниот и политичкиот живот на христијаните во империјата им го дава на грчките црковни власти. На овој начин, грчката црква станува официјална институција во отоманска Турција, и започнува да се бори против секоја национална пројава кај различните народи - осoбено на Балканскиот Полуостров[13].

Имено, овој милетски систем доведува до тоа Македонецот да се определува според црквата под чијашто ингеренција се наоѓа. Со создавањето и на бугарскиот и српскиот милет, Македонците биле третирани како Грци, а подоцна и како Бугари и Срби[14]. Со создавањето на училиштата на црковно-просветната пропаганда на соседните држави, овие разделби уште повеќе се задлабочуваат.

[уреди] Македонската преродба

И покрај силната активност на странските црковно-просветни пропаганди, коишто се бореле за создавање на грчка, бугарска и српска националност во Македонија, се појавуваат Македонци кои сметаат дека не се ниту Грци, ниту Срби, ниту Бугари, туку дека се посебен словенски народ - Македонци[15].

Со појавувањето на вакви личности кои пропагираат постоење на посебен Македонски народ, започнува периодот наречен Македонска преродба. А луѓето кои се директно влкучени во овој процес се наречени Макеоднски преродбеници.

Некои преродбениците се декларираат како директни потомци на Словените кои се населиле во Македонија во 6-ти век[16]; други сметаат дека се потомци на античките Македонци и на Александар Македонски (кого го сметаат за Словен)[17], а трети пак мислат дека се мешавина од двата народа[18]. Едно е важно и кај трите мислења - тоа што се застапуват за посебноста на Македонскиот народ.

[уреди] Истакнати Преродбеници

Првиот позначаен македонски преродбеник е Ѓорѓи Пулевски. Пулевски целиот живот го оддава на борбата против турското ропство. Учествува како доброволец во руската армија во војните за ослободување на Србија и Бугарија. Учесник е и во Кресненското востание. Го издава првиот речник на говорен македонски јазик, насловен „Речник од три јазика“, во 1975 година. Во 1880 ја издава и книгата „Слогница речовска“, којашто се смета за прв обид да се направи граматика на македонски јазик. Во неа Пулевски се обидува да создаде основни норми на македонски литературен јазик, комбинирајќи го централно-македонското наречје со словенската писмена традиција во Македонија, притоа креирајќи мошне интересна лексика и позајмувајќи зборови и од другите словенски јазици, но секогаш изразито македонизирани. Во неговата револуционерна поема „Самовила Македонска“, тој говори за посебен македонски народ, независна македонска држава и македонски јазик. Во 1888 во Софија ја формира Славјано-Македонската Книжевна Дружина.

Димитрија Чуповски.
Димитрија Чуповски.
Македонски Глас.
Македонски Глас.

Посебноста на Македонците се споменува и во писмото што Исаија Мажовски, за време на својата посета на Петербург во 1885, му го предава на рускиот цар Александар III од името на македонското (словенското) население од дебарскиот крај, со надеж дека ќе го заинтригира за состојбата во Македонија. Своевидна прокламација на македонскиот национален индивидуалитет и засебност претставува и неговиот говор на рускиот брод „Рицар“ на 18 јули, 1888 година, на пат за Киев, по повод прославата на 900-годишнината од покрстувањето на Русите, кога тој ја истакнува својата теза дека Македонците се директни потомци на античките Македонци, донесени на балканските простори од цар Каран пред 2500 години. Иако историски неточна, оваа изјава е многу важна за процесот на оформување на Македонците[19].

Преродбеникот Димитар Македонски бил првиот Македонец кој уште во 1871 година во својата статија во весникот „Македонија“ од 16 фебруари 1871, по повод македонското прашање запишал: „не зинала земјата па да ги голтне старите Македонци, ами тие се влеале во масата на овој народ“. Оваа негова изјава се смета за прва прокламација на тезата за мешање на македонските Словени и античките Македонци[20].

Докази за пројава на македонски идентитет се и изјаснувањата на војниците од Македонскиот полк во Русија, кои во своите документи, при пристигнувањето во Русија во 1752 година, запишуваат дека се припадници на Македонската нација[21].

Подоцна, во времето на Разловечкото и Кресненското востание, во периодот на 1875 и 1878 година, востаниците себеси јасно се декларираат како Македонци, припадници на македонскиот народ, кој е посебен словенски народ различен од бугарскиот и српскиот. Доказ за ова е Уставот на револуционерниот комитет на Кресненското востание напишан од Димитар Поп-Георгиев Беровски, во кој јасно се говори дека во Македонија живеат Македонци христијани и муслимани и во кој е зацртано создавање на македонска држава[22].

Крсте Мисирков.
Крсте Мисирков.
За Македонцките Работи.
За Македонцките Работи.

Во овој период за силната национална свест на Македонците, сведочи и големиот македонист, и еден од најнационлно освестените Македонци во тоа време, охриѓанецот Темко Попов. Тој во своето дело „Кој е крив“, напишано на македонски народен јазик во 1887 година, ја запишува реченицата од суштинско значење за свеста за нацоналната посебност кај Македонците: „И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти е Б’лгарин иљи Србин.“.

