Web Analytics

See also ebooksgratis.com: no banners, no cookies, totally FREE.

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Монархија - Википедија

Монархија

Од Википедија, слободна енциклопедија

Монархија (од старогрч. μονος, „еден“ и αρχειν, „владеење“) е државно уредување во кое монарх, обично едно лице, е шеф на државата.

Кај највеќето монархии, монархот има власт доживотно. Моментално постои 31 монархија во 45 земји на светот; разликата во броевите се должи на фактот што шеснаесет држави од Комонвелтот (голема државна заедница) имаат еден суверен, а пак Андора, има два странски монарха (шпански и француски).

Терминот монархија се однесува и на луѓето (особено династијата, наречена и кралско семејство) и институциите кои го сочинуваат кралскиот или царски апарат, или пак на царството со кое владее монархот. Монарсите служат како симболи на континуитет и државност. Денес, фактичката моќ на монархот се разликува од држава во држава. Кај уставните монархии, каде суверенитетот формално е во круната, но политички со 'народот' (обично изборното тело, претставувано во парламентот), монархот обично служи воглавно церемонијални функции, освен во кризни времиња. Многу монархии се вопоставени по традиција или кодифициран закон, па така монархот има мала политичка моќ; во други монархот има некаква моќ, но остварувањето на истата е ограничено од одлуката на народот или првенството; во трети пак, монархот има значајна моќ и може да ја применува без ограничувања.

Монархијата е еден од најстарите облици на управување, и води потекло од раководството на родовските поглавари. Некогаш монарсите сметале дека имаат Божје право на власт, или барем со Божја благонаклоност, владеејќи или по волја на бог(овите) или пак по тврдењето дека самите се отелотворени богови - теократија. Монарсите некаде се одредуваат и со избори (или од големо народно собрание, како германските родовски држави; или пак од мал орган, како кај Светата Римска империја; или со династиско наследување; или со освојување како во Малезија и ОАЕ; или пак комбинација од начини).

██ Уставна монархија ██ Комонвелт ██ Полууставна монархија ██ Апсолутна монархија ██ Монархија во извесни поддржавни ентитети
██ Уставна монархија ██ Комонвелт ██ Полууставна монархија ██ Апсолутна монархија ██ Монархија во извесни поддржавни ентитети

Од 1800 наваму, најголемиот дел на монархии во светот се укинати или припоени, или пак претворени во републики; најголемиот дел од моменталните монархии се уставни. Меѓу малкуте каде владее апсолутна монархија се Бутан, Брунеи, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Свазиленд и Ватикан (папски град-држава, изборна теократија). Во Јордан и Мароко, монархот исто така има значителна моќ. Скорешните настани (2003) во Лихтенштајн се исклучок, каде на кнезот му била дадена уставна моќ да ја разреши владата.

Најстарата монархија на светот е јапонската монархија.

Содржина

[уреди] Видови на монархија

Форми на владеење

Дел од серијалот Политика

Листа на државни уредувања

Непосредна демократија
Репрезентативна демократија
  • Деспотизам
  • Диктаторство
  • Фашизам
  • Феудализам
  • Критархија
  • Критократија
  • Меритократија
  • Монархија
Апсолутна монархија
Уставна монархија
Мешовито управување
Уставна република
Парламентарна република
Социјалистичка република
Капиталистичка република
Портал Политика · уреди

Во апсолутна монархија, монархот има апсолутна власт над секој аспект на државата, ако не и на општествениот живот воопшто, и има моќ да дава и повлекува устав; уставниот монарх е потчинет на уставот како и сите други граѓани, иако во некои случаи има извесни уставни привилегии како неприкосновеност. Современите монархии опстојуваат само во општества со технологија доволна за организација на централната власт, но не доволна за образование и брза комуникација. Стопанската структура на ваквите монархии често е концентрирано богатство, каде најголем дел од населението се земјоделски кметови; или, како кај Заливските монархии, каде социо-економската структира се темели на матерналистички модел, опсипувајќи ги граѓаните со благодети (кои се политички потчинети), а увезувајќи евтин труд од странство.

