Втора пунска војна
Од Википедија, слободна енциклопедија
Пунските војни биле серија од три војни помеѓу Рим и Картагина водени помеѓу 264. и 146.г.п.н.е.[1] Тие се познати како Пунски војни според латинското име (punici, poenici) за претците на картагинците - феникијците.
Втората пунска војна (218.-201.г.п.н.е) е најпозната по тоа што Ханибал ги минал Алпите со карван од слонови и од север ненадејно навлегол во Римското царство. Но тој всушност не ја постигнал целта - да го освои градот Рим и конечно да го порази.
Ханибал знаел дека римјаните имаат слаба коњица, затоа развил силна коњичка војска, која била главен фактор на успех врз римските легии.[2]
На почетокот, војната се одвивала на три места: во Италија, кајшто Ханибал неколку пати ги победил Римските легии, во Хиспанија кајшто брат му на Ханибал, Хасдрубал Барцид, ги бранел Картагинските колонијални градови со променлив успех, се додека конечно не се повлекол кон Италија, и во Сицилија, кајшто Римјаните оствариле воена превласт.
Додека се бореле со Ханибал во Италија, Хиспанија и Сицилија, Римјаните воделе и војна против Македонија. Подоцна, војната со Картагина продолжила во Африка, кајшто Картагина била поразена во Битката кај Зама од Сципион Африканецот. Крајот на војната го означил и крајот на Картагинското царство - нејзината моќ била ограничена само на градот Картагина.
Во 219. Ханибал Барцид го нападнал Сагунтум во Хиспанија, град сојузник на Рим, што било повод за Втората Пунска војна. По нападот на Сагантум, Ханибал ги изненадил Римјаните во 218. кога директно ја нападнал Италија. Тој предводел голема платеничка војска, составена главно од Гали, Хиспанци и Нумидијци, и околу 36 афрички слонови преку Алпите. движејќи се од Алпите на север кон Рим на југ ги победил римјаните во неколку битки: кај реката Требиа(218 п.н.е), Тразименското Езеро(217г. п.н.е) и Кана(216г. п.н.е). Ненадениот напад преку Алпите имал двоен ефект: иако ги победил римјаните во неколку битки, поради студот и тесните планински патишта, Ханибал ги загубил слоновите и опсадните оружја, што го оневозможило да го опсади и освои Рим.
Поради ова, како и поради слабата поддршка што ја добивал од Картагина, Ханибал не бил во можност да ја заврши војната со успех, и таа продолжила уште 16 години без конечен резултат.
Во Хиспанија, еден млад Римски командант, Публиус Корнелиус Сципион успеал да ги победи Картагинските сили предводени од Хасдрубал. Напуштајќи ја Хиспанија, Хасдрубал се повлекол преку Алпите во Италија за да му се придружи на Ханибал. Но, неговото напредување било попречено од римските војски, бил опколен и убиен.
После зацврстувањето на позициите во Хиспанија, Сципион се заканувал да ја нападне и самата Картагина. Поради тоа, Ханибал во 203. се вратил во Африка за да го брани градот. Во Битката кај Зама во 202. Римјаните конечно го победиле Ханибал во отворена битка, и Картагина била принудена да склучи мир под понижувачки услови: откажување од странските колонии, плаќање на големи отштети и забрана за создавање на сопствена војска и морнарица.
[уреди] Видете и:
[уреди] Референци
[уреди] Надворешни врски
- Punic Wars Timeline
- Holst, Sanford "War and Peace" this academic paper shows the descent into Punic Wars, and addresses division of power between Europe and Africa.