Прв странски автор кој пишува за постоење на луѓе од Македонија кои се декларираат како припадници на посебен македонски народ е бугарскиот писател Петко Славејков, во својата статија насловена „Македонското прашање“ објавена на 18 јануари, 1871 година, во весникот „Македонија“. Неговата статија е сведоштво за постоење на силната македонска национална свест меѓу Македонците за нивната национална посебност од останатите соседни народи. Во неговата статија тој вели: Македонците себеси се сметале за потомци на старите Македонци, и сметале дека немале ништо заедничко со Бугарите, кои погрдно ги нарекувале „Шопи“, и исто така дека оваа „опасност“ земала големи размери во многу македонски средини (Велес, Скопје, Прилеп, Битола)[23].

Во тоа време се прават и првите обиди за воведување на народен македонски јазик во училиштата, на местото на грчкиот јазик што се изучувал дотогаш. Пример за тоа е и одлуката на Костурската црковна општина во 1882 да воведе народен македонски јазик во училиштата, како и да се изработат учебници на македонски јазик. Ова, тие го побарале и од турските власти, во што јасно се изјасниле дека се Македонци и сакаат да се учи на македонски јазик во нивната област.

Треба да се спомене весникот „Лоза“, којшто се издава во 1892 година од страна на Младата македонска дружина во Софија (по кој и целото ова движење ќе го добие името „лозари“), уредувано од страна на Петар Попарсов и други македонски дејци. Иако карактерот на весникот е спорен (заради учество на врховисти како Милан Матов и Андреј Љапчев во редакцијата), весникот е од огромно значење за посебноста на македонскиот јазик, а со тоа и народ - заради фактот што и покрај тоа што издавачите го владееле бугарскиот јазик, тие сепак сите статии ги пишуваат на изработена од нив азбука (слична со денешната македонска) и на народен македонски говор. Токму поради јазикот на кој бил издаван (македонски народни говори, фонетски правопис, воведување на нови букви), како и заради својата содржина која обработува етнографски, политички и културни елементи од животот на Македонците, наскоро бил забранет од бугарските власти со образложение дека бил сепаратистички.

Ѓорѓија Пулевски.
Ѓорѓија Пулевски.
Од „Речник од три јазика“ на Ѓорѓи Пулевски, 1875
Од „Речник од три јазика“ на Ѓорѓи Пулевски, 1875

Дефинитивно највлијателниот македонски преродбеник е Крсте Петков Мисирков, кој во 1903 година во Софија ја печати својата фундаментална книга „За македонцките работи“. Во книгата Мисирков на детален начин ги образложува философските основи на модерниот македонски идентитет - дека Македонецот иако е сроден со Бугаринот и Србинот, тој сепак е посебен, и треба да се бори за таа своја посебност. Објаснува дека училиштата на соседните држави во Македонија треба да се заменат со македонски училишта во кои ќе се предава на македонски јазик и ќе се учи македонска историја. Мисирков, заедно со Димитрија Чуповски и други македонски студенти и емигранти, на 28 октомври 1902 година во Петербург го основа Македонското научно-литературно другарство „Св. Кирил и Методиј“. Автор е на многу дела кои ја разгледуваат тематиката на посебноста и самобитноста на Македонецот. Кон крајот на животот, тој го искажува своето национално самосознание во неговиот последен текст „Самоопределувањето на Македонците“, објавен во весникот „Мир“ на 25 март 1925 год, во кој вели: „Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од сè друго на светов. Македонецот не треба да се слева и да се обезличува живеејќи меѓу Бугари и Срби. Ние можеме да ја констатираме блискоста на српските, бугарските и македонските интереси, но сè треба да биде оценувано од македонско гледиште[24].

Прв сериозен весник издаван од Македонци, во којшто се потенцира посебноста на македонскиот народ и Македонија, е весникот издаван од страна на Димитрија Чуповски и дејците од Петербуршката Македонска Колонија, „Македонски Глас“. Весникот се издава во периодот 1912-1918 на руски јазик. Опфаќа теми од историското минато и сегашност на Македонците, политичката ситуација, како и за културното богатство. Во неговата статија „За Македонија и Македонците“ издадена во „Македонски Глас“ на 9 Јуни 1913, Димитрија Чуповски дава детален опис на историјата на македонскиот народ, неговиот бит и борбите за ослободување. Димитрија Чуповски и весникот што тој го печати, „Македонски Глас“, се многу важен момент во изградувањето на Македонците, зашто претставува прв обид на Македонците, преку создавање на нивен сопствен медиум, да пропагираат дека Македонците не се Бугари или Срби, туку посебен словенски народ[25].

[уреди] Историја на македонскиот народ

[уреди] Античките Македонци

Види Антички Македонци

Античките Македонци живееле во јужната област на тогашна Македонија уште од архаичното време. Првата македонска држава се јавува во VIII или раниот VII век п.н.е. под водството на династијата Аргеади, кога Македонците мигрирале таму од позападните краишта. Првиот крал за кој има документација е Пердика I, додека пак според некои преданија и според некои антички историчари прв македонски крал е Каран. Во времето на кралот Александар I Македонската територија почнала да се шири во Еордаја, Ботиаја, Пиерија, Мигдонија и Алмопија. Близу денешниот град Едеса (Воден), Пердика I (или поверојатно неговиот син Аргеј I) ја соградил првата престолнина Ајга (денешна Вергина).