Изборната монархија уживала популарност во разни држави во северна Европа дури и до Средниот век. Кога Карло Велики бил дете, татко му бил избран за крал на Франките. Станислав бил избран крал на Полска, како и кралот на данска Фредерик I. Оваа традиција е многу стара и сеуште опстојува и денес во изборот Папата.

Во антиката, постоеле разни традиции на избирање на монарси со разни титули, обично со значење на крал, особено во ненаполно заседнати општества како германските родови (пред да имаат постојано кралство на територијата на некогашното Римско царство). Често имало мешаница од спротивставени принципи и интереси, со тоа што владеачката фамилија се стремела да го задржи наследувањето за себе, а нејзин соперник било благородништвото. Фактричкото наследување често зависело од одобрението на народот и/или поддршката на вооружените сили, кои можеле да го менуваат монархот. Кралевите на Македонија и Епир биле избирани од војската (избирачко тело слично на она кај демократијата бидејќи граѓаните морале да служат војска) од машките членови на кралската династија. Во Македонија оваа традиција продолжила се до распадот на царството и потпаѓањето под римска власт по Третата Македонска војна.

Највеќето денешни наследни монарси помалку или повеќе се фигури, со малку моќи, освен церемонијалните должности. Многу се и уставни монарси кои можат да го разрешат парламентот и да свикуваат избори (обично на барање на премиерот). Иако монархот технички сепак може да предлага закони, обичаите на уставната монархија не дозволуваат тоа да се случи, како што не дозволуваат да се применува моќ на начин кој се правел порано, освен воочи уставни, владини или други кризи.

Во некои древни наследни монархии, власта често била во војската, како што можеме да видиме од историјата на Тајланд и Јапонија (каде воениот поглавар, подоцна наследен, наречен Шогун, се развил во де факто монарх, номинално под царот), со (барем) номинално 'премиерска' функција (посебна од шеф на влада), која самата може да стане наследна. Во фашистичка Италија монархијата коегзистирала со фашистичката партија подолго од таквите коегзистенции во Романија или Грција. Шпанија под Франциско Франкоофицијално била монархија, иако немало омнарх на престолот; по неговата смрт, како шеф на држава, Франко бил наследен од Бурбонскиот престолонаследник Хуан Карлос I.

Постоеле и ситуации во кои диктатор се прогласил себеси за монарх на претходна република, така започнувајќи самопрогласена монархија без никакви историски врски со претходна династија. Најпознат ваков случај бил Наполеон Бонапарт, кој се прогласил за прв император (цар) на Французите откога дошол на власт како прв конзул доживотно; очигледна имитација на овој потег бил потегот на Бокаса I во многу сиромашното Централноафриканско царство. Исто така, Јуан Шикаи се крунисал за цар на краткотрајната „Кинеско царство“, неколку години по основањето на Република Кина.

На неколку наврати низ историјата, една иста личност била монарх на неколку посебни независни држави, ситуација наречена лична унија. Империјата традиционално ја владее монарх кој омже да има различни, самоназначени титули, во различните царства во нејзини рамки. Неколку поранешни колонии на Британската империја, како Австралија, Јамајка, Канада, Нов Зеланд и др., сега се независни царства (realms), кои, заедно со Обединетото Кралство, и понатаму признаваат една личност за суверен шеф на држава, со посебна титула во секоја држава (Крал/Кралица на Канада, Јамајка и тн.); овие земји, заедно со Обединетото Кралство, се членки на Комонвелтот. Во други случаи, како Англија и Шкотска, личната унија била претходница на соединувањето на државите. Често личната унија помеѓу државите завршува со целосно одвојување, како на пр. Норвешка, прво во унија со Данска, потоа со Шведска, па на крај како самостојна монархија.

Слично на ова, по 816 години во лична унија со Унгарија, Хрватска во 1918 избрала да се оддели и да влезе во кралството Југославија.

