Александар Донски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Александар Донски е литературен преведувач, раскажувач и историчар.
Роден е во ноември 1960 година во Штип, во уметничко семејство. Основно и средно образование завршил во Штип, а дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на групата Историја на уметноста со археологија.
Александар Донски има објавувано бројни написи во повеќе списанија и на различни теми. Автор е на неколку документарни радио емисии. За својата работа има добивано и награди. Повеќе години соработувал со „Народна Волја“ од Благоевград, „Македонско Сонце“ од Скопје и „Австралиско - македонски неделник“ од Мелбурн.
[уреди] Објавени книги
- Јапонскиот печат за Илинденското востание (1987)
- Фолклорното богатство на Штип (1989)
- Натприродни огласи (1994)
- Што ќе нѝ се случи по смртта? (1995)
- Морбидни раскази (1996)
- Судбина (објавена на бугарски во Софија, 1997)
- Етногенетските разлики помеѓу Македонците и Бугарите (2000)
- Исус Христос и Македонците (2000)
- Уделот на Македонците во светската цивилизација (2002)
- Античко - македонското наследство во денешната македонска нација (2000)
- Денешните потомци на Самоиловата царска династија (2004)
- The descendents of Alexander the Great of Macedon (Shtip, Sidney 2004)
- Сведоштва за Илинденскиот период (заедно со Атанас Кирјаков од Благоевград, 2005)
- The genealogical lineage between queen Elizabeth II and the medieval Macedonian czar Samuel (Shtip/Sidney, 2005)
- Македонското потекло на некои од американските претседатели (2006)
- Сите светители од Македонија (2006)
- Денешните потомци на античко-македонската царска династија (2007)
- Византиски цареви од македонско потекло (2007)
- Тајната на бакарната книга (2007)