По краток период на персиска власт под водство на кралот Дариј I, државата ја вратила својата независност под водство на кралот Александар I (495–450 п.н.е. п.н.е.). Пред IV век п.н.е. кралството покривало територија по големина еднаква на денешната област Македонија во Грција. Аминта III (ц. 393–370 п.н.е.) за прв пат ја централизирал власта во Македонија, иако контрастот помеѓу сточарскиот рамнишен регион и изолираната задгрбнина бил голем. Овие се врзувале за кралот со семејни врски. Родовските заедници во задгрбнината ги контролирале приодите низ кои поминувале илирските војски во напад на Македонија северно и северозападно. Аминта имал три сина; првите два, Александар II и Пердика III владееле само накратко. Премладиот син на Пердика III бил заменет со третиот син на Аминта, Филип II Македонски кој се прогласил за крал и подоцна ја завладеал и Грција.

[уреди] Експанзија

За време на кралот Филип II, (359–336 п.н.е.) Македонија се проширила на територијата на пајонците, тракијците и илирите. Ова ги придодало кон кралството битолската и гевгелиската област (во параметри на денешна Македонија).

Македонија станала политички активна со нејзините односи со јужно-централните грчки полиси, но исто така задржала и некои архаични културни и општествени елементи како централизација на градот околу кралската палата (прво во Ајга, а потоа и во Пела) повеќе слична на микенската култура, отколку на хеленските полиси, како и други архаични обичаи, како повеќето жени на Филип како додаток на постоечкиот брак со епирската кралицата Олимпија, мајка на Александар Македонски.

Друг архаичен елемент била истрајноста на системот на наследна монархија која значела голема, а понекогаш и апсолутна власт, иако понекогаш кралот бил проверуван и модериран од страна на аристократијата. Затоа меѓусемејните борби за власт не биле реткост. Ова представувало голем контраст со хеленските полиси јужно каде владеела демократија; де факто -монархијата на тираните, во која наследноста била повеќе амбиција одколку фактички остварлива; и ограничената, највеќе војна и свештеничка моќ на спартанската дијархија. Истото ова важи за феудалните институции како крепосништвото, кое веројатно опстојале во Македонија многу години низ историјата. Ваквите институции биле укинати во грчките полиси во времето на Солон.

Македонското царство на Александар Велики
Македонското царство на Александар Велики

Синот на Филип, Александар Македонски (336–323 п.н.е.) за релативно краток период успеал да ја наметне македонската власт не само врз Грција, туку и врз персиското царство, вклучувајќи го и Египет, блискиот, далекиот исток и Индија. Александар ги прифатил политичките системи на освоените земји. Иако царството се распаднало накратко по неговата смрт, неговите освојувања оставиле траен печат во регионите.

И покрај распадот на царството во помали кралства раководени од генералите на Александар, македонија останала многу атрактивна територија. За кратко време била владеена од страна на Деметер I (294–288 п.н.е.), но потоа започнала граѓанска војна. Антипатер и неговиот син Касандар ја зазеле власта, но ја изгубиле по смррта на Касандар во 297 п.н.е..

Александар Македонски
Александар Македонски

Синот на Деметер Антигон II (277–239 п.н.е.) успешно го вратил мирот и просперитетот и успешно ја одбранил Македонија од галациската инвазија, но изгубил контрола врз многу грчки полиси. Тој сепак воспоставил стабилна монархија и благодарение на него, новата династија Антигониди. Неговиот наследник Антигон II (239–221 п.н.е.) ги искористил овие предности и ја проширил власта на Македонија ширум регионот.

[уреди] Пропаста на царството

Под водство на кралот Филип V (221–179 п.н.е.) и неговиот син Персеј (179–168 п.н.е.) Македонија се соочила со експанзионизмот на римската република. За време на II век п.н.е. и I век п.н.е. Македонија била во неколку војни со Рим. Ова релузтирало во пораз на Македонија, отстранувањето на Антигонидите и распадот на македонското кралство. Андриск успеал накратко да ја врати монархијата во 149 п.н.е. но бил поразен следната година и македонија подпаднала под директна римска власт како Римска провинција Македонија.


[уреди] Борбите со Византија

[уреди] Македонските склавинии

За време на словенската инвазија врз Византија, Македонските Словени успеваат да извојуваат пат до најјужните предели на империјата. До крајот на 6 век, целата територија на Македонија (освен Солун и приморските тврдини) е во рацете на Словените. Словенските племиња кои се населуваат во Македонија се Берзити (брсјаци), Смолјани, Струмјани, Драговити, Сагудати, Ринхини, Велегезити и Венити[26].

Во најстарите историски извори за македонските Словени, „Животот на Св. Димитрија Солунски“, тие се опишани како физички издржливи, имуни на многу болести коишто за Ромеите се смртоносни, и многу лукави во војувањето. Откако се населуваат на територијата на географска Македонија, Словените се самоорганизираат во Склавинии - коишто претставуваат полу-државни воено-племенски сојузи, коишто, пак, се обединети во кнежевства - управувани од кнез[27].

Македонските Словени, водени од кнез Хатсон, пред нападот на град Солун.
Македонските Словени, водени од кнез Хатсон, пред нападот на град Солун.

