Македонско-римски војни
Од Википедија, слободна енциклопедија
Илирски и Македонско-римски војни |
---|
Илирски - Прва - Втора - Трета - Четврта |
Македонско-римските војни биле низа од вооружени судири со Рим за време на и по Втората Пунска војна, на источното Средоземје, Јадранот, и Егејот. Заедно со Пунските војни, резултирале во римска власт или влијание врз целото Средоземје.
Содржина |
[уреди] Прва Македонска војна (215 - 205 п.н.е.)
Прва Македонска војна |
---|
Прва Ламиска - Втора Ламиска |
За време на Втората Пунска војна, македонскиот крал Филип V се сојузил со Ханибал. Плашејќи се дека македонците ќе му дадат засилување на Ханибал, Рим испратил војска преку Јадранот. Римските легии (помогнати од сојузници од Етолската лига и Пергамон по 211 п.н.е.) извршиле само некои престрелки против Македонците и зеле само мала територија по јадранското крајбрежје во „борба против пиратството“. Римјаните не биле заинтересирани да освојуваат, туку да ја држат Македонија, грчките полиси и политичките лиги внимателно поделени и незаканувачки. Војната завршила нерешено во 205 п.н.е. со Фојнишкиот мировен договор. Иако ова бил мал судир, ова на Римјаните им отворило пат за освојување на Македонија и Грција.
[уреди] Втора Македонска војна (200 - 196 п.н.е.)
Втора Македонска војна |
---|
Киноскефали |
Во 201 п.н.е., амбасадори од Пергамон и Родос поднеле докази пред Римскиот сенат дека Филип V и Селевкидскиот цар Антиох III потпишале пакт за ненапаѓање. Иако некои учени сметаат дека овој „таен договор“ бил измислен од Пергамон и Родос, ова предизвикало римјаните да ја започнат Втората Македонска војна, со помош на грчки сојузници. Ова бил нерешавачки судир сѐ до римската победа во битката кај Киноскефали во 197 п.н.е. По Темпејскиот мировен договор, на Филип V му било забрането да се меша во работите на своите соседи, услов до кој се држел до крајот на животот. Во 194 п.н.е. Римјаните ја прогласиле Грција за „слободна“, и сосема се повлекле од Балканот. Изгледало дека Рим немал повеќе интереси во регионот.
[уреди] Селевкидска војна (192 - 188 п.н.е.)
Римско-сириска војна |
---|
Термопили – Евримедон – Мионес – Магнезија |
По Втората Македонска војна, членките на Етолската лига биле незадоволни од големината на територии одземени од рим како „награда“ за помошта. Така, тие го „поканиле“ царот на Селевкидска Сирија, Антиох III да им помогне во ослободувањето на Грција од „римско угнетување“. Антиох пратил мал број единици во 192 п.н.е., а пак Рим како одговор ги вратил легиите во Грција, истерувајќи ги неговите војници.
Антиох исто така го засолнил Ханибал. Како негов воен советник, Ханибал го посоветувал кралот да не влегува во Грција со толку малку војска, но советот не бил прифатен). Рим пратил 30,000 војници под команда на Скипион Африкански во Мала Азија за да го пресретнат Антиох. Откако дознал дека римјаните одат кон него, Антиох имал два непријатни избора. Или морал да се предаде на срамен начин, и да избега назад во Азија или да се соочи со римјаните на географска позиција која е нмепогодна за побројната римска војска. Антиох се решил за второто, па ги избрал Термопилите. Тој набргу бил закрилен од римската војска, токку како што Спартанците биле закрилени од Персијците пред 300 години. Ова резултирало со римска победа во Термопилската битка (191 п.н.е.) и битката кај Магнезија (190 п.н.е.). Заради овие победи, Антиох бил приморан да го потпише Апамејскиот мировен договор (188 п.н.е.), отстапувајќи Селевкидска територија на Рим и Пергамон, и воени оштети од 15,000 таленти сребро.
[уреди] Трета Македонска војна (172 - 168 п.н.е.)
Трета Македонска војна |
---|
Каликин – Пидна |
Со смртта на Филип во Македонија (179 п.н.е.), неговиот син, Персеј, се обидел да го врати македонското влијание на меѓународната сцена, и агресивно тргнал кон соседите. Кога било кажано дека Персеј е вмешан во заговор за атентат против сојузник на Рим, сенатот ја објавил Третата Македонска војна.Во неа на страна на Македонци учествуваа Илирите со нивниот крал Гентиус и тракиското племе Одриси . Првично Рим бил неуспешен во спротивставувањето на македонската војска, но во 167 п.н.е., римските легии под водство на Конзул Павле Емилиус ја разбиле слабо покретна Македонската фаланга во битката кај Пидна каде загина над 18.000 македонски војници. Подоцна Персеј бил заробен и заедно со семејството убиен во Рим, 250.000 становници се одведни како робови во Рим и римски провинции, поголем дел на градови се разорени а кралството Македонија било поделено на четири марионетски републики во кои се населени римски легионари.
[уреди] Четврта Македонска војна (150 - 148 п.н.е.)
Четврта Македонска војна |
---|
Пидна (148 п.н.е.) |
Неколку години потоа владеел мир, сѐ до востанието на Андриск, кој тврдел дека е син на Персеј. Рим повторно пратил легии, и го задушил востанието. Овој пат римјаните не се повлекле од регионот, формирајќи ги регионите Ахеја, Епир and Македонија, и со тоа воспоставиле постојана власт во регионот.
Ова поттикнало востание кај членовите на Ахајската лига. Лигата набргу била поразена, и, за поука, Римјаните го срамниле со земја стариот град Коринт во 146 п.н.е., истата година во која била уништена Картагина. Со ова завршиле Македонско-римските војни, и независноста на народите во регионот.