Македонски Словени
Од Википедија, слободна енциклопедија
Македонските Словени со историско име Славини или Склавени, се посебна словенска етничка група и се различни од тнр. бугарски Словени - Антите и српската словенска група.
Според средновековните хроничари, словенскиот народ (gens) го сочинувале следниве словенски племиња во 7 век: Драговити, Сагудати, Велегезити, Венити, Брсјаци, односно според оригиналниот запис на латински јазик: Sclavenorum gens numero infinito ex Dragobitas, Sagodatis, Belegeretis, Baenitis, Berzitis, reliquisque, quae primum uno ex ligno naves praeparare diciderant. (извор:Livius XLV. 29).
Славините ги населиле териториите на денешна етничка Македонија, чии етнички граници се простирале:
- на исток до реката Места,
- на запад до Jадранско Море,
- на север граничеле со српско-хрватската група ( Косово)
- додека на југ отишле се до Пелопонез;
- на исток од р. Места (источно од пиринска Македонија т.е. Бугарија), се населиле Aнтите-Северјаните.
[уреди] Словените и Антите
Византискиот хроничар, Прокопиј од Ќесара вели „овие две нации, Словени и Анти живеат во демократија“ (Procopius of Caesarea : Wars VII 14.22); македонските Словени и бугарските Анти биле два, но сродни народа.
Воедно, Антите и Словените биле непријателски настроени едни кон други, дури меѓу нив избувнала и војна во која победиле Словените ("Христоматия по история на България", стр. 57). За да ја зајакне Византиската моќ, императорот Јустинијан ги вооружувал Словените против Антите (тнр. бугарски „словени“) кои во подолг временски период биле големи непријатели ( "История на българската държава през средните векове", том I, София, 1970 г. стр. 41).