Македонските Словени ја создаваат својата прва држава (сојуз на склавинии) уште во дваесеттите години на 7 век, под водството на кнезот Хатсон. Хатсон ја води армијата на македонските Словени во неколку успешни битки против визаниската армија, натерувајќи ја притоа да се сокрие во утврдениот град Солун. Хатсон подоцна решава да изврши напад врз Солун. Словените од 584 до 677 година извршуваат пет напади и две долги опсади на градот Солун. Најголем е нападот организиран од кнез Хатсон, 614-616. По почетните триумфи, во самата битка за градот, кнез Хатсон загинува, а армијата на македонските Склавинии е поразена. 50 години подоцна, македонските склавинии се соземаат и почнуваат нов напад врз Солун под водството на кнез Пребонд. Градот е под опсада долго време, но армијата на кнезот е поразена, и македонските Словени потпаѓаат под византиска власт[28].

[уреди] Самуилово Царство

По ослабувањето на Бугарската држава заради долгогодишните војни со Византија, управникот на областа Македонија, комит Никола, во 970 година се одделува, формирајќи своја држава. По краткотрајна борба за превласт помеѓу неговите четири сина, во 976 година на чело на новоформираната држава застанува Самуил. Престолнината на новата држава е градот Преспа[29].

Самоиловото царство во 996 година.
Самоиловото царство во 996 година.

Самуил води 20 годишна војна со Византија, којашто цело време врши напади врз неговата држава. По почетните победи, неговото царство се проширува кон териториите на денешна Република Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, северозападна Грција, северна и западна Бугарија. Следните десет години, Самуил води успешни борби за сочувување на териториите на својата држава. Но во јули 1014 година, во битката кај Беласица, неговата армија е поразена од византискиот император Василиј II Македонски.[30].

Иако не успева да ја сочува независноста на неговата земја од Византија, Самуил со децении успешно се спротивставува на Византија и останува во историјата како единствениот водач кој успеал да го победил Василиј II во битка.

Иако потеклото на Самуил е спорно, треба да се потенцира дека неговата армија е составена исклучиво од луѓе од Македонија. Неговото име и дело е врежано во традициите на македонскиот народ и понатаму неговото име се спомнува како дел од процесот на народната преродба.

[уреди] Државата на Добромир Хрс

Слика:Prosek.jpg
Средновековниот град Просек (во непосредна близина на Демир Капија).

Позначајни македонски буни против византискиот гнет се организираните буни од страна на Добромир Хрс и Петар Дељан[31].

Тврдината на Добромир Хрс во Струмица.
Тврдината на Добромир Хрс во Струмица.

Во моментот кога Византија започнува поход против бугарските востаници во Велико Трново, во околината на град Струмица, се дига востание. Востанието е водено од македонскиот бољар Добромир Хрс. Во 1190 година, востаничка војска од 600 души под негова команда го напаѓа и освојува од Византијците, утврдениот град Струмица. Веднаш потоа, мобилизирајќи го локалното население ги раширува границите на своите владенија[32].

Добромир хрс се покажува како итар дипломат кога во 1193 година склучува пакт со Византијците, кои му ги признаваат територијалните придобивки околу Струмица, и почнува војна против Бугарите. Кога гледа дека Византијците си ја повраќаат силата и постигнуваат успеси во борбата против Бугарите, Хрс го ракинува пактот со Грците и ги напаѓа нивните владенија на запад од Вардар. Успевајќи да им нанесе десетици порази на Византијците, Хрс ги освојува градовите Прилеп и Битола, како и гратчето Просак (денешна Демир Капија), коешто го прогласува за престолнина. Следните неколку години успева да осигура стабилност на неговата држава, војувајќи и против Византија, и против Бугарија[33].

Но во 1205 година, под ударот на десет пати поголемата византиска армија, државата на Хрс е покорена. Хрс засекогаш останува во македонската историја како најуспешниуот и најлукавиот владетел-дипломат.

[уреди] Борбите со Османлиите

Во почетокот на 14 век, по сеодајна борба против османлиските Турци, територијата на Македонија паѓа под Османлиска власт. Периодот од 1400 до 1912 година од страна на македонската наука се нарекува османлиско ропство, или едноставно турско ропство[34].

Целиот овој период, македонскиот народ, како и други христијански народи, е изложен на еден постојан физички гнет. Честите колежи и насилното исламизирање доведуваат до драстични демографски промени кај македонскиот народ. Специјалните закони за ограничување на правата на немуслиманите, прават Македонецот да биде слуга на Турците и другите азијатски народи-колонизатори на Балканскиот полуостров.

Но македонскиот народ својот револт го манифестира со многуте буни и востанија. Уште од првите децении на османлиското ропство, македонските планини се полнат со ајдути - заштитници на народот и борци против неправдата.

Првите вооружени пројави се неорганизирани, спонтани, и најчесто имаат карактер на селски буни. Но на крајот на XIX и почетокот XX, особено по формирањето на ВМОРО, востанијата се организрани и даваат забележителни резултати.

И покрај петвековното ропство, македонскиот народ успеал да го сочува својот јазик, традиција и културно наследство.

[уреди] Востанија

[уреди] Карпошовото востание

Главна статија: Карпошово востание.
Писмо од австрискиот император Леополд I во кое се дава подршка за македонските востаници на Карпош.
Писмо од австрискиот император Леополд I во кое се дава подршка за македонските востаници на Карпош.

Првото поголемо и позначајно македонско востание е Карпошовото востанието. Тоа е организирано од страна на легендарниот македонски водач Карпош. Карпош е роден во кумановското село Војник. Отпрвин Карпош бил рудар, но неможејќи да ги поднесе тешките услови и понижувањето, се вооружал и отишол во планина како ајдутин. За време на Австро-Турската војна, Карпош почнал да го организира народот по селата создавајќи притоа силна востаничка армија. Стапува во контакт со австриската армија, којашто му дава дури и еден одред од Австријци и Унгарци, којшто ќе биде под негова команда.

Карпошовата востаничка армија од 5000 души води неколку битки со Турците, кои завршуваат со пораз за Турците, притоа успевајќи во цела Северна Македонија да создаде слободна востаничка територија. Благодарение на активноста на Карпошовата војска, Австријците успеваат да стигнат до стратешки победи, и како благодарност и признание за борбата на македонските востаници на Карпош, австрискиот император го прогласува Карпош за Крал на Куманово и вазал на Австрија.

Во понатамошниот тек на војната, Австрија не успева да ја донесе ветената помош, и слободната територија во Северна Македонија е покорена и востанието брутално задушено. Самиот Карпош е обесен во Скопје, на Камениот мост во 1689 година.

[уреди] Негушкото востание

Негушкото востание е востание подигнато од Македонскиот народ помогнат од месните жители Власи и Грци во април 1828 година, против турската власт, но пред се востанието било подигнато против безобзирните турски чифликсајбии кои безмилосно го експлоатирале македонското население. Востанието избувнало во западниот дел на Солунското поле во градот Негуш и во повеќе воденски села. Македонците од овие краишта помогнати од своите сожители Власи и Грци востанието го дигнале под раководство на Атанас - Каратасе (Македонец, познат и како Караташо или Каратошо) и Гачо (Влав), а учество зеле и ајдутските војводи Зафиракис и Дијамандис. Востанието почнало да се шири со голема брзина на исток од градот Негуш и ги зафатило сите села до утоката на реката Бистрица. Според податоците на англискиот конзул, бројот на востаниците во Солун се качил на 2000 (скоро сите Македонци), а постоела голема опасност тие да го нападнат и самиот град Солун. Меѓутоа востаниците своите напади ги насочиле врз турските чифлици на крупните земјопоседници и на полските кули. Востаниците запалиле околу 134 турски чифлизи и помали села, потоа го зазеле градот Негуш, го заробиле турскиот кајмакам во него и ги убиле малубројните Турци во околните места. Востанието било брзо задушено од страна на турските власти со оглед на тоа дека востанието било просторно многу оддалечено и отсечено од центарот на Грчкото востание кое се одвивало во истото време и аскерот многу лесно ја опколил слободната територија од сите страни. Со бројност од 15000 војници, Турците успеале да го скршат отпорот на востаниците и да го вратат назад градот Негуш. Поради турските жестокости врз месното население настанало општо бегање и раселување на луѓето од овие краишта. Самиот водач на востанието Каратасе преминал во Србија и во неа умрел како полковник - емигрант.

[уреди] Разловечко

Главна статија: Разловечко востание.

Повлијаени од Херцеговското востание и од подготовките на Русија за војна против османлиска Турција, во источна Македонија започнува една револуционерна дејност. Беровскиот првенец Димитар Поп Георгиев и неговиот дедо Поп Стојан Разловечки се водачи на ова движење. Тие прават конспиративна група која подготвува и почнува да исполнува план за востание во источна Македонија. Без да разберат турските власти, групата предводена од Димитар Поп-Георгиев агититира по селата и започнува да ги вооружува селаните со пушки купени од Кочани и од Ќустендил.

Димитар Поп Георгиев.
Димитар Поп Георгиев.

Иако успеваат да вооружат неколку села, заради едно недоразборање - имено мислејќи дека се откриени од властите, раководителите на 8 мај 1876 година објавуваат предвремено востание. Востаниците го преземаат селото Разловци, а следните денови во битки со Турците ги освојуваат и останатите села во регионот. Востанието заради тоа што е неподготвено трае само една недела, но е од големо значење за Македонците, затоа што претставува прво современо македонско востание, што е навистина израз на самостојна револуционерна дејност, со учество на сите општествени слоеви: учители, свештеници, трговци и занаетчии, а најмасовно учество земаат македонските селани.

Четите под раководство на Димитар Поп Георгиев се префрлуваат во Пиринска Македонија и Бервско, кадешто следната година го организираат попознатото и поуспешно Кресненско востание.

[уреди] Кресненско

Главна статија: Кресненско востание.

По Разловечкото востание, Димитар Поп Георгиев се пријавува како доброволец во Руската армија во Одеса, и од 1977 до 1878 учествува во сите поважни битки во војната. Имено, од редовите на македонските војници во Руската армија се раѓаат раководителите на Кресненското востание.

Илија Малешевски.
Илија Малешевски.

Кресненското Востание е организирано од македонските војници кои служат во македонскиот полк во Руската армија, за време на Руско-Турската Војна од 1877-1878. Разочарани од тоа што Великите Сили не и дозволуваат на Русија да навлезе во Македонија, дел од македонските војници под командата на поручникот Димитар Поп Георгиев во соработка со локални луѓе од Пијанечко и Малешевско, организираат транспорт на оружје и муниција за вооружување на востанието. Како доброволци во востаничката војска се пријавуваат и Украинци од Руската армија.

Печат на Кресненското востание.
Печат на Кресненското востание.