Некои републики може да се рече дека се практично монархии бидејќи имаат воведено де факто наследување за шефот на државата, обично воспоставувајќи 'династија' со тоа што синот (неформално) е назначен за наследник, без уставно да се наречат монархии. Овие држави се републики во теорија, но династички монархии во практика. 'Римската империја' на латински постоела само во територијална смисла, додека правно секогаш била република, теоретски принципатот не бил наследна монархија, па дури и Византија имала републикански одлики. Во XX век, де факто монархии постоеле во Никарагва и Хаити. Денес, формалните уставни републики како Северна Кореја (комунистичка еднопартиска држава) и Сирија се нарекуваат де факто монархии; меѓутоа, едно наследувањ од татко на син без уставен механизам е повеќе наизглед отколку вистинска де факто монархија, следното наследување може да биде одредено од вистинските одредители (мртвиот диктатор не може да диктира), а оваа наследност забележана е и кај демократските републики - но не по стриктна линија како примогенитура - и три или повеќе генерации на династии (како семејството Ганди во Индија), освен што овие владеат само кога нивната партија е на власт. Видете и семејна диктатура.

Иако во теорија монархот е суверен владетел на државата, историте настани често наметнувале покомплицирани ситуации: кога државата го губи вистинскиот суверентет, а внатрешно сеуште има монархиски устав, монархијата станува зависна од поголема сила, како на пр. како феудален вазал под еден сузерен, or или пак во колонијалното доба редефинирано како соучесник во индиректна власт, под врховна власт (како секоја кнежевска држава во Британска Индија). Наследувањата во таква држава зависат од одобрението на доминантната сила, која го задржува правото да симнува од престол (или заменува) нелојални владетели.

[уреди] Наследување

Правилата за наследување на монархот се разликуваат од земја до земја. Кај уставните монархии овие правила се темелат на закон донесен од застапништвото, како да речеме парламент.

Изборните монархии најчесто се претвораат во наследни монархии. Кај наследниот систем, функцијата на монархот е наследна според наследен ред, обично во рамките на тоа кралско семејство, водејќи потекло од некоја династија или крвна линија. Во некои случаи владеачкото семејство се вели дека ја има власта по волја на бог(овите), што може да се види од изразот „по Божја милост“, или пак од други религиозни власти.

Наследниот ред во највеќето европски монархии во XXI век е по примогенитура, што значи дека првиот син (или дете) на монархот е престолонаследник. Моментално постојат полемики за наследните закони на некои монархии како британската, канадската или скандинавските монархии, кои бараат монархот да биде од извесна вероисповест (во Комонвелтот по Актот за престолонаследство 1701). Ова е оспорено заради кршењето на правилата на ЕУ кои забрануваат верска дисквалификација од државни функции, како и за кршење на канадскиот Канадската Повелба на права и слободи.

Историски, наследувањата во зависни држави бараат одобрение од (колонијална или друга) доминантната сила, која има право и да ги симнува (и заменува) 'нелојалните' владетели.

[уреди] Титули како политички исказ

Официјалните титули и звања на еден монарх често ги рефлектираат аспирациите и аспирациите на владата и фактичките историски врски или барања на територии кои повеќе не се во јурисдикција или замреле како политички единици.

Некои титули се облислени со намера да искажат релативен чин, обично повисоки и самодадени, како во случајот на „Крал на кралевите“ и разните еквиваленти, или Типу Султан кој се прогласил за Падшах Бахадур кога ја објавил независноста на неговото муслиманско царство Худадад од могулскиот падишах, што нема друго значење освен 'по чин над падишах'. Некои титули укажуваат на уникатен возвишен чин, дури и универална надвласт, како калиф, но сепак може да има паралелни династии, на пр. огранокот од Умајадите во Кордоба додека ориенталниот калифат бил преземен од страна на Абасидите (во Багдад). Други титули пак носат протоколен чин, па така давање (како награда на лојален вазал) или прогласување (за афирмација) на повисок чин може да значи 'унапредување' без разлика на политичката реалност.

Другите елементи во полното звање може да се однесуваат ан законитоста на престолот, или директно до израз како "по Божја милост," или индиректно со посочување на озаконителна функција, како заштита на офоцијалната религија, на пр. за муслимански владетел со звањето Водач на верните. Протестантските наследници на Хенри VIII во Англија ја задржиле титулата „Бранител на верата“, првично дадена од Папата на Хенри VIII пред 'поништувачките кризи' да доведат до Англиканската шизма.

