Австро-Унгарија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Царство |
|||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||
Химна: Volkshymne | |||||||||||||||||||||||||||||
Местоположба на Австроунгарското Царство во 1913 | |||||||||||||||||||||||||||||
Главен град | Виена, Будимпешта | ||||||||||||||||||||||||||||
Јазик(ци) | германски и многу локални јазици (пр. чешки, словенечки) во Цислејтанија унгарски и латински во Унгарија |
||||||||||||||||||||||||||||
Религија | Католици | ||||||||||||||||||||||||||||
Управување | Монархија | ||||||||||||||||||||||||||||
Цар | |||||||||||||||||||||||||||||
- 1848-1916 | Франц Јозеф I | ||||||||||||||||||||||||||||
- 1916-1918 | Карл I | ||||||||||||||||||||||||||||
Историја | |||||||||||||||||||||||||||||
- Компромисот од 1867 | 29 мај, 1867 | ||||||||||||||||||||||||||||
- Независност на Чехословачка | 28 октомври 1918 | ||||||||||||||||||||||||||||
- Независност на Кралство СХС | 29 октомври 1918 | ||||||||||||||||||||||||||||
- Распад | 31 октомври, 1918 | ||||||||||||||||||||||||||||
Површина | |||||||||||||||||||||||||||||
- 1910 | 676.615 km2 261.243 sq mi |
||||||||||||||||||||||||||||
Население | |||||||||||||||||||||||||||||
- 1910 est. | 51.390.223 | ||||||||||||||||||||||||||||
Густина | 76 /km² 196,7 /sq mi |
||||||||||||||||||||||||||||
Валута | Гулден Круна (од 1892) |
||||||||||||||||||||||||||||
|
Австро-Унгарија (на германски: Österreich-Ungarn, на унгарски: Osztrák-Magyar Monarchia) е поранешна монархија, односно позната и како Двојна Монархија, која се состоела од два дела - Цислеитанија (западниот дел) и Транслеитанија (источниот дел). Императорот на Австрија истовремено бил и крал на Унгарија. Оваа монархија постоела во периодот од 1867, кога Унгарија добила можност за автономија во рамките на империјата се до нејзиното и распаѓање во 1918 година, односно пред завршувањето на Првата Светска војна, Австро-Унгарија била втората по големина држава во Европа, веднаш по Руската империја и трета по население по Руската и Германска империја. Во составот на империјата живееле германци, италијанци, унгарци, хрвати, словенци, срби, руси, романци и.т.н.
[уреди] Историја
Австро-Унгарија била создадена во текот на 1867 година како резултат на реформите кои биле превземени во рамките на дотогашната Австриска империја, која од своја страна пак својата историја започнала да ја гради од 14 век. Во 1914 година, односно во Првата светска војна, влегла во составот на Централните сили заедно уште и со Германија, Турција и Бугарија.
Во текот на Првата Светска војна Австро-Унгарија ја имала една од најсилната пешадиска армија. Биле мобилизирани околу 9 000 000 војници. Австро-Унгарија во текот на војната била ставена во најлоша положба бидејќи истовремено требала да војна на 4 фронта - Јужен Балкански (Солунски), Романски, Источен (руски) и Италијански фронт. Во почетокот забележала големи успеси.
[уреди] Императори
На врвот на Австро-Унгарија стоел австрискиот император кој бил и унгарски крал. Тој се служел и со други титули, како крал на Бохемија, или крал на Чешка). Хабсбургите се основната династија која владеела со империјата:
• Франц II (1804 – 1835), кој истовремено бил и унгарски крал но под името Ференц I (1804 – 1835)
• Фердинанд I (1835 – 1848), кој истовремено бил и унгарски крал но под името Фердинанд V (1835 – 1848)
• Франц Јосиф (1848 – 1916), кој истовремено бил и унгарски крал
• Карл I, кој истовремено бил и унгарски крал но под името Карл IV (1916 – 1918)
[уреди] Распаѓање на империјата
Истовремено, со поразот во војната, Австро-Унгарија како еден од условите била со сила распарчена од страна на Антантата (ноември 1918 г.). Како главната причина се гледа во стравот на Антантата овие две земји многу брзо да закрепнат од војната, со кое повторно би се создала можеби и уште посилна земја од тогашната Австро-Унгарија.
Шаблон:Унгарија-ист-никулец
Шаблон:Словачка-ист-никулец
Шаблон:Словенија-ист-никулец
Шаблон:Чешка-ист-никулец