Востанието започнува на 17 октомври 1878 година со нападот на Кресненските анови во кои била сместена турската војска. Во нападот учествувале 700 востаници и селани од околните села. При самиот напад на турскиот гарнизон на востаниците им се предале 119 турски војници. По ослободувањето на Кресна, востанието се проширило во околината и подалеку во Мелничко, Беровско, Делчевско, Демирхисарско, при што се создава голема слободна територија во областа на денешна источна Макеоднија.

Значајното за Кресненското востание е тоа што востаничките водачи, во ослободените територии воведуваат административна власт. Штабот на востанието на чело со Димитар Поп-Георгиев Беровски и Украинецот Калмиков, се нарекува „штаб на македонското востание“, прави свој печат, и издава правилник во кој востанието се нарекува Македонско, а населението Македонци.

По првите успеси, настанува спор и недоразбирање меѓу востаниците и бугарската егзархија. Турците го искористуваат расцепот, и на 11 ноември, по долготрајни борби успеваат да го задушат востанието.

[уреди] Илинденско

Главна статија: Илинденско востание.
Група македонски востаници во 1903 година.
Група македонски востаници во 1903 година.

Илинденското вистание е организирано од револуционерната организација ВМОРО. По неколкугодишно вооружување на населението, притоа создавајќи една вистинска држава во држава, на Смилевскиот конгрес на организацијата, е решено на 20 јули (2 август нов стил) 1903 година во Битолскиот вилает да се дигне сенародно востание.

8000 вооружени Македонци востануваат на 2 август 1903 година и ги растресуваат темелите на Отоманската власт во Македонија. Во првите два дена од востанието, македонските востаници со пушка во раце ослободуваат 150 села и три града (Крушево, Невеска и Клисура). Се создава една ослободена територија која се протека од Дебарско-Кичевскиот регион, преку Охрисдко, Струшко, Битолско, Леринско, Костурско, и Воденско. целата турска војска и администрацијата од оваа територија е или ликвидирана или пребегната.

Костурските востаници го превземаат градот Клисура.
Костурските востаници го превземаат градот Клисура.

Вооружени битки се водат и во Пиринскиот крај, во Кумановско, во Гевгелиско, и во Делчевско. Востанието трае цели 4 месеца (почнува на 2 август, а последните вооружени дејствија завршуваат во Ноември).

Илинденското востание се смета од многу Македонци како највеликиот ден во историјата на македонскиот народ - затоа што 8000 вооружени души водат војна против 300 000 редовна армија и за време на 4 месечни битки и нанесуваат големи жртви (востаничките загуби се 860, а турските се околу 5900).

Илинденското востание успева да постигне дел од своите цели - европската опшественост е раздвижена, и се почнува дебата за иднината на Македонија, која резултира со Австриско-Рускиот договор за реформи во Макеоднија познат под името Мирцштегски договор.

[уреди] 1912-1941

До Илинденското востание, ВМОРО се бори за независна Македонија во која сите македонски народности ќе бидат рамноправни. Но по 1903 година раководството на ВМОРО преоѓа во рацете на оние Македонци кои сметаат дека Македонија треба по нејзиното ослободување да биде дел од Велика Бугарија. До 1912 година Македонија ќе се претвори во арена на која три различни движења (бугарофилски, србомански и гркомански) водат крвави борби една против друга за превласт над Македонија.

Букурештка Македонија по во 1913 година.
Букурештка Македонија по во 1913 година.

Во 1913 година по Балканските војни, со договорот од Букурешт, географска Македонија е поделена меѓу трите балкански монархии Грција, Србија и Бугарија. Доаѓа и Првата Светска Војна, која не носи решавање на Македонското прашање. Голем дел од македонскиот народ, очаен од војни, репресии и поделби успева да биде придобиен од про-бугарската автономистичка организација ВМРО, која преку лажни ветувања за независна Макеоднија прави востанија и буни, во кои најмногу страда обичниот Македонец.

Во тоа време има две организации кои навистина се борат за слобода на македонскиот народ, и кои пропагираат дека Македонците се посебен народ, а не Срби, Бугари и Грци - тоа се Петербуршкото Македонско Дружтво водено од Димитрија Чуповски, и ВМРО-Обединета водена од Димитар Влахов, Панко брашнаров и Павел Шатев.

Значајното во овој период е тоа што разочарани од империјалистичките политики на балканските држави, кај Македонците се зацврстува и кристализира нивната посебност - т.е. се масовизира идејата дека тие се посебен народ различен од Грците, Бугарите и Србите, и дека се обезправен народ, разделен, кој заслужува да си има своја држава и сам да управува со совојата судбина.

Врвниот момент овој процес го достигнува во Втората Светска Војна и непосредно по неа, кога на териториите на сите три дела од Географска Македонија (Вардарски, Пириснки и Егејски) се отвораат училишта на македонски јазик и се формираат македонски институции.

[уреди] Народно Ослободителна Војна

Македонскиот народ во својот поголем дел ја пречекува Втората Светска Војна национално освестен. Меѓу двете Светски војни Македонците осознаваат дека само со помош на Комунистичките партии и со социјалистичка револуција ќе успеат да се изборат за своите права и да создадат своја држава. Во тој правец дејствува ВМРО-Обединета, а во исто време и се создаваат првите Комунистички организации во сите делови на Македонија (Вардарска, Пиринска и Егејска).

фашистичкките агресии на Балканот отвораат пат на една нова борба, во која Македонците истакнувајќи се со надчовечки хероизам и пожртвуваност ќе успеат да исполнат вековните стремежи.