Така, Елизабета II е „по милост божја, Кралица“ на 15 од 16-те нејзини царства, каде само Папуа Нова Гвинеја не ја ставаат таа фраза во титулата. За време на транзицијата на Шпанија во уставна монархија под водство на Изабела II, нејзиното звање се променило од 'Долгиот облик', во кој стоело „по милост Божја“ и околу 20 држави, во „По божествена милост и уставот, кралица на Шпаниите“.

Кралевите и кралиците на Англија и Велика Британија ја задржале титулата Крал на Франција сѐ до унијата со Ирска, кога се формирало Обединетото Кралство во 1801, за време на Џорџ III. Кралевите и кралиците на Шпанија задржале долга листа на кралства, во која не спаѓала Шпанија сѐ до Изабела II во 1837. Во 1987 министерскиот совет го ополонмоштил Хуан Карлос I, кралот на Шпанија, да ги користи и „историските титули“, вклучувајќи ја и крстоносната титула-реликвија Крал на Ерусалим, која се пренесувала низ неколку династии, од кои ниедна немала никаква власт во тоа место.

[уреди] Падот на монархиите

МОнархиите можат да го доживеат својот крај на неколку начини. Тоа може да биде со револуција во која монархијата се руши со преврат; или, како во Италија, избирачкото тело решава да формира република со уставен референдум. Во некои случаи, како со Англија и Шпанија, монархијата е срушена, но потоа вратена. По абдикацијата на Наполеон I, која му ставила крај на Првото Француско царство, французите ја вратиле на функција династијата Бурбони која била исфрлена во републиката во чии рамки Наполеон го создал царството. Истовремено, неговото царствување било „оживеано“ вон Франција, бидејќи за него било создадено кнежевство-„златен кафез“ на островот Елба, па така во извесна смисла and an emperor without an empire.

Зависните монархии биле укинати од нивната доминнтна сила, од причини за наполно анектирање, цепење или спојување со друга. Во Уганда, на пример, локалните родовски монархии боле укинати кога земјата станала унитарна држава.

Најскоро укината монархија е Комонвелтската монархија Маврициус во 1992. Во 1999 во Австралија се изгласало зачувување на монархијата под Елизабета II.

Земјите може себеси да се сметаат за монархии дури и без фактички монарх на празниот престол, како Шпанија од 1947 до 1975, и Унгарија од 1920 до 1946.

Личноста која се зема во предвид како иден монарх во случај на реставрација на монархијата (или кој вели дека е легитимен наследник на престолот на тргнат монарх) се нарекува претендент, но поимот важи и за сопернички барател за веќе пополнет престол, како неколкуте руси кои истовремено тврделе дека се цареви.

Видете и укината монархија за листа на скоро укинати монархии.

[уреди] Необични монархии

Понекогаш, составните делови на федератицни држави се монархии, иако федералната држава во целина не е; за ова се пример секој од емиратите кои ги сочинуваат Обединетите Арапски Емирати имаат свој монарх (емир). Друга уникатна ситуација е таа на Малезија, во која федералниот крал, наречен Јанг ди-Пертуан Агонг или Врховен владетел, се избира секои пет години од наследните владетели (главно султани) на девет составни држави, сите на Малајскиот полуостров.

Покрај црковната улога како Врховен понтиф ан сите Католици, Папата е екс официо апсолутен монарх на Ватикан, последниот вистински суверен Кнез на црквата. Него го одбира Колегијатот на кардинали од своите членови. (бидејќи епископите се безжени, наследство неможе да постои) Покрај ова, папството понекогаш било во контрола на некои моќни италијански семејства. Затоа неколкумина папи ги имаат наследено блиски роднини.

Андора е единственото сокнежевство на светот: има два кнеза: бискупот на Ургел во Шпанија (така кнез-бискуп), и претседателот на Франција—уникатен случај каде монархот на една независна земја демократски се бира од граѓаните на друга земја, што не е ни наполна лична унија.

Од 1947, царевите на Јапонија не владееле ни како суверени, ниту како де јуре шеф на држава. Царот Хирохито му ја отстапил сувереноста на народот накратко по Втората Светска војна, а јапонската монархија е обврзана од врховен закон наместо од уставотворно собрание по прописите на Уставот на Јапонија.

[уреди] Видете исто така

[уреди] Извори, наводи и надворешни врски


Static Wikipedia (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2006 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu

Static Wikipedia February 2008 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu