Берзити
Од Википедија, слободна енциклопедија
Берзити (Брсјаци, Верзити) се словенско племе кое прв пат се споменува под името Верзети или Велегезети во Чудата на св. Димитрија, а во врска со една од опсадите на градот Солун. Во 799 год. словенскиот кнез Акамир заедно со Хеладиките (домашните Грци) прави заговор против византиската царица Ирина. Акамир во тоа време бил независен словенски архон на областа Верзетиjа, а која се наоѓала во Тесалиjа. Присуство на словенски племиња во Тесалија е потврдено и со археолошки наоди од VII-IX век, каде се присустни и голем броj рани словенски топоними.
Содржина |
[уреди] Потекло на Берзитите
Берзитите, како и сите словени во Македонија припаѓаат на јужната словенска група тнр. Склавини. Баварскиот Географ Geographus Bavarus од 9 век ги забележува Берзитите/Верзитите како Vereziti и ги населувале областите на денешна источна Германија, западна Чешка и југозападна Полска, поточно меѓу градовите Бауцен — Ерфурт — Прага — Краков[1]. Во 9 век Берзитите се уште постоеле како засебен етнос во централна Европа и таму имале 10 градови (Verizane ciuitates X).
[уреди] Берзитите
Берзитите заедно со домородното македонско население формирале во 7 век Склавинија т.е. кнежевство.[се бара извор] Познатиот хроничар Теофан Конфесор[2] спомнува дека берзитите, како вазали плаќалаи данок прво на Византија, а од 9 век данокот го плаќала на Бугарија.
[уреди] Односите на березитите со Бугарија
Бугарскиот хан Телериг во 773 г. склучил сојуз со берзитите и присоединил земите им кон Бугарија[3].