[уреди] Вардарска Македонија

Востанието против фашистичките окупатори во Македонија започнува во октомври 1941 година со партизански акции во Прилеп, Скопје и Куманово. Партизанска активност се забележува и во велешко и Тиквешијата.

Методија Андонов Ченто со група партизани.
Методија Андонов Ченто со група партизани.

Во 1943 година на Славеј планина е форморан партизанскиот батаљон “Мирче Ацев“ од кој е создадена народноослободителната војска на Македонија. Вистинскиот пресврт на настаните настануваат во почетокот на 1944 година кога македонската партизанска армија брои неколку илјади души и го извршува познатиот февруарски поход. За задушување на партизанското движење во Македонија, освен целосниот состав на бугарската Петта армија, биле ангажирани и 91-от германски армиски корпус од Солун со 4 бригадни групи.

По капитулацијата на фашистичка Бугарија, целата народно-ослободителна војска во Вардарска Македонија започнува фронтална офанзива за ликвидирање на германските воени единици стационирани во Македонија.

На 2 август 1944 година, во манастирот Прохор Пчињски се одржува Првото заседание на АСНОМ, со кое се поставуваат темелите на современата македонска државност. Исто така на заседанието се даваат главните насоки за завршните операции за ослободување на Македонија.

До крајот на 1944 година, целата територија на Вардарска Македонија е во рацете на Народно-ослободителната Војска.

[уреди] Егејска Македонија

Млади Македонци од Костурското село Бапчор во редовите на НОФ.
Млади Македонци од Костурското село Бапчор во редовите на НОФ.

По капитулирањето на Грција, грчката партизанска амрија ЕЛАС, прави неколку неуспешни обиди да го мобилизира целосно македонското население за нејзината кауза. По неуспешните обиди, дозволува македонските членови на КПГ, да формираат нивна посебна организација СНОФ и посебни батаљони.

Во 1944 година СНОФ е расформирана по наредба на КПГ, и еден нејзин батаљон, незадоволен од оваа одлука се префрлува во Вардарска Македонија, и тука зема учество во завршните операции на НОБ. Во 1945 година овие единици се префрлуваат во Егејска Македонија и учествуваат во создавањето на Народно Ослободителниот Фронт на Македонците од Егејска Македонија, а потоа учествуваат во Граѓанската Војна во Грција.

Македонците кои претставуваат 60% од силите на ДАГ, се борат од 1945-1949 и успеваат да создадат слободни територии во кои се води македонска културна дејност. Но, поради отворената англо-американска помош на владината армија, ДАГ е поразена, и 50 000 луѓе се протерани од земјата.

[уреди] Пиринска Македонија

Во Пиринска Македонија всушност и започнува антифашистичката борба во Бугарија. Таму се води првата битка меѓу партизанска единица во Бугарија продив владини фашистички сили. По Втората Светска Војна, БКП на чело со Георги Димитров е подготвена да ја отстапи Пиринска Македонија за да се спои со Вардарска. Затоа и до 1949 е дозволено макеоднски учители да бидат испраќани таму за да ги учат децата на македонски јазик и историја.

Но, заради судирот на Тито со Советскиот Сојуз и остатокот од Источниот блок, овој процес е прекинат.

[уреди] Број на Македонците во Македонија и светот

Вкупната бројност на Македонците во светот се движи од 3,5 до 4 милиони луѓе.

[уреди] Бројот на Македонците во Република Македонија

Според последниот попис на насленито во Република Македонија во 2002 година бројот на Македонци во државата е 1 297 981 (64,18%) [35]. Бројот на Македонци во пописната година 1994 бројот на Македонците во државата е 1 378 687 - причина за намалувањето е емиграцијата во прекуокеанските земји.

Според податоците од пописот во 2002 година, бројот на граѓани чиј мајчин јазик е македонскиот изнесува 1 401 897 (69,31%) души [36].

[уреди] Македонци во соседните земји

Во соседните земји, односно во Пиринска Македонија, Егејска Македонија, Мала Преспа, Голо Брдо (географски територии на Македонија), Гора (македонска етничка територија поделена меѓу Албанија и Косово) и во Србија живеат околу 500 000 души кои го говорат македонскиот јазик [37][38]. Официјалната теза на Република Македонија е дека овие луѓе се Македонци по потекло, иако дел од нив не успеал да оформи, или пак го загубил националното чувство поради репресиите и пропагандите во минатото, како и заради денешната асимилаторска политика од страна на државите во коишто живеат, а и поради неможноста да го изучуваат и да се образуваат на мајчиниот македонски јазик. Огромниот дел од нив го говорат мајчиниот дијалект и ги негување македонските културни традиции и родови врски.

[уреди] Бројот на Македонците во странство

Официјалната македонска статисктика за бројот на Македонци во странство е несигурна, но се претпоставува дека се движи межу 300 000 и 500 000 души, најмногу населени во САД, Австралија, Канада, Германија, Швајцарија, а во помал број и во Италија, Австрија па дури и во Аргентина и Јужно Африканска Република. Во западноевропските и прекуокеанските земји Македонците слободно и достојно ги негуваат своите македонски традиции и се организирани во македонски клубови и друштва, имаат свои културно уметнички друштва, цркви, радио и телевизиски програми, а во австралискиот град Сиднеј постои и гиманзиска паралелка на македонски јазик.

