Санстефански Договор
Од Википедија, слободна енциклопедија
Санстефанскиот Договор е договор помеѓу Руското Царство и Отоманската Империја склучен на крајот од Руско-турска војна (1877-1878). Бил потпишан на 3 март 1878 во Сан Стефано, село западно од Истанбул, од страна на Никола Павлович Игнатиев и Александар Нелидов од страна на Руското царство и министерот за надворешни работи Сафет Паша и Амбасадорот во Германија Садулах Беј од страна на Отоманската Империја.
Со договорот всушност се воспоставила Санстефанска Бугарија како независна држава. Денот на потпишувањето на овој договор во денешна Република Бугарија се слави како национален ден на ослободување.
Содржина |
[уреди] Последици од договорот
[уреди] Бугарија
Со договорот се воспоставува автономна област во рамките на Отоманското Царство со широки овластувања, Христијанска управа и право на сопствена армија. Оваа територија го опфаќа просторот помеѓу Дунав и планинскиот масив Стара Планина, регионот на Софија, Пирот и Врање во долината на Морава, Северна Тракија, делови на Источна Тракија и речиси цела Македонија (Член 6 од договорот).
Принц избран од народот, потврден од страна на Отоманската империја и Големите сили ќе управува со територијата. Совет на видни луѓе ќе дадат предлог на Устав (Член 7). Воените трупи на Отоманската империја ќе се повлечат од оваа територија, додека Руската воена окупација ќе продолжи во следните две години (Член 8).
[уреди] Црна Гора
Согласно договорот , Црна Гора речиси двојно ја зголемува својата територија за сметка на Отоманската Империја, при што и се преклучени Никшиќ, Подгорица и Антивари (Член 1). Отоманската империја ја признава нејзината независност (Член 2).
[уреди] Србија
Србија ги припојува Моравските градови Ниш и Лесковац и станува независна држава (Член 3).
[уреди] Македонија
Поголемиот дел од Македонија влегува во состав на Санстефанска Бугарија.
[уреди] Романија
Отоманската империја ја признава независноста на Романија (Член 5).
[уреди] Русија
Во замена за воена репарација, Отоманската империја и ги отстапува на Русија Кавкаските територии, вклучувајчи ги Батуми и Карс, како и Северна Добруџа, која Русија и ја отстапува на Романија за замена на Југозападна Бесарабија (Член 19).
[уреди] Отоманска Империја
Отоманската Империја ветува реформи за Босна и Херцеговина (Член 14), Крит, Епир и Тесалија (Член 15).
Морските теснеци Босфор и Дарданели — се декларираат за отворени за сите неутрални бродови во војна и мир (Член 24).
[уреди] Реакции
Големите сили не биле задоволни со проширувањето на Русија, додека Србија и Грција биле незадоволни од воспоставувањето на Голема Бугарија. Ова незадоволство подоцна довело до одржување на Берлинскиот конгрес 1878 година.
Романија, која дала голем допринос на страната на победниците во војната, била крајно разичарана од договорот. Јавноста во Романија гледала на договрот како предавство од страна на Русија, која го прекршила Руско-Романскиот договор пред започнувањето а војната, со кој се гарантирал интегритетот на Романската територија.
[уреди] Види исто така
- Историја на Македонија
- Историја на Бугарија
- Историја на Руската Империја
- Историја на Отоманската Империја
- Историја на Србија
- Историја на Црна Гора
- Историја на Босна и Херцеговина