Тиранија
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Серијал за Политика: |
---|
|
Подсерии од Политика |
|
Зборот Тиранија има голем број значења како на пример: облик на владеење што е најчесто употребуван. Ние ке се задржиме на претходно наведеното за да видиме зашто е важно за политиката, пред се за општеството. Овој облик на владеење бил проучуван и објаснуван уште од Ксенофон и Платон, потоа Николо Макијавели, а применуван и од Адолф Хитлер.
Уште Платон го поставил, односно ја поставил тиранијата како облик на владеење кое што настанува поради демократијата зашто според него од преголема слобода на мнозинството настанува хаос во општеството при што доаѓа до ропство на сите. И токму поради тоа што демократијата ја сметал за главен „виновник“ за појавата на тиранијата, Платон имал негативно мислење за неа.
Понатаму и Ксенофон во своето дело „Хиеронт” или „За тиранинот“ ни ги опишува карактеристиките на еден претставник на тиранијата. Ксенофон вели дека тиранинот е во очајна позиција, бидејќи како што ја зголемува својата способност така оние кои што се приврзани кон него полека стануваат негови непријатели. Поради мислењето дека „оној кој се преправа дека најмногу те сака, сонува најмногу завери“, тиранинот не смеел да верува дека е сакан од некого. Тираните се всушност робови. Ова го велам тргнувајќи од фактот дека обичниот човек може да се движи каде сака без страв дека ке биде убиен, а тиранинот,без разлика кој тиранин, во било која земја се чувствува како во непријателска. Обичниот човек може да ја менува својата положба, а тиранинот неможе бидејќи се плаши од смрт, односно од ликвидација. Тиранинот не ужива во јадењето толку колку што ужива обичниот човек, бидејќи храната ја има во изобилство. Тираните имаат поголема доверба во странците, отколку во сопствените граѓани, бидејќи ги држат во ропство. Тираните поставуваат стража насекаде околу себе бидејќи сите околу себе ги сметаат за непријатели. Меѓутоа важно е да се напомене дека тиранијата не е карактеристична само за еден владетел, односно само еден да биде владетел. Може да има и случај во кој власта ќе има една група во општеството од која што ќе биде злоупотребувана за остварување на сопствени цели на сметка на народот. На ваков облик на тиранија наидуваме и денес во некои држави каде што власта е претставена како демократска. Точно е дека народот ги избира неговите водачи, но за жал тие водачи искористувајќи ја довербата на народот секако се заинтересирани за свои цели.
И Николо Макијавели, еден од најпознатите италијански мислители во 16-от век на еден посебен начин ни го претставува тиранинот во делото „Владетелот” напишано во 1513 година. Во ова дело владетелот според Макијавели е должен во секое време да прави зло со цел да ја обедини државата и да ги искористи сите средства за нејзина заштита. Во тој контекст идејата да се обедини државата би била до некаде во ред, но да се искористи народот за да се дојде до врвот во власта и потоа искористување на таа авторитативна положба за свои цели е апсолутно погрешно.
Отсекогаш тиранијата била претставувана како лоша слика која е карактеристична само за оние најглобалните. Денес тиранијата ја среќаваме во многу облици и на многу места. Сè повеќе се чини дека таа им одговара на луѓето затоа што ретко се јавува некој кој сериозно би се побунил против неа или пак можеби не е баш најомилена и гневот кон неа можеби неможе сеуште да биде искажан поради недоволната храброст. Во секој случај ова беше една кратка претстава за тоа што претставува тиранијата и какво е мислењето за неа од минатото па сè до денес.