[уреди] Национални симболи

Шеснаесет-зрачното сонце од Кутлеш.
Шеснаесет-зрачното сонце од Кутлеш.

Како неофицијални но м,асовно употребувани македонски национални симболи се употребуваат шеснаесет зрачното сонце од Кутлеш коешто било симбол на античка Македонија, и жолтиот лав на црвена подлога, кој бил симбол на средновековна Македонија и официјално знаме на Илинденското востание. И двата симбола се користат на културни манифестации, спортски натпревари, митинзи, а се забелжува и нивна масовна употреба од страна на емиграцијата.

Златниот лав - симбол на средновековна Македонија, и на Илинденската епопеја.
Златниот лав - симбол на средновековна Македонија, и на Илинденската епопеја.

Едно од двата неофицијални симбола на Македонците - шеснаесет зрачното златно-жолто сонце од Кутлеш на црвена основа, беше и официјално државно знаме на Р. Македонија во периодот од 1991 до 1995 година.

И двете знамиња (и сонцето и лавот) се општоприфатени како македонски национални симболи насекаде каде што живеат Македонци, а исто така се употребуваат и како амблеми на македонските партии и организации во странство (околните држави) и во Македонија.

[уреди] Македонскиот народ денес

Македонците ги уживаат придобивките од борбата на нивните предци и слободно ја градат својата современа култура. Во својата најголема придобивка - слободната Република Македонија, Македонците се образоваат, надградуваат и се борат за подобро општество и животен стандард.

Со развојот на плурализмот, особено после 1992 година, и Македонците кои живеат во соседните балкански земји работат на афирмирање на нивните културни и социјални права. Најзначајни организации на Македонците од соседните земји се партијата “Виножито“ во Грција, “ОМО Илинден Пирин“ во Бугарија, “Демократска партија на Македонците од Албанија“ и “Здружението на Македонците во Србија“.

Јавното мислење во Република Македонија е дека државата треба повеќе да се заинтересира и заложи за своите сонародници во соседните земји за сочувување на македонскиот јазик и традиции таму како и за почитување на човековите и малцинските права на Македонците. Иако секој обид на Република Македонија да помогне на Македонците од соседните земји на било кое поле (културно, научно, образовно, економско) од соседните земји се смета за „територијална претензија“ на Република Македонија, јавното мислење е дека тоа не треба да ја спречува Република Македонија да ги помага и поддржува Македонците надвор од нејзините граници.

Стратешки цели на Македонците и на република Македонија се стабилна политичка ситуација, силна економија и полноправно членство во НАТО и Европската Унија.


[уреди] Извори

  1. 2002 попис
  2. Joshua Project - 2007 Број
  3. Joshua Project - 2007 Број
  4. Joshua Project - 2007 Број
  5. Историја на македонскиот народ. Др. Блаже Ристовски.
  6. Историја на македонскиот народ. Др. Блаже Ристовски.
  7. „Anthropological Evidence and the Fallmerayer Thesis“.
  8. Создавање на македонската нација. Драган Ташковски
  9. Македонските Словени од VI до IX век. Др. Орде Иваноски
  10. Етно-културните врски меѓу античките и денешните Македонци. Александар Донски
  11. Спомени. Димитар Влахов
  12. Историја на Балканот. Барбара Јелавич
  13. Histoire de la Grèce moderne. Nikolaos Svoronos
  14. Создавање на македонската нација. Драган Ташковски
  15. Кон македонската преродба. Блаже Ристовски
  16. За Македонцките Работи. Крсте Мисирков
  17. Статија во весник “Македонски Голос“. Димитрија Чуповски
  18. Статија во Весник “Македонија“, (16 Фебруари 1871). Димитар Македонски.
  19. Создавање на македонската нација. Драган Ташковски
  20. „Македонија. Лист за политика и книжевност“, Цариград
  21. Македонскиот полк во Украина“ од Др. Александар Матковски
  22. “Правилник - Устав на македонскиот востанички комитет" од 1878
  23. The Macedonian question. Petko Slaveikov
  24. Самоопределувањето на Македонците. Крсте Мисирков
  25. Весник “Македонски Глас“ бр.1 од 9 Јуни 1913 година
  26. Историја на македонскиот народ. Др. Блаже Ристовски
  27. Македонските Словени од VI до IX век. Др. Орде Иваноски
  28. Македонските Словени од VI до IX век. Др. Орде Иваноски
  29. Документи за борбата на македонскиот народ за независност, Том I. Универзитетска Библиотека “Св. Кирил и Методиј“, Скопје 1985
  30. Документи за борбата на македонскиот народ за независност, Том I. Универзитетска Библиотека “Св. Кирил и Методиј“, Скопје 1985
  31. Историја на македонскиот народ. Др. Блаже Ристовски
  32. Документи за борбата на македонскиот народ за независност, Том I. Универзитетска Библиотека “Св. Кирил и Методиј“, Скопје 1985
  33. Историја на македонскиот народ. Др. Блаже Ристовски
  34. Историја на македонскиот народ. Др. Блаже Ристовски
  35. Попис на населението во Република Македонија од 2002 година
  36. Попис на населението во Република Македонија од 2002 година
  37. Macedonian minorities on the Balkans
  38. The Macedonian people in the Balkans

[уреди] Надворешни врски

Static Wikipedia (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2006 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu

Static Wikipedia February